...Пред некој читав на еден српски форум, дека доколку стагнираш подолг временски период треба да се намали на количината која се внесува... А, за ајварот јас искрено и во протеин и во скроб го јадам...
5 ден протеински доручек: малку гројзе и 1 јаболко -измешав ручек: пилешко ,малку печурки, салата од зелка и 1 парче црн леб вечера: 1 чаша од 250 мл јогурт
Од вторник мора и јас да ја почнам... и така на работа до 5 сум секој ден, а нема шанса таму да јадам месо, до тогаш само овошје и сок ако неможам да издржам, а дома околу 6 тоа што е испланирано, па да видиме... Редно е...
13/90 доручек - 2 јаболки ручек - омлет со печурке и малку сирење и свежа салата од домати и краставица вечера - свежа салата со сирење,без омлет Нели е дозволена оваа комбинација?
Омлетот ти е прженица, а пржениците не се дозволени.Одбегнувај ги ваквите комбинации, подобро варени јајца јади. 55ти ден- скробен појадок: 1 банана ручек: чинија грав со суви, везени, мелени пиперки, салата вечера: половина од ручекот
1/91 Протеински: Доручек:едно јаболко и 2-3 парчиња лубеница. Ручек:две јајца варени и салата од краставици. Вечера:едно јајце варено и некоја салата. Плус:едно горко кафе без шеќер и ќе пијам едно нес 3 во 1 сеа . Инфо плус: Нема да го ограничувам внесот на нес кафе зошто се слабее и без и со него, можеби поспоро, ама се слабее. Нема ни којзнае колку млеко во него од кесичка, така да не е страшно.
6 ден скробен доручек : 1 големо јаболко ручек : рижото со малку златна мешавина и зелка салата и 1 морков вечера: ми остана малце од рижотото ке го дојадам покасно Јас секој ден си пијам кафе или турско или нес без шекер ,такво го пијам секогаш. Исто така пред спиење ми се случува и чај од нане да се напијам.
Кафето точно нема да те ослабе ниту да те здебеле точно е дека ќе го забаве процесот на слабеење а тоа всушност заради лошото влијание на кафето врз метаболизмот .. може си слушнала некој викат дека му забрзува метаболизмот но тоа не е точно всушност млекото го прави тоа доколку пијат нес кафе а ова подобро ми го објасни нутриционистот каде што одам и ми комбинира храна и тој го користи режимот како оваа диета без да се мешаат продуктите како скроб и протеини
ЈХ 90 Доручек: две јаболка Ручек: торта, големи две парчиња Вечера: пак ќе биде нешто благо Откога станав сабајле ме мава некоја си нервоза, дали дека сум ПМС, незнам, едвај чекав да дојде два часот да ручам, и што, ТОРТА! Ме мава некоја криза за благо ќе се убијам, а знам дека и вечер нема да се контролирам со благово, како некој наркоман ми се тресат раце и нозе за благо денес. Се осекам како 5 кг да имам накачено. Ама ајде утре овошен и од понеделник продолжувам со ун диетата што е за одржување, барем нема да имам толку често ЈХ денови, на секој 5 ден мислам дека беше ЈХ. Во понеделник пишувам резултати од УН диетава.
Незнам дали е до ПМСто или до нешто друго но и јас денеска ја прекршив диетата со благо неможев многу ми се јадеше и си каснав Од утре продолжувам понатаму т.е. веројатноста да ја прекршам и утре е мнгоу голема зошто сум на гости од сабајле т.е. на прасе сме поканети но од понеделник сигурно ....ВЕТУВАМ !!!
Салата ми беше туршија, карфиол и морковчиња јадев уз јајцето, јајцето без сол го јадам, така чисто. И тоа е тоа за денеска, реков да допишам да имам преглед, а и ако може предлог во кој програм да правам табели за се што сум јадела?, ајде диеталки, така сум организирана и мотивирана се надевам ништо нема да ми го попречи патот...
Немам правено табели, мојата евиденција е овде на форумот ама еве што имам читано другите прават табела во Microsoft Office Excel. Или пак можеш и во тефтер, тетратка... да си водиш евиденција. Јас на празен бел лист имав испишано сите 90 дена и на крајот од денот чкртнував минус еден ден Денес го пречкртав 90 ден Утре ми е последен 91-овошен.
Ја спомнав странава во еден претходен пост, ама ќе ја пишам повторно. Јас секој ден внесувам се што сум јала на http://www.fitday.com Многу ми е практична странава. Ги има сите јадења, значи си внесуваш што си јала , а потоа и количина па ти пресметува калории. Можеш да си ставиш weight goal, па ти пресметува колку калории треба да внесубаш дневно за да ја постигниш целта, колку витамини внесуваш , ама буквално се. Многу сум задоволна од странава бидејќи станав свесна што се јадам со неа. Ангел-Харт бравос за истрајноста што си издржала 90 дена Чекаме во следен пост да ни ги кажеш резултатите.
јас издржав со мм 90 дена до 22 септември немавме водени денови и ослабнав 8 кг ама сум презадоволна пауза правев до вчера и сега пак ја почнувам ама без мм не ми се чекаат 90 дена на одржување зашто имам ептен многу кг за губење се надевам дека во новите 90 дена ке успеам да симанм повеке од 8 кг оваа диета т.е. овој начин на исхрана многу ми одговара со помош на неа за овие 90 дена успеав да се изборам со цин 1 кој за првпат во животот го добив летово на папот од јуни ми се покажа на почетокот од месецов направив втор ПАП тест и цинот го немаше денеска значи 2/91 доручек: диња ручек: ѓувеч со салата вечера: исто ѓувеч но без салатата
имам читано во некои претходни постови дека после 90 дена држење на ун диетата се продолжува со сличен начин на исхрана со следниов редослед: 1. протеински 2. скробен 3. скробен 4. протеински 5. јаглехидратен 6. овошен за појадок се јаде овошје, а за ручек и вечера не мора истото јадење како ручекот (пр. ако за протеинскиот ден е месо за ручек, за вечера може јајца). овој режим се држи исто 90 дена и би требало со него да се симнат уште толку кг колку ѓто веќе имаш симнато. Среќно
KalaV во ред тоа, направив и акаунт, ама не знам кај да вметнам што сум јадела.. Ај преку ЛП ако можеш одговорими ако можеш за да не ја полниме темава.
Можеш да го замениш нес кафето 3 во 1, со обично класик кај што можеш да додадеш млеко од соја во прав (имаш со вкус на ванила и “чоколадо“ читај какао, засладени со фруктоза)