Ајде и јас на рапорт дури сега ќе ручам, знам малку е касно, ама дури сега ми се пријаде инаку денес веќе кажав за појадок (а беше околу 14 часот ) јадев еден портокал, една шоља чај и пола филџан кафе. Е после јадев една чинија супа, малку компот од сливи (се надевам не грешам со ова ), па пиев капучино. И еве дури сега ќе јадам, две јајца и една кришка леб. И ќе земам нешто зимница, краставички Вечера ќе нема, уствари ова и ќе ми биде вечера. Едит: воопшто не ме фати криза за јадење, малку за благо ме фати додуша, па затоа и јадев компот.
ден 4..овошен Е денес ми беше најтежок ден во цела моја диетодржачка кариера. Цела сум воспалена од вежбање и се осеќам како да ме прегазил камион. Ајде, еден циклус помина. Се надевам наредниов ќе биде со помалку кризи
Се пролонгира за два дена ама битно ја почнав . Протеински и скробен минаа добро. Протеински јадев само ручек две јајца и немав вечера, дали оти ручекот ми дојде ептен касно накај 18 часот, па доволен ми беше еден оброк. Во скробен јадев леќа со зелка салата за ручек, за вечера истото само половина. За појадок секогаш јадам еден портокал или две-три мандарини ако се ептен мали. Е, ама ми помина јаглехидратен овој ден и не знам, не беше баш најсјаен. За ручек си јадев чинија макарони, тоа да ама вечерниот оброк, бев на роденден па си реков дека само парче торта ќе апнам, нели благата доза за денот. Ама пиев и сок џус, според мене е прекршок, па малку бело винце и четири ќифлички. Иако сево ова е во јаглехидратен ден ама сепак сметам дека е прекршок но што да се прави. Нема веќе ни мали отстапувања да имам. Утре овошен, добро сакам да се прочистам. Ќе јадам мандарини цел ден, не можам да им се наситам
Вчера ми беше ЈХ и ја послушав AngelOfArh па си каснав благо . Искрено, размислив и одлучив дека подобро е да јадам по малку благо во определен ден, отколку да не јадам воопшто па кога ќе ја завршам диетата да се нафрлам на благото како да не сум јадела со години . Така да.... вчера за вечера не беа тестенини, туку палачинка Денеска 8/90-овошен За цел ден имам 3 портокали, 2 јаболка и 2 банани.
Добро утро на сите ме снема ама си стојан на диетава иако ништо од слабеењето си цупкам во место се надевам дека турбото што ќе го почнам за 2 дена ќе ме среди малце капак на се почнува несто грлцево да ме стега а и добиеново и се ооооо добра вест е што од 4 феб.почнувам со теретана си најдов друштво јеееееееееее и така да мислам ќе има ефект повеќе диетава. Инаку се придржував цело време ново е што почнав да вечерама не ми требаше ама изгледа тоа ПМС от збореше ми се јадеее денес ми е јаглехидратен ммм доручкав 2 портокала и чаша зелен чај за ручек имам коматче а за вечера тортичка сува без многу филови ако нешто зезнам кажувам
Супер пројде вчера Скробниот, додуша не со пченка, со компири и грав ама нема утка Денес 65 ден, ЈХ Појадок - 2 портокали, кафе и водичка Ручек - ќе јадам кифлички, 4 на број, домашни, празни се разбира, не знам дали ви кажав но минатиот пат така убаво се најадов во ЈХ ден, каква вегетаријанска пица ми направи пица мајсторов долу во зграда, од мерак, и морав целата диета да му ја прераскажам. Вечера - најверојатно ќе се касне нешто блачко, Атлантис чоколадца што вчера ги извадив за роденденот на свекорот, една наполитанка што не почасти свекрвата, си ја оставив за денес и ќе видиме, најверојатно ќе остане на тоа И конечно директорот ми кажа дека сум ослабела, значи он да примети, а јас тоа подуена цела дека длабоко во ПМС цапам, абе лудило Мило ми е што се вратив во нормала конечно, малку ми беше потешко пошто скоро цел овој втор месец, од воден до воден, во принцип ми помина со поситни по поголеми грешки, но јас и покрај тоа слабеев, мислам дека токму затоа оваа диета е вистинската за мене Раманте кој де ти е? Нормално е некаде во вториот месец да се стагнира, ама со Турбото итекако се забавува. Мој совет, не ја избегнувај вечерата, таа ти е исто така битна. Да многумина велат, батали ја вечерата, не јади слатки и леб и ќе ослабеш, но не, организмот има потреба од храна навечер, бидејќи тогаш се регулира најмногу нивото на шеќер во крвта, а со гладување односно не внесување на храна навечер инсулинот паѓа и телото троши од мускулите, а салото само си се таложи, бидејќи тоа е еден вид одбранбен механизам на организмот. Мое мислење е барем салатата да ја јадеш навечер
Еве ме мене, ме немаше неколку дена, зафатена бев И покрај сите искушенија, јас останав доследна на режимот, со мааааааааааалку отстапки Завчера имавме гости, па на протеинскиот ден каснав 2 мали бубрежиња (оние бонбончињата) , па и една чаша вино црвено Вчера јадев ориз со салата и за вечера исто така (доручек не пишувам бидејќи е овошје секогаш - јаболка или портокал) За денес, ЈХ - макарони со сос од домати и печурки и многу магдонос, а за вечера и се стрвам на тортата што си ја оставив од завчера
10 кила и 20 см во обем, со многу грешки, со не многу строго држење, со повремено вежбање и намалено движење во последно време. Иде пролет, јас пак се стегнав построго да вежбам, построго да држам диета, очекувам да симнам уште 10 кила до лето, уште 5 до Септември и да си бидам 60че во венчаница
43 ден лелее а јас уште сум на 57 кг само 3 помалце ама не се давам лади стигнав до 53 ќе биде и годинава сега плус имам подршка од сите вас ,а за вечерата па и не е страшно увек се придржувам ама мислам дека ми е од невежбањево ама од 4 ќе ми биде екстра нели? поздрав Ангел
Жени.. едно така малце смешно прашање имам Имам другарки што откако држеле некоја диета, им се намалиле и градите и задникот.. Е сеа.. мене тоа некако не ми е во прилог.. Дали на некоја од вас и се има случено вакво нешто со оваа диета? Или само ослабнавте стомак/нозе?
Секако дека слабеат и задникот и градите, всушност не слабеат туку се зацврстуваат и цело сало кое било наталожено на нив го снемува и изгледаат помали, а и се помали. Не е ништо страшно, поарно без вишок кила и со помали гради, него ли привидно големи гради и огромен задник кој кога ќе седнеш се ти излегува преку фармерки
Хахах, така е се согласувам, само што јас не сум во многу лоша состојба, а некако не сакам да го изгубам и тоа што малку го имам xD
Епа зошто да држиш диета кога немаш потреба? Заради нозете? Ти одговорив веќе, тоа ќе си го решиш со вежби, диетава е за некој кој навистина има потреба да изгуби, сало кое се наталожило а не за оформување на телото. Ти можеш, но џабе ќе се мачиш
ден 5 - протеински доручек- 1 мандарина ручек- потпечена зелка со мелено мевце, нешто како растурена сарма и салата од марула и рукола Бидејќи убаво си се најадов, не верувам дека ќе ми се вечера...а ако ми се пријаде нешто, ќе грицнам некое морковче.
упс ја пак се забраив и некое време не ви пишував но сепак деновиве ми идат без ниедна грешка денеска 21ден протеински доручек: банана ручек: 2 батака и кришка ајвајче вечера: истото
Е да ви кажам, вчера си го замислував денешниов недиетален ден вака , сношти ковав триста планови за вакви такви ручеци, мешавини, зачини, купишта храна, и денес едвај успеав да изедам едно пржено јајце Да плачам или да се радувам работава Што е најтрагично, сега ми се јаде, а абер немам што вкусно да си каснам, единствено на што ми текнува е кашкавал или варено јајце Протеински ден бре Браво за УНов, ми ги среди фино деновите, што и после неа продолжувам да бројам протеински, скорбен, јх, протеински, скроб...
malanie27 баш ми е мило што ја држам диетава во период кога и ти ја држиш ,те следев првиот пат кога ја држеше и ти се восхитував на упорноста .ти посакувам успех и овој пат. инаку и мојот 2 ден помина добро,за појадок 2 јаболки и кафе без шеќер,за ручек ориз со боранија и марула салата за вечера исто само на пола.јас во диетата засега решив да го отфрлам лебот па ке видиме понатаму како ќе ми иде без леб ,планирам и да трчам само сто овие два дена не успеав од обврски.
8 ден -овошен доручек-3мандарини ручек-1 банана,сушено овошје вечера-печена тиква Денес сум пресреќна бидејќи вагата покажа -2 кг.