Поздравете ја новата диеталка! Еве и јас ви се придружувам на дружината па да видиме до нова година што ќе стопиме. И бидејки сум очајна да го тргнам салцево прееска отворив ексел и направив цела табела распоред за тоа што ќе го конзумирам оваа недела Ќе бидам up to date со вас женски, оти морам некако колективно ова диетиштево да го држам, иначе сум осудена на пропаст P.S. Eве дури и си наместив бројач во потписов.. ммм.. сериозна сум овој пат!
28 ден овошен доручек: 2 јаболка ручек и вечера : 1 јаболко, 1 мандарина ,1 портокал, 2 суви сливи, 5 смокви, 5 урми, сончоглед и семки од тиква по малце непечени и без сол. Ова го рапсоредив на 5 ,6 пати така да таман ми се фати Леле дечки утре ми е воден ден некако незнам дали ке издржам цел ден на вода и чај. Ке се потрудам ,а ако не,можно е да си сварам супа без резанци или пак да си исцедам црвен цитрон. Се надевам дека ке се издржи .
Mene koga ke mi dojde ovosen den mi e strav i uzas, zatoa sum si tromava zasto ne jadam ic ovosje, zimi samo praski vo zivotov Kako da si go napravam ovosniot den pointeresen i "posladok"
Samo napred! I jas sum na ovaa dieta. Si pijam plus kirkolina cajce i plus tretmani vo trend as od grouper za 2000 denari i ke se sredime!!
78ми ден- овошен Одамна не сум имала волку тежок, цревокркоречки ден. Појадував банана. Потоа јадев салата од краставица, па малку кисели краставички. Каснав малку ајвар по некое време, па 2 јаболки. Мртва гладна сум, се мислам што да каснам. Ми доаѓа да си направам еден сендвич со сиренце и патлиџанче. Ќе рендам зелка сега, јебига
52 ден Овошен - најуспешно издржан досега Д = 1 банана Р = 1 банана и околу 70гр непечени бадеми В = 1 калинка и 2 суви урми (сега вечерав и воопшто не чувствувам денес никаков глад, ако до вечер ми се пријаде имам 1 домат па тој ќе го лапнам) Во меѓувреме испив и 1 чаша цедевита, 1 шоља чај и 3во1 нескафе макијато (знам последново не ми требаше ама колоквиумска недела ми е, учам по цел ден и ми требасе нешто за концентрација )
29 воден ден денес МУШКИ издржав Само тоа ке кажам. Одвај чекам да дојде утрешниот ден, па да се изнајадам
24/91 ОВОШЕН. Појадок: пола цитрон Ручек: едно јаболко Измеѓу неколку парчиња цвекло од тегла. Вечера: една банана, 5-6 урми, една мандарина. Тоа е тоа за денес, утре протеински.
2 ден Скробен: П- 2 јаболка и нескафе (3 во 1) Р- варени компири со вегета и салата. В- костени варени (знам дека не требаше ама ете бидна) Утре јаглехидратен, уште од сега ги мислам макароните. Да ви кажам еден рецепт за нив како ги правам јас. Откако ќе се сварат во тепсивче ставам малку масло и кога ќе загрее 2 лажици гриз, се пржи малку гризот дури не добија бакарна боја и потоа се ставаат макароните и се мешаат и готово. Исто како сирење да имаат, многу се вкусни.
Не мислам дека костените ти се грешка, полни се со скроб, не се замарај толку. Фала за рецептот. Има отворено една тема за рецепти за ун диета и според мене е штета што не профункционирала.
79ти ден- протеински (да се најадам како човек) појадок: 1 банана ручек: 2 јајца, парче сирење, 1 зденка, половина патлиџан вечера: 1 јајце, таратур
30 ден протеински доручек: 2 јаболка ручек: 2 јајца, павлака, пола краставица,ајварче и леб вечера: 1 јајце, таратор
Од утре ви се вклучувам пак,со турбо Ун.Си реков дека еднаш месечно мора да држам турбо ун оти надокнадив 4 килограми.
како се третманите во тренд ас имаат некаква ефикасност?! пофални зборови сум слушнала за нив па затоа прашувам?
25/91 Протеински што го обожавам. Појадок: една банана Ручек: 210г стек, едно парче кашкавал, неколку лажички медицинска и едно парче зденка. Вечера: 100г стек, две лажички медицинска и неколку лажички намаз од дукат со парчиња зеленчук(како таратур му дојде). И тоа е тоа, сеа ќе правам цедевита уште и така.
3 ден Јаглехидратен П--- 2 јаболка и кафе турско без шеќер Р--- макарони со гриз и пак кафе. В--- уште малку макарони. п.с.Измеѓу поручекот и ручекот 2 бананчиња чоколадни.
31 ден скробен доручек: 1 црвен цитрон ручек: зачинети печени компири со кечап, салата од црвена зелка вечера: компир салата со кромид
80ти ден - скробен појадок: 1 банана ручек: пире со везени пиперки, салата вечера: половина од ручекот. И уште скоро едно килце минус.
26/91 Скробен Појадок: една банана Измеѓу две мандарини до ручек. Ручек: варен ориз со шампињони плус медицинска. Вечера: половина од ручекот.