Еве денес 17/90 - Протеински, на мени: доручек 2 јаболка, ручек 2 јајца пржени на тефлон со магдонос, малку салата со патлиџан и праз и малку сиренце, 1 лепче, за вечера пола од ручекот без леб Сабајлево се мерев пак 68 кг , овој циклус стагнирав, ама се надевам дека ќе продолжам да слабеам Од искуство, отприлика како оди слабеењето и стагнирањето? Знам дека е индивидуално, ама сепак барам ваше искуство - thank you Инаку супер се чувствувам, пред да го почнам режимов, имав многу често главоболки, а сега - пу,пу,пу да не се урочам, овие 17 дена ама ич ништо не ме заболело Во текот на денот пијам вода отприлика 1 - 1,5 л. и околу 1 л. чај од камилица и нане
Ден 8/90 овошен ден промената полека полека се забележува. Се чувствувам супер,немам никакви тешкотии додека ја држам диетава и ретко осеќам глад. Уште 4 дена па ќе се мерам и ќе известам колку имам изгубено ... Поздрав
Анушка, стагнирањето е некаде вториот месец и затоа се прави Турбо Ун 12 дена пред Воден, исто е и со третиот месец, пред третиот Воден се праи Турбо Ун 12 дена исто така порано. Е сеа, со колку повеќе килажа започнуваш толку е полесно, ти ако сакаш да стопиш само некои мали салца околу мешето, малку на нозе, на газе, тоа не иде така лесно, оваа диета многу повеќе се забележува на повеќе килажа. Всушност мислам и дека секоја диета исто реагира. Вчера имав прилика да запознаам две девојки, и двете на УН, едната симнала за една година некои си 20 кила, другата многу тешко и идело пошто требало да симне само меше трудничко после пороѓај, не ми оди вика никако. Јас симнав првите месец дена околу 5 кила до 7, а после во една недела, во екот на најголемите прекршоци симнав уште 3 кила. Инаку покрај килограмите и намалените болки низ телото, мене оваа диета ми го исчисти многу и лицето, не ми се појавуваат веќе црнки, за бубулици да не праиме муабет, целулитот ми се намали, не ми исчезна но ми е значително намален, дури и градите кои ми беа најголема мака ми се намалија. Денес облекував чизми кои ги немав доста време облечено и замислете, во листовите ми влегоа сосем нормално, а иначе ги набирав кај листовите дека ми беа мали. Мене оваа диета многу ми помогна, деновиве ги перам фармерките кои ги немам облечено месец дена, ако пливам во нив дефинитивно ставам слика да видите колку ќе бидам среќна, а сигурна сум дека ќе пливам
леле денес овошен ден...... леле умрев за јадење. минатите пати полесно ми било шо е сега работата????
Ок, ти благодарам на советот ќе ја почнам од таму кај што застанав, еве од утре ветувам, ја продолжувам
Нати а ти кој ден си? Ако стагнираш повеќе од два дена, пример 4-5, една недела, подобро да си ја почнеш од ново, се разбира зависи кој ден си, пошто вака ти скоро цел циклус од 4 дена си јадела свашта и наеднаш го бришеш. Јас никогаш не сум направила утка повеќе од 2 дена, и тие ми биле некако до пола ок, пример со појадок и ручек по УН, ама за вечера или нешто слично сум каснувала нешто по грешка. Види си ти како ти одговара, но немојте да потклекнувате, секој пат може
10 ден -скробен Денеска прилично добро поминав. За доручек 3 мандарини (малечки беа де ) Ручек имав спанаќ со ориз 1 парче интегрален леб и салата од морков За вечера изгледа пола од ручекот ќе биде
оди оди и кај мене да не се заречам,имам по некој мали кризи ама ништо страшно.јас напрајв утка сега ја препрочитувам диетава по кој знај кој пат,значи секој 29 се држи воден ден а јас вејќе еден издржав хахаха,ако ако не беше на одмет
1/90 1 Портокал, полна шолја нес (со вода без шеќер) Салата марула со 2 варени јајца + цедевита чаша јогурт + сирење
7 ден - јх. доручек- 1 банана малечка ручек- макарони со пропржен зеленчук во вок и соја сос ( нешто како кинеска паста ) мммммм....и салата од марула и сув магдонос. ручав околу 3ч. па уште немам желба за храна. може подоцна нешто благичко, минијатурно да каснам, само колку да немам желба за благо до наредниот јх ден.
2/90 доручек : 2 мандарини ручек и вечера варен компири со кечап и салата Со вас диетите полесно се идржуватт инаку бргу би се откажала
Првите 3 дена поминаа супер без ниту една грешка Денес ја „оплескав“работата на почеток јадев овошје и салата(зелка) ама вечерва имав гости и згрешив малце отповеќе (изедов 3 малечки парчиња лиснато и 2 малечки колбавчиња по 1 cm беа (и сега не се осеќам убаво ,како да имам грижа на совеста
23ден-јагленохидратен доручек: банана ручек: баничка вечера: две парчиња обланда и ред чоколадо за готвење
Дечки денеска ми е втор ден скробен и да не се пожалам арно поминав појадов две киви пиев чај... за ручек имав спремено ориз со зеленчук и цвекло,а за вечера пола од тоа што ми остана од ручекот... каснав малку домат и тоа е се.... Иначе живеам заедно со дечко ми а он по професија е кувар и прееска седнуваме заедно да ручаме и јас со моето скромно оривче а он си спремил порција една голема мислиш за цела војска спремал и само ме стрви види јас што имам гледај јас што ќе јадам... Ќе поулавам од него !!! Утре ЈХ ден одвај чекам благо да ставам у уста... ко некоја наркоманка на тешки дроги се тресам по благо
venesi4ka знам дека се држи во вториот и третиот месец пред водниот ден и дека има денови по редослед како иде имасе линк ама неможам да го најдам еве по искусните нека ти одговорат а и јас да се исповедам за денес ,ми приврcува 4 ден овошен ,уф ми олеснува многу ми беше тешко најискрено незнам зошто ја имам и други пати и по повеке денови само овошни денови имам држено ама ваков глад никогаш,инаку на менито ми беше за појадок 1јаболка и една банана,за ручек 60гр бадеми,1јаболка и 2 протокала а за вечера 10 суви урми и 2 јаболки.се надевам дека следниот овошен нема да ми биде така поздравче и со среќичка диеталки