немој да се разочаруваш можеби наеднаш ќе симнеш ,откако ќе ти заврши .и јас сум со истото проблемче се чуствувам како топка да имам во стомав
во рачунициве редовно се губам....не знам кој ден сум ама знам дека е протеински значи овошје, па цвекло морков и печурки со јајца, вечера јогурт и кашкавал. утре леќа со зелка салата Тоа со протеинскиот ден не сум го видела, а 100 пати сум се навратила на првата страна а овошниот/витаминскиот некако сум сфатила дека цел ден овошје треба - најверојатно од нутриционистот, таа така ми даваше, ама ни тогаш не успевав да издржам, па ни сега - значи секако јадам салати стагнирам малку, слабеам малку и така....додека не дојдам до посакуваните резултати ах да и едно големо БРАВО за раманте
Денеска 4/90 - Овошен До 17h додека сум на работа на мени ќе бидат 2 банани и 3-4 киви, а кога ќе стигнам дома ќе си направам салата од зелка, морков и цвекло и тоа ќе јадам. Инаку се мерев сабајлево и вагата покажа -1кг.... знам дека е вода, ама сепак е мотивација
15/90 јх За појадок имав две јаболка; За ручек ќе јадам макарони со сос и за вечера нешто благо сеуште не знам што.
Regenbogen поздрав те читкам ама не сум видела ти колку симна јас сум пресреќна и за стагнирањето не се скирајте и јас стагнирав до 2 воден само -3 бев па после одма надоле со турбото такка да само хребро напред Вчера ми беше протеински после воден и милсев ќе изедам 1 прасе ама чудно не ми се јадеше многу си доручкав 3 портокали а за ручек пиперки од низа со јајца и салата со цвекло и зелка мммм и толку е сега вчера се тетовирав пак и не вечерав сега малце тешко неделава ќе ми биде нема вежбање ама па доброто е што немам ни апетит поздрав девојчиња
Девојки, јас сум 30ти ден, и еве за еден месец имам 6 килограми помалку. Сакам да ве прашам кога се држи Турбо УН и како е распоредот на денови (барам погоре не можам да ја најдам). Фала многу и само напред!
побарај поназад ангел оф арцх 100 пати писано има ама еве јас ќе ти пишам значи се држи 12 ден пред вториот и пред третиот воден и оди протеини скроб овошје протеини јаглехидрати овошје и така 2 пати и помага ако стагнираш во килажа поздрав и среќно -6 е супер до сега нели
~Мелани мила, јас сум иста како тебе, од иста причина ја држиме диетава и двете не се сеќирај, стагнација е нормална работа, после водениот нагло ќе симнеш, слушај ми го муабетот, јас после водениот во најголемит епразници во најголемото јадење симнав во неколку дена 3 кила, се стопија просто, исто имам приметено дека после завршување на циклус нагло симнувам уште кило две. ~Пред да напишам рапорт за денес да си кажам дека саајлево либето ме набљудуваше додека се облекував и сум се израдувала ептен кога го видов како му светнаа очињата, почнаа и ноџињата да се топат, да се губат, не ми се верува но дури и листовите ми се намалени, уште ептен малку околу бутовите имам и нозете ќе ми бидат таман како што посакував. Денес имам голем предизвик, после работа да ги облечам фармерките што ги носев пред диетава, и тоа перени, така најмногу ќе се познае, и во нозе и во стомак Мене гардеробата секогаш ми е мотиватор и кога ќе видам нешто што претходно ми било тесно или ептен таман дека ми е широчко и комотно, абе од ќеиф продолжувам 81/91 Протеини, уште точно 10 до крај и 6 дена сосе денешниот до последниот Воден Појадок - два портокала, кафе Ручек - кисело млеко, си купив за на работа канче и ќе се обидам да не го изедам цело па макар и го фрлила, иначе сум голем фан на киселото млеко поготово она на збрегов, ова е некаде 400 грама и се надевам ќе ми излезе некој во пресрет и ќе ми помогне да го дојадам Вечера - сигурно ќе биде нешто млечно, ајде нека биде крајот по прописи барем, ќе гледам да биде исто кисело млеко но не ветувам со свекрва ми никад се не зна, може и некое прасе печено да извади
Девојче сигурна си дека во права диета прашуваш? Оваа диета е 91 ден, и се повторуваат деновите цело време. Значи 4 дена, цело време ти се повторуваат, кога ќе завршат нови 4, и така натаму. Се ќе беше во ред да прочиташе барем две страни, ама Ангел за џабе збори, за џабе абе прсти по тастатура
Раманте..фала многу! На време сум прашала..Сега ќе удрам еден циклус турбо УН, а за водениот не знам дали ќе го издржам, ама ќе пробам во секој случај
25/91 Тешкиот овошен ден Туку ќе морам да си купам вага да видам до кај сум стигнала обично си се ориентирам по облекава која ја имам за пред и потоа па некако комотно ми е па ајде да видам за колку попуштила на ред е вагата која успева да ми го уништи/разубави денот уште незапочнат!
Скробен ден Денес на мени -Доручек два потрокала и кафе и неколку бадеми -Ручек барен компир, варен мороков и грашак , со лутеница цвекло и краставички кисели -Вечера половина од тоа најверојатно ке биде ИМАЈТЕ УБАВ ДЕН
Зошто ме игнорирате??? Може да ми кажете за благото во јх ден, дали и тоа треба да е посно, диетално или не? И во овошниот ден значи се подразбира само овошје или и зеленчек бидејки гледам дека е сите пишуваат и салати од зеленчук дека јадат, а јасно си е наведено дека тоа подразбира цел ден овошје само?
Аничка не се лути де, ти да побараше низ страниците ќе видеше дека се јаде и Сникерси и торта и тулумби. Значи, 2 парчиња торта, 4 колачиња, пола чоколадо ти е сосем доволно, не мора да биде посно и диетално, но ако јадеш црна чоколада слободно дозволи си и цело црно чоколадо, тортата глеј да биде барем домашна ако не нека биде и некој колач сув, да не го заборавиш и чоколадото за готвење, барем 2 коцки. Овошниот ден всушност е витамински ден и не знам дали е нагласено овде стрикно зеленчук ама во книгата не е нагласено и во овој ден се јадат и салати и јаткасти плодови и суво овошје
Фала ти сепак, јас баш заради тоа што видов дека се јадат калорични благи работи, од торти, млечни чоколада и така натаму си помислив дека не ми е својствено за диетава, но значи може да си каснеш но да не се опушташ Иначе јас вчера благото го протерав со еден ред чок за готвење и едно суво колаче со житарици, следниот пат ке се почастам со млечно чоколатце а денеска овошниот сепак ке го поминам само со овошје, разноврсно.
11/90 јаглехидрати Денес доручек 2 портокали,незнам завас ама јас кога јадам јаболка од сабајле умирам за јадење. Ручек пица со печурки,маслинки,кечап,карфиол,краставички,и морков се од туршија и кромид на крукчиња и преубава и богата беше. За вечера браунис колаче.
21-ви - протеински Уф што го мразам протеинскиов ден Д. 3 мали мандарини Р. печена плескавица од говедско месо и марула салата Е за вечера не планирам пак месо да јадам зашто . Бидејќи си легнувам подоцна, знам дека ќе огладнам, па ќе си каснам едно јаболко (боље јаболко отколку месо )