Pешив и јас да ви се придружам,не можам вака,неудобно се осекам со тежината,имам вишок околу стомакот,онај мафин топ Oдамна ја меркам диетава и ми се допага што можеш секој ден различно да јадеш,не е како јајце,домат,портокал и 250 грама месо. Mи се гади од тие и брзо ги откажувам,како таа на жан митрев,ми се згади од јајца. Cамо не знам дали ке можам да издржам воден ден Hе верувам него да го држам,ке пукнам за храна Cега имам 67\68 kg и висока сум 170,сакам да стигнам до 60 килограми,воопшто не се чуствувам удобно со оваа тежина,ми виси од страна и не сакам да носам мидер на секое фустанче Cакам да почнам од утре,сега одам да фрлам лошите работи од фрижидер.
добро утро на сите вчера ми беше скробен и си доручкав 2 портокала и за ручек ок салатка и ориз арно ама после кој ме пукна една досада едно ми се јаде и бити леее ај малце пуканки нисто уште ми се сакаше ај малце кикирики и тоа ништо не ме засити и видов не видов вечерав на ова јадење ајарче така голо дека не јадам леб веќе 10 години и еве ме сега ме утепа киселина од ајварот еее зимава ја мразам а требаше вчера да почнеме со маж ми во теретана ама за да биде забавно он се разболе и сега чекам да му помине поздрав се читкаме вечер
Wolf4e, welcome to the hell . Ma не, се зезам, супер е диетава - особено ако си истраен. Таа на Жан Митрев ја држев и јас едно време и како што си симнав некое кило - така си ги вратив, сите до едно за само една недела. The worst week ever! А остави тоа што менито беше благо речено ужасно!!! Ќе се дружиме на темава, ќе споделуваме, ќе слабееме, има да се стопиме . Ун е супер, барем знаеш јас колку симнав со диетава, а тие 7,8 килограми што сакаш да ги тргнеш, има да ги смкнеш како ништо. Јас денеска овошен ( 3/12 ), мандаринки, јаболчиња, портокали .. Иии, друго не ми текнува у моментов што имам на репертоар за денеска. Плус 2 саати физичка активност, и саат време пешачење низ град .
Aнабела таа диета на жан митрев не знам како ја додржав,озбилно Cега моментално ја разгледувам темава,запишувам рецепти,пишам белешки што во кој ден,веке се замислувам на вага со 60 кг A смеам да јадам суши,со туна или пилешко и во кој ден Cкробен?
Волфче, суши мислам дека не смееш да јадеш дека е сепак мешање на скроб со протеин, почекај малку за сушито, додека не стигнеш до посакуваните килца Симплихевн, не смее и не може пошто организмот се навикнува на тој начин на исхрана и престанува да реагира, ти можеш да си продолжиш но не ти вертува колку ќе изгубиш, во секој случај нема да вратиш. Мојот план е после одржувањето да се префлам на еден вид диетата на Ирена, со тоа што нема да мешам видови храна за ручек а појадокот ќе ми биде стандард само овошје, така се до Септември, па здравје и понатака, со тоа што не се замарам ако утнам некаде, и сега додека сум на диета правам прекршоци па пак слабеам, супер ми е. Мене денес ми иде 53ти ден, Скроб, ич не го сакам ама ајде Појадок - две банани, пак јас со мојот стомак, ужас, кафенце и водичка Ручек - имав еден ран ручек пред малку, околу 200 грама компири, веројатно на тоа и ќе останам, но секако планирам да си направам една ужинка после работа од костени, вечерата ќе биде во тој случај покасно Вечера - се договарав со свекрва ми оривче па ќе видиме, ако не ќе направам едно купечко пире и ќе завршам работа Не знам за вас ама мене овошниот во Турбо Ун ми е најубав ден, дали дека така некако доаѓа почесто, па има повеќе раздвиженост во деновите. Уште 4 дена па Воден, од сега ме врбуваат да не го држам ама јас сум цврсто решена
официјално од денес на диета!!!! ја имам и друк пат држено само што не изрджав ни месец...... на диета а најаден!!!!
Драга,јас планирам и вегетаријанец да сум од 14 ти навака.Ете ке имам друштво од Минарели.Баба ми секогаш вечеше дека вегетаријанството ( не веганот! ) е најдобар начин на исхрана.исто така на кајгана само што прочитав од еден член на кој мајка му е нутриционистка дека тие што практикуваат медитеранска исхрана(од месо само риби,ракчиња,лигњи,жаби) животниот век им е 92 години Затоа,кој е ЗА да ме дружи од понеделник со вегетаријанска исхрана? Повеке резултати ке има паралелно со диетата.За протеински ден ке јадеме само риба или соја или јајца или млечни производи
Што се однесува до сушито, нема да го јадеш во текот на диетава - затоа што како што пиша и Ангелче, се мешаат мевце и ориз, и некако не иде, нели. Јас до сега изедов 3,4 мали јаболчиња, исто 3,4 мали минијатурни мандаринки. До вечер уште нешто ќе каснам пред вежбање и толку за денеска. Исто, размислував за јаглехидратниот ден во турбово. Ме плаши многу, и некако ми мава ептен на психа кога ќе помислам на него - па решив да го држам како овошен. Можеби не е баш најдобра алтернатива, ама со оглед на тоа дека овошниот ми е најлесен ден, едвај и јас го чекам да дојде, така да I will give my best.
Во принцип манџичкиве треба да се јадат што е можно попосни, јас и така не запржувам манџи па ни сеа за диетата не ми е проблем. Запршката е една многу грда работа која ние балканците упорно ја практикуваме, а не треба, не чини, џабе калории се тоа. Доколку можеш при готвењето тргај си малку од јадењето на страна за тебе посебно, чинија-две, пред да се стави запршка се разбира
Zdravo na site!!! Jas sum nova na forumov )))))) Bi sakala da ve prasam za proteinskiot den kolku meso treba da izedam dali 250 gr vkupno ili 3*250 pozzzz
Tnx jas lani ja drzev i vo proteinskiot jadev samo 250 gr ama voopsto ne me najaduvase i cel den si bev gladna togas oslabev 12 kg i sega pak ja drzam utre mi e proteinski najubavata dieta dfo sega ))
8/90 Јагленохидратен ден Појадок: 2круши Ручек:еден тањир шпагети со сос од домати Вечера: 2житарки 9/90 Овошен ден Појадок:1банана Ручек:1банана,1јаболко,1портокал Вечера:ананас Инаку да ви се пофалам денес се мерев и -2кила ептен бев среќна дури и денес сум цела поподвижна некако се осеќам полесна, ех се работи за само -2 кила а одма адреналинот е поголем и желбата за слабеење е поголема.
Добро утро на сите диеталци Освен да ослабам, нема да е на одмет да си го проверам и карактерот Утре ми е 4/90 витамински, ваљда ке помине без проблеми