46/91 Протеински(мој омилен) Појадок: една банана + една мала чаша млеко. Ручек: едно поголемо парче стек и малку печурки, две зденки и цвекло од тегла. Вечера: едно помало парче стек и печурките што останаа од ручекот, мало парче сиренце и две поголеми кисели краставички од тегла и две многу помали. Плус после вечера една чаша млеко. ( за мене не важи она ако си јадел млелни производи да не пиеш млеко) Тоа е тоа за денес, плус нескафе.
Дефинитивно ги пробувам деновиве. Денес сум на 16 ден - овошен Доручкував една мандарина, ручекот ми беше петнаесетина бадеми, во моментов пијам незасладено чајче од мајчина душица и си спремив едно јаболко ако огладнам до подоцна. Дечки би сакала да ги споделам моите новости на вага. Ја започнав диетава со 63 килограми, а на мерењето утрово имав 57. Дефинитивно вреди трудот, презадоволна сум. Целта ми е 55, продолжувам понатаму дури и бројач за во потпис си направив да ме мотивира
Си ја саботирам диетава деновиве, ама што да се прави, пмс јак ме здрмал, кризирам.. Барем со вежбањево си балансирам некако.. Денес требаше овошен да биде ама се ми се измеша кога ме фатија кризи за солено и си направив мини сендвичиња со саламче и кашкавал.. Ај барем ржан беше лебот, си се тешам.. Ама што е тоа е.. И за да биде уште по пропаднат денот, сестра ми ми купила Милка Орео.. и неможев, се скршив морав да пробам и смачкав три реда.. Едина светла точка во денов ми е вежбањето. Денес е испотив максимално, вода течеше од мене.. Барем на тоа сум горда Keep it up ladies!
И јас сум денес во овошен ден со ПМС, едно 2 пати се расплакав на сентиментални сцени во глупави серии на тв. Но за чудо, диетава одлично ја трпам. Се надевам ќе остане така цела вечер.
Збориме за диетава и ПМС, прашајте ја Ангел, страшна работа Едвај изгурав овошен ден, ама што е тука е. Инаку морам да се пофалам, конечно еден ден помина онака како што треба, без да направам ниеден кикс. Пред мене се јадеа и колачиња и се јадеше и руска салата ама јас не попуштив. Затоа за ЈХ денот ветувам од сега дека ќе си купам најголемо парче Сахер торта или 100 грама Милка, се зафркавам, колешката ми донесе неколку ситни колчиња од слава па си ги чувам за утре. Денес, 10ти ден, Скробен, е на овој ден појма немам што да јадам. Да јадам пире не ми се јаде направено без млеко, да јадам грав, не можам да го чекам толку да се свари а и немам однапред спремно, леќа минатиот пат јадев, веројатно ќе биде оривче со блитва и салата од цвекло, трупка, дајкон и морков. Нажалост не понесов за ручек на работа па понесов една голема дуња и планирам неа да ја глодам до покасно денес, сакала поцрнела сакала мушички фатила Појадок - едно чоколадно јапонско (да не се збуните, тоа е од оние кои се јадат тврди и за разлика од другите имаат семки) и турско кафе со натренче со пола литар вода. Ручек - една дуња, јас всушност ќе си ги спојам на некој начин појадокот и ручекот, ќе грицкам од дуњата цел ден и на тој начин ќе го залажам желудникот до 4 часот додека си одам дома и да си спремам оривче. Вечера - значи ќе вечерам оривче, печено во тавче со Био Зачин и Микс Бибер. А морам да се пофалам многу добро ми оди и вежбањето, додуша вчера извежбав само пола бидејќи не сакав многу да се испотам, имавме мајстори во станот монтираа туш кабина па не смеевме да ја користиме 12 саати, и така денес во облак од дезедоранс и парфем си дојдов на работа, шубе ми беше многу ама ме убедија дека не смрдкам, затоа денес, 25 минути степер, 50 минути Зумба и 8 минути оние вежбине за моделите на Тајната на Вики Каков денннн.....
^ Ангел еве еден рецепт за пире, јас се давам во него, не само сега на диета. Свари неколку компири (јас кило варам, да јадат и моите), ама убаво свари ги. Кога ќе се сварат, дел од водата извади на страна, во чаша некоја, или ѓезве, а дел остави во тенџерето каде си ги варела и испасирај ги, изгмечи ги, како и да е. По потреба додавај од водата на страна. Конзистенцијата не треба да му е кашеста, ама не треба па и да е многу густо, со грутки. Некоја средина, како пудинг ќе му дојде. Ќе додадеш малку зејтинче, колку да не биде блантаво, сол по вкус. Јас му ставам и мелени, везени, суви пиперки, така ми е повкусно (искрено не сум пробала како е без нив). Пред јадење буковец малку си ставам и ручек спремен ... 10/36 протеински Ќе појадувам сега 2 мандарини. Бидејќи ќе сум излезена од дома цел ден, од сега, па докај 23, ручек и вечера ќе си понесам. За ручек ќе јадам 2 јајца и едно јогуртче од 250 мл. А вечерата ќе ми биде само 2 јајца.
Во овој скробниот ден секогаш мораш да имаш спремно од претходниот ден ако си на работа 8.30-16.30 часот. Реално многу време поминува од доручек до ручек ако јадеш во 17часот на пример кога ќе си дојдеш дома, прегладнета си.. јас тоа не го практикувам, си носам секогаш од дома, и ручекот ми е околу 13часот на работа, а вечера околу 18часот и толку.. Свари си мешавина грашок, морков и пченка, само грашок со малку доматно пире (онака густо, тоа е спремно за 20-30 мин), свари си неколку компири со лушпа од претходен ден и ќе си ги изедеш на работа со малку буковец, зејтинче и сол густа чорба со морков, кромид, компир, брокула (се од ова само варено) Е сега малку е без везе да се носи на работа “манџа“ пошто нели кај нас е тоа леле што носи оваа на работа да јаде (ама мене баш ми е гајле , битно не јадам глупости секој ден) инаку во врска со пирево - јас не памтам од кога не сум јадела пире со млеко кај нас дома мајка ми скоро секогаш го прави со водата од компирите каде става вегета (кои ги вари сецкани) и малку зејтин или пак маргарин, а и јас така го навикнав и така си го јадам исто како што пиша и тинкербелл, со сувите пиперки и малку лукче уффффф лепота
52 ден ЈХ доручек: 2 јаболка ручек: симит погача и 1 геврек ,малку ајварче вечера: 3 колачиња сникерс - домашни, и неколку чајни колачиња, 1 ред црна чоколада Утре овошен па затоа денеска малце повеќе ке јадам хаха ,. некако деновиве ми се јаде незнам до што е Како и да е се придржувам кон диетата ,не јадам ништо што не треба.
Скробен ден ти се манџиве Мали финти џенцки Најголемите лаги за дебелеењето Диетата најчесто се поврзува со одредени правила во исхраната кои не треба да се прекршуваат. Многу од диетите вклучуваат пиење вода на празен стомак, избегнување јаглехидрати, јадење месо само еднаш неделно, избегнување банани и компири. Во продолжение прочитајте зошто не треба слепо да ги следите диетите. БАНАНИТЕ ДЕБЕЛЕАТ За бананите се вели дека дебелеат поради поголемиот број калории и јаглехидрати, што не е точно. Бананите содржат три природни шеќери: сахароза, гликоза и фруктоза, кои заедно со растителните влакна моментално го зголемуваат нивото на енергија. Токму поради тоа, бананите се омилено овошје на спортистите. Две банани обезбедуваат доволно енергија за 90-минутен тренинг. ВЕЧЕРАТА ТРЕБА ДА СЕ ИЗБЕГНУВА Според повеќето диети не треба да се јаде после 6 часот попладне. Износот на калории кои се внесуваат во текот на денот треба да биде пропорционален со потрошувачката. Доколку до вечерата сте јаделе само малку, тогаш можете да си дозволите хранлива вечера. КОМПИРОТ Е НЕПРИЈАТЕЛ НА СЛАБЕЕЊТО Компирот претставува скапоцен извор на јаглехидрати, скроб и вода која чини 75% од неговиот состав. Освен тоа, 100g компир содржи околу 10-15mg витамин Ц, витамин Б1, Б2 и витамин Е кој е присутен во неговата лушпа. Од минерали има магнезиум и тоа 25mg, а сето тоа ни дава 83 калории. ВОДАТА ГИ ТОПИ КИЛОГРАМИТЕ Водата може да ги намали лажните сигнали на глад. Нашиот мозок испраќа погрешни сигнали, а во 80% од времето не сме гладни, туку жедни. После консумирање тежок и нездрав оброк, водата нема ефикасност. Таа го ослободува телото од токсини, но не и од килограми. ПРОИЗВОДИ СО МАЛКУ МАСТИ ЈА НАМАЛУВААТ ТЕЖИНАТА Бројните истражувања покажуваат дека луѓето кои се обидуваат да ја намалат својата телесна тежина ги избираат “light” варијантите од производите. Но, кога станува збор за калориската вредност, помеѓу стандардната и “light” варијанта постојат минимални разлики. Најчесто си дозволувате тие производи да ги консумираме во неограничени количини, а тоа е сосема погрешно. Решението е да бидете умерени и да консумирате природна храна, без индустриска обработка, која на телото ќе му ја даде потребната доза здравје.
Jaс си земам од оние златните мешавини зеленчук и си ги варам со компирче доматче кромидче малку магдонос и црвен пипер. Манџава ја обожавам Или пак ориз со свежи печурки, мх. Брзо и лесно
Денес 10/90 Доручек- две јаболка Ручек- Врен ориз (манџичка)запржена со малку кромид Вецера пола од ручекот Лебот не го консумирам откако почнав со диетава бас ми е супер Поззз
3/12 Овошен ден - Турбо УН. До сега, изедов: 2 јаболка, 3 банани и неколку зрна суво грозје. Знам дека претерав со бананиве, ама ги сакам, бе. После, можеби ќе каснам едно јаболко, ама не верувам. Најверојатно ќе се напијам само цедевита.
Сакам да ја почнам диетава ама ме интересира колку сте ослабеле вие за време на овие 90 дена? (ако не е тајна)
Имаш различни успеси, мене личен мотиватор ми е Анабел-а која на темава и на другата тема постираше слики од нејзините успеси и морам да кажам девојчето е нспоред мене мој личен херој. Има луѓе кои слабеат и двоцифрени бројки, со многу истрајност и без киксови, има луѓе кои си допуштаат излети ама па и не достигнуваат некои успеси, ова не само од форумот, ти кажувам и луѓе кои сум ги запознала кои веќе ја држеле диетата. Мене денес ми е 10ти ден и веќе гледам некаква разлика, што ми е пред се мотив за повеќе
17ден-протеински доручек:две мандаринки ручек:3 јајца,зелка салата и кришка црн леб вечера:исто како и ручекот
Море женски, што сум си на правила денес.. Ја прекршив диетава и тоа како... Еве седам пушам цигари и се нервирам оти ќе збеснам... Треба да добијам деновиве... Јас пред добивање сум си така опасна.. поготово со храната.. И пред пола саат кога седнав на кифлички, изедов 6-7 со две чаши јогурт и ајвар. Се осеќам како крава, мислам дека ќе исповратам, абе што да ви кажувам, ужас.. Да се разбереме не дека сакам да ги повратам, него од што ми дојде многу ми се гади, ми се враќа се назад -.- Срам да ми е.. Денеска као демек протеински требаше да ми биде, ама со кифливе и ајваров апла протеини се најадов. Ќе си пукнам.