Вчера Скробен Појадок: едно јаболко Ручек: 3 сарми со средна големина, малку расол и салата Вечера: салата од компири, грашок и пченка. Денес 73/91 ЈХ Појадок: една банана Ручек: еден ѓеврек Вечера: 4 колачиња од велнес со суво грозе + реда црно чоколадо со 74% какао (и од чоколади само црно ќе јадам со над 70% какао, други чоколади не доаѓаат во предвид, значи се немам 100% откажано од благо заради диетава, а ми се скурчи од него дека се дебелеам бев во план скорз да го откажам, ама ќе го конзумирам за да не си направам полошо кога после некој период пак ќе почнев да јадам после прекинувањето, вака умерено на 4ри дена не се дебелее) И + 2 нескафиња + 2 планински чаеви со малку мед. Едниот чај е испиен, а другиот го планирам за покасно. И тоа е тоа за денес.
Neam vreme za do nova godina so dietava. :/ taka da tuka ke ve napustam nekoe vreme pa posle ke prodolzam pak. do nova godina ke bidam samo na voda i koga ke mi se jade mnmnmnmnmnmnmnmnmnmnmnmn ke zemam nekoe ovosje!
13/91 д,2 јаболка р,2 јајаца варени и парче кашкавал в, 1 јаце 14/91 д. 2 јаболка р, ориз варен со кечап в.ориз варен 15/91 д,2 банани р.макарони в,4 колачиња чајни
19/91 Јаглехидратен ден Појадок - две јаболка Ручек - макарони со малку кечап Вечера - кроасан од 40 г Луѓе бре ,ова што ми се случува ко да не е нормално за човек на диета.Пред 2 дена бев 59 сега 60 ,што не е во ред со мене? И плус ,само 5 кг за 18 дена ,мислам малку ќе е.
Ако сакаш Нова Година да ја прославиш на Итна Помош продолжи вака, ако не сместа да си прекинала, какво е тоа само на вода цела недела, со кој памет Јади за појадок овошје, за ручек не јади леб, малку удри на вежбање и откажи ја вечерата, ете еден оброк имај само, ама не се глупирај со планов твој Ич не е малку 5 кила за 18 дена, ете Луксче за пола диета има толку ослабено, не е ништо мерило, ама ти си супер за нецели 3 недели 5 кила, само да си знаеш следува и период на стагнација да не се депримираш. Мене денес 37ми ден, Овошен, порано кога ми беа парни бројките си знаев, ама сега водениот се ми испоремети, ама мислам се исплатеше баш. Мислам се гледа по сликите во Модни критики Денес имам изедено 3 киви, испив едно кафе, водичка и сега јадам лупен сончоглед, сакам да го завршам работниот ден со уште 3 киви, да го дојадам снчогледот и за вечера туршија некоја, морам да намалам бидеќи се преоптеретив со храна од славењево. Мило ми е што и покрај тоа што правам прекршоци пак се осеќа многу, значи диетава е феноменална, вреди секој труд, муабетот ми е не е инстант диета со која веќе наредниот ден по завршувањето на диетата се дебелееш.
Значи деновиве пак забушавав и да ви кажам посегнав по најголемата моја мотивација - гардеробата, случајно пробав сабајлево една сукња ииииии ме фати ептен ме мотивираше, па сега нема да се изнајадам се и свашта како што ми паѓаше на ум сабајлево вчера: 15/91 јх п: киви и јаболки + мандарина р: шпагети со сос од домати и прстени од кромид со ким и сусам (печени со маслиново) в: мини топ кек 2 + амерички палачинки со мед 2, и малку ѓеврек денес: 16/91 овошен - кој и така никогаш не го држам, па си го правам протеински п: јаболко, киви и банана р: салата од цвекло морков марула и млад кромид в: јајце варено со супа без фиде и салата
Денес 3/91 ЈХ ден Појадок: една кива, 1 мандарина и 1 банана Ручек: макарони со кечап Вечера: еден ред чоколадо за готвење и 3 колачиња. Во текот на секој ден пијам само вода, 2 литри.
И јас еднаш прашав и ќе ти одговорам колку што памтам ако згрешам нека ме поправи некој 1 ден Протеински 2 ден Скробен 3 ден Јаглехидратен 4 ден Протеински 5 ден Скробен 6 ден Овошен 7 ден Протеински 8 денСкробен 9 ден Јаглехидратен 10 ден Протеински 11 ден Скробен 12 ден Овошен
Лакигрл грешка си. Оди вака: 1. Проттеински 2. Скробен 3. Овошен 4. Протеински 5. Јаглехидратен 6. Овошен 7. Протеински 8. Скробен 9. Овошен 10. Протеински 11. Јаглехидратен 12. Овошен
Скробен ден доручек: една голема мандерина ручекот и вечерата ги споив, ориз варен + кромид + едно парче леб
Турбо УН е за оние кои се во вториот месец од УН диетата и имаат стагнација во симнувањето килограми, се држи 12 дена пред водениот во вториот и 12 дена пред водениот во третиот месец. Со единствена цел да го забрза метаболизмот кој се навикнал на едноличната исхрана од режимот. И е наменет само за оние кои подолго време не изгубиле ниту еден килограм. Оние кои имаат намалување, макар и минимално треба да си останат на првичниот режим. Значи не станува збор за некаков забрзан метод за симнување килограми и прецизно е посочено кога треба да се држи. Се надевам појасно е сега
Јас па турбото ќе ја држам 24 дена фактички 2 циклуса после завршување на диетата, па после 24 дена турбо, одам на одржување. Се прерачунато му доаѓа до 4 Мај да сум на одржување и тогаш завршувам, според моите денешни пресметки, се надевам се ќе оди според планот. Денес 74/91 Овошен ептен се извитаминирав и можда претерав, не од што ми се јадеше колку што треба да ги потрошам овошјава за да не ми скапат, мака ми е да ги фрлам, а имав бааѓи, сега ги намалив Вкупно за цел ден: 2 банани + 3 јаболка + 4 мандарини + неколку парчиња цвекло од тегла + неколку лажици салата руска од тегла исто зимница(карфиол, морков, пиперка и модар патлиџан) И тоа е тоа, плус 2 чаја со мед.
Не би те советувала, но сепак ти одлучи си како е најдобро. Еве јас си го терам одржувањето, трета недела ми тече, но не строго. Ручекот ми е секогаш тоа што е пропишано а за вечерата некогаш половина од ручекот некогаш некоја од дозволените алтернативи. Или пак бидејки сум чокохолик си се частам со по нешто благо надвор од распоред или пак по некоја кифличка бидејки е таков периодот, и баш е одржување. Килажата ми е иста како кога го прекинав режимот(чук чук ), наутро се мерам и покажува и килце помалку
Вчера ми беше овошен ден и супер ми помина само јас мислам дека многу кркам овошјенца спореденео со сите вас може и затоа стагнирам со килажава значи вака цел ден изедов 3 банани 1 мандарина 1 јаболко ананас сув и ананс од конзерва ама пола конзерва башка све успеав да речам не на палачинки со крем ама некако ме фаќа страв дека нема да бидам ослаберна ни оваа недела ,капак на цел муабет треба да ми дојде и сега ќе ме зеза ќе касни и мене пмс -от ке ме полуди денес имам риба на мени па ќе видиме во недела ме чека мерење се надевам барем на 100 гр помалце поздрав диеталки BDW кој ден ви се паѓа за Нова година? јас ке јадам посна сарма ммм
Вчера го поминав денот доста лесно и со маку храна, 3 киви, шака сончоглед лупен и малку туршијаи ајвар за вечера. Денес 38/91, Протеински Појадок - 3 помали киви, кафе и вода кои сеуште ги густирам Ручек - ама појма немам, најверојатно ќе биде некој ладен сендвич од со кашкавал и салата, ќе го замолам дечкото и павлака да ми стави. Вечера - ако има спремено свекрва ми нешто ќе јадам тоа што има, ако не некое јајце и сиренце најверојатно.
20/91 Овошен ден Појадок - неколку парчиња печена тиква Ручек - портокал и јаболко Вечера - ако даде Господ да имам помалку апетит ,ќе каснам само јаболко.