Здраво Дечки, Јас вчера се измачив со овошниот ден , многу тешко го издржав ама добро помина како што треба денес на вага покажа -1 кг 18/90 - Протеински ден доручек : 2 портокали + кафе ручек : мешан зеленчук ,стек и едно парче леб . вечера: исто како ручекот
Денеска 3/90 појадок јаболки ручек леб со љутица и марула салата вечера колач со мак и чоколадо за готвење Леонтина нов циклус почнав, кај со децава обврски ваму таму, не можам уште и да водам сметка за деновите во одржувањето, го научив редот вака. И да ти кажам кога почнав со турбото ич не ми годеше па веројатно и промената од одржувањето нема да ми годи Вака сум ушемана
Ма терај вака чим ти одговара,туку немој ептен манекенка да ми се напраиш Јас ке завршам ден пред велигден со ух но ако не симнам 10 а тоа некако реално тешко ми изгледа и јас ќе ја продолжам да ја држам уште еден циклус до јули . Ај тука да прашам некое искуство да не имате со кавитации или некои други третмани за затегнување слабеење .Мислам паралелно со диетава да уплатам некој третман но сеуште се мислам што дали да си останам само со антицелулитни или да уплатам и други дополнителни.
Добро утро некако на одржување слабо луѓе има само јас сум ама ако ќе пишувам и таму ама прво тука читам се до сега па да си кажам и јас маката хахахах Леонтина а да си земеш орбитрек на рати место кавитации и чуда јас мислам дека е многу подобро. Инаку јас сум пресреќна со теретанава сета нервоза ја ваѓам на бенч само сега не дигам мн кг се пазам (нели пробуваме за бебе) па по форуми читам може да се вежба без мн тежина и си фурам со маж ми заедно абе убајни. Инаку одржувањево не е тешко воопшто вчера гравче денес пак утре ќе се мерам пак све и обем и кг и баш да видам како оди ама мислам дека оди надоле малце Нешто ми влегло во умов дека не сум на диета сега и не се стрвам по ништо дури и за вечера само со салата проаѓам без проблем чудо сум јас хахах Бацки до сите посебно до мамичките на форумов и се читкаме
Абре енда среќа што ме мавнале ехееееј мешко дисапиар се залепил убав тој не стои надуен и не знам за вас ама за овие 3 дена ме усреќи вагава 1кг минус плус и вежбам по 20мин секој ден и мотив плус за напред. Алелуја
Браво Ноелле за резултатите ,туку јас сум за карање Раманте имам златна јас Орбитрек ама се засилив две недели си вежбав убаво ,па една мрза ме фати и дека во дневна вежбав пред малиов последно време јас качисе он врисни и ми го губи ритамот ,не е за оправдување ова знам ама посериозно да речам од понеделник .Туку ова целулитов без масажи не ја бидува јас пред да останам трудна и орбитрек и вода но си сака масажичка пустиот дали му се уарни на г***в да го масираат јас незнам али без тоа не поминувам ,се масирав јас и со Релакс енд Тон ама не бре дур не те грабне некоја масерка да ти ја истури нервозата нема шанси. А за ова кавитацииве слушам имало задоволни ,ама незнам со царски дека сум дали смее треба да се информирам . И Раманте сликај си се пред да останеш трудна ,па одкако ке се породиш сликите ке ти служат за мотивација ете кај мене е така се гледам и си викам ех кога вака пак......... до јули ветувам.
леонтинче за целулиот само масажа со талог од кафе само тоа му е мајката,јас така се масирам одма има резултати а после се мачкам со нивеа со Q10 за зацврстување на кожата, и има резултати.... :rofl мене сликите ми се демотивација. на одмор летото кога бев трудна 2 месеци манакенка бев..... ми се плачи кога ги гледам сликите денес протеински ден п. 2 портокали. р. пржени домати и пиперки со 2 јајца и сиренце, супа и црн леб. в. пола од ручекот
цел ден ми се уврте праз во глава и сега да прашам дали можам во пола од ручекот да додадам праз и да го јадам како вечера ? за ручек имав зеленчук и стек
Против целулитот според мене најдобри резултати се постигнуваат со јадење цитрони. Ако неможете по два на ден пробајте со еден на ден или па по еден цитрон секој втор ден. Не ја разбирам моќта на цитронот ама и лани кога го јадев многу, а и сега, целулитот магично ми го снемува/ше. Вчера јадев исто 2 цитрона (треба да си купам, за денес немам) - кришка леб, сиренце и јогурт и зелка салата - кришка леб со 2 зденки Денес ми е скробен ден и досега сум само на кафе бидејќи дома немам ништо. Немам никакво овошје, а ни тава за да си направам ориз. Имам само една марула. Толку мн ме мрзи да одам до продавница. сега бев излезена и заборавив да си земам овошки. Сакам и денес да издржам само на овошје и/или зеленчук ама мислам дека ќе е потешко бидејќи треба да добијам. Како се справувате со гладот во деновите пред да добиете? Мене тешко ми е.
Јас не ни осетив дека треба да добијам последниов пат, ич не ми се јадеше ни за периодот ни пред тоа, а обично тогаш имам огромен апетит. Имам прашање, во јх ден колкава пица јадете? Сега ќе си ја испечам мојата со кечап, маслинки и печурки. За вечера 2 витанови и ред чоколадо. За појадок, дека станав во 12 изедов една малечка кива накај 1, и планирам да ручам накај 3 добро е или да почекам покасно малку ? Поздрав
Има ли многу врска какво ке биде благото во јх ден? Обично дека тоа ми е единствен ден за благо па знам да се опуштам и да си земам 2-3 слатки од слатканица и ре цоколадо, или пак торта токоладна .. а читам овде поминуваат со витанова или нешто слично интегрално, што комбинирате вие на мени за јх ден за благо? (а и во диетата пишува две-три помали слатки не е битно какви нели) ????
За цитронот прв пат слушам дека има дејство против целулитот. Ке морам и јас да пробам. Од утре, само да најдам да купам, се надевам има по маркетите.. Што се однесува до слатките, 3 слатки се веке премногу, по мене. Ако земаме слатки од слаткарница или домашно правено нека биде во помали количини. и да се разбереме од парче до ПАРЧЕ има разлика! Јас не го конзумирам многу, за вечерва ке каснам еден ред чоколадо и две малечки парчиња еклери. Домашно правени. Си ручав шпагети, за следниот ЈХ дефинитивно ке правам пица само незнам со што? И да, јас мислам што ке јадам следниот Протеински, Скробен, ЈХ ден веднаш штом поминат истите. Секогаш гледам да го правам тоа што ми се прејадило, така е најдобро. Мислам...
2/90 - Скробен п: банана Р: само компирчињата од турлитава, леб В: само компирчиња 3/90 - ЈХ П: кога имав време да јадам беше околу 12 а и не ми се јадеше така да ништо Р:пирошка В:3 наполитанки и ред чоколадо
Денес јаглехидратен.. 3/90 појадок: 2 банани ручек: ролетна или плетенка незнам како ги викаат вечера: си купив од слаткара 2 слатки но некако големи ми изгледаа незнам колку големи парчиња трепа па изедов 1 цела и малку од 2рата.. и после 1 саат изедов ред чоколадо за готвење некако денес бев стегната незнаев што смејам конкретно да јадам.. што смее конкретно а што не овој ден?
16/90 Овошниов ден отиде у пи*ку матер. Доручек:Неколку суви смокви Ручек:Смоки со јогурт Вечера:Марула салата Се зезнав многу денеска со оброциве,ама цел ден не сум седната,од 7,30 сабајле,тек сеа дојдов. И така.Фак.
А Свит Чајлд зошто си го делиш овошниот на доручек, ручек и вечера? Се јаде овошје, не е битно кое време, едино ептен навечер не. И гледај да не го упропастуваш, оти баш тој ден е клучен за диетава, инаку џабе е. Ти посакувам успех . 2 ден, скробен ми помина. Доручек повторно пола портокал , ручек три помали варени компири, вечера еден мал компир. Немав салата денес, за жал . Ајде утре јаглехидратен, да го издржам првиот циклус и после ќе е полесно. Овој пат за жива глава не се откажувам .
Добро утро Џенцки!!! 12/ 90 дена. -Овошен ден И последниот ден од ТРЕТИОТ циклус!!! Денеска ке се јаде тоа што има пари да се купе. Најверојатно ке сум повеке на јаболки (а ги мразам Ух) бидејки се поевтини. Готово, уште малку платичка па да не се стискам вака. Џенцки да ве прашам за во Протеински ден Туна од колку гр јадете? За утре нема месо а јајца не сакам. Па туна е добро решение со кромидче. И дали може туна и кромидче одозгора и плус марула салата? И да, чекај, сеуште не ни почнал овошниот јас мислам за утре што ке јадам, ама ако, така се заситувам што утре ке јадам мммммммм
Здравоооо Денес 19/90 Скробен ден доручек - банана ручек -лека и салата од марула со кришка леб вечера -исто како и ручекот
BonnieTop мислам декА 250гр тунА можеш да изедеш толку си пишува на 1 страна Инаку времево денес убиство е истура депресија пука мене ми е 4 ден од одржување сабајле се мерев 1 кг плус фак а се јадам помалце ама па ми текнува мускул тежи повеќе од сало а имам минус 1 цм на струкче значи не се саклдисувам многу многу си терам понатаму денес протеини ммм ќуфтиња за ручек со тазе кромидче мммм и после теретана грб и стомачни на мени јеее многу ми е убоо кој си вежбам грб Него денес нешто грлово ме стега ко да сака да настинува ама не му давам чајчииња ќе фурам повеќе и витамин Ц Ве поздравувам сите и се надевам сонцево ќе се појави кај и да е дека ова више претеризам е п.с.iloveugirl за ЈХ можеш шпагети макарони јуфки ѓевречиња 2 или зелник со зелка праз спанаќ нешто такво (без урда и месо нормално) или мала пица ама вегетеријанска без кашкавали