Денес 10/90 скробен хмм 10 дена минаа?? брзо бе! денес ми е никаков денот појадок: 2 јаболка ручек: немаше друго туку грашок од вчера со месо јас само зрната грашок ги јадев и бидејки имаше и ориз во манџата и од тоа нешто сигурно сум закачила а можеби и маалку месо вечера абе да го .... немаше др а и истото морав па истото го јадев помалку и цвекло јадев и псоле пола саат некаде се најадов зелка салата само со оцет и повторно јадев цвекло.. овошниот што следува во петок ке го искарам само со овошје морам да го прочистам организмот мислам после денешниов ден....
3/ 90 доручек јаболки ручек солена кифла вечера најлепше желје совет : ако имате повеќе од 10 кг за симнување задолжително вежбајте за да бидете ем затегнати ем ослабнати... поздрав диеталки
Епа јас сум нова на форумов и причината поради која се регистрирав е тоа што пред 25 дена ја почнав диетава Диетата ја најдов во весник и таму пишуваше дека можно е првите недели да не се симне ни грам, што се разбира се случи кај мене Имам страшно мрзлив метаболизам и војни водам да го управам. Резултати имаше после 3тата недела т .е на 21-виот ден се измерив и тоа 2.5 кила..јес да многу си се израдував ама гладував за тие 3 недели и одев на зумба и 2 пати бев пешки до водно. од тогаш до денес ја имам прекршено диетата ама немам намера да се откажувам зошто секој ден имам идеа што да јадам од пропишаното, а претходно јадев во моментот што ми дојде при рака. Мило ми е што секојдневно ги читам вашите коментари кои ми даваат мотив да продолжам и се осеќам како да не сум сама во ова ПОздрав
Срдечно добредојде на сите нови членови и нови диеталки ви посакувам летото да го дочекате шланг а што е ова натпревар слушам не успеав да исчитам се ама мислам дека одлично се мотивирате девојки, а и мене богами. јас сум некаде околу 72-73 ама цел ми е од 59 до 62 мах. Најфино ми е така, се надевам ќе успеам. По минатата бременост останав на 70тина и се чувствував убаво ама на слики кога ќе се видев беше ко да си гледам некоја сестра близначка - подебела, затоа сега ќе се форсирам до таа килажа која бај д веј ми е скоро цел живот (секако со изземање на двете бремености) а да, и сакам да почнам со вежбање ама време се немаааа аман 10/90 скробен п. банана и јаболки две (до 16ч) р. леќа со зелка салата и една кришка леб (16ч) в. скоро како секогаш вечерата ми е протеинска јогурт и парче кашкавал во 22ч(епа додека ги спастриме двете деца, бањање ова она, десет саат ќе ме фати и што, во десет ќе греам леќи и слично, нема шанси, а немам ни сила па поминувам ете вака - со прекршоци)
да не е кафето несвестици ќе ме фаќаат. голем љубител сум, па некогаш протерувам со кафе и до 11-12саат. Две ми се обавезни а третото ако стигнам и сите се без шеќер
Од кога ја почнав диетава (веќе 2 месеци ја држам) немам добиено, не сум трудна и незнам дали е поради диетава или сосема нешто друго е во прашање, го имала ли некоја од вас овој проблем ?
a за кафе друштво и јас пијам и тоа секој ден по 3-4 обавезно,ама никојпат со шеќер не сум пиела,исклучиво само со натрен па сега со диетава ми се погоди...да се пожалам ме фаќа некој стрв нешо да си апнам ама не никако несмеам. здравје утре планирам за скробен спанаќ со ориз па ке видиме,ке ви кажам...а сега да ви напишам уште некој рецепт од книгава...
ролат од лешник за ЈХ 5 јајца 5 полни лажици лешници 2 лаж шеќер 1 кесичка ванилин шеќер 3 лаж мармалад јајцата,шеќерот и ванилиниот шеќер се мешаат долго околу 10мин со миксер додека смесата не нарасне.Во смесата се додават лешниците и семеша со лажица па смесата се става во тавче за печење обложено со хартија за печење.тестото се пече 10мин на 180 С.Откога ќе се излади се одлепува хартијата и се намачкува со мармаладот ма се витка во ролат.Дозволено за нас само 3 парчиња... колачи со цимет 8 јајца 100гр шеќер 300гр интегрално брашно а може и обично кесичка ванилин шеќер кора од лимон 2лаж цимет 1лаж ѓумбир 200гр суво грозје или суви сливи,ореви,бадеми или некое друго сушено овошје пенасто со миксер се матат јајцата и шеќерот..во друг сад се меша брашното и сите други состојки па полека се додава во смесата со јајцата.Се пече во тавче обложено со хартија за печење и тоа 30мин на 200С.оладената смеса сечете ја на парчиња,за нас само 3 ....се знае Се надевам ќе ви се допаднат,не се тешки за правење а уште полесни се за јадење
Добро е со кафево, значи не сум само јас добредојдовте сите нови и со среќа денес скробен, за поручек 1 јаболко набрзина, ручек, сармички посни и маслинки, 1 парче двопек вечера сармички и гравче, + парче двопек и салата зелка, морков и краставички мешано малку претерав знам со вечерава, ама денеска Тримир, од кај знам таму, се чекало гости, па мораше да се проба од се по малку
Добро утро. денес 19/90 ден – Јагленохидратен ден За појадок: 2 киви За ручек: кечап со макарони за вечера: еден ред чоколадо за готвење и 2 средни парчиња благо. Пријатна ден феминки, јас заминав на работа.
53/90протеински Женчиња видовте еден ден сонце и одма на диета се стаивте,немој денес со дождов да се откажете Се зезам добредојде на сите нови диеталки. Епа после 53 ден јас овошен издржав без сушено овошје и без бадеми,изедов 1банана,1мандарина и смуди со портокал и киви многу вода и 2 кафиња. Незнам за другите јас ова го сметам на успех ,знам дозволено е суво овошје ама има повеке шекери а вака со свежо овошје е тоа е права ствар. Инаку 1мама ме збрка ти со кг јас сум уште -8 кг а до целта ми се уште -10 да се разбереме немој да мислите уште 2 кг цели 10 треба да одат аут има салце овде да се топи. Денес риба се одлучив за пастрмка јас на секој протеински ден ќе си се частам со риба свежа и така за храна ич пари сега не се трошат нема(грицки,сокови,чоколади,пиво)епа еден ден ќе го уживам до максимум тоа ме одржува кога во протеински ден јадам со мерак. 1мама дај ископај од тоа книгата некоја посна торта се мрсни се тоа ,јас во постиве треба ли да се облажам . Регенбоген јас и ти со вежбањево врвка ,ај да се мотивираме некако орбитреков само го гледам двапати се качив и малиот почнува да кенка и толку ми треба мене,катастрофа сум. Ај се распишував јас по сабајле триста рабоќе ме чекаат ајт со здравје.
јас сум немала таков проблем ама те советувам да си одиш на гинеколог најдобро јас имав таков проблем кога се поправив многу и тогаш 1 и пол месец не ми дојде па бев на гинеколог и испадна дека сум за ниигде значи бев дебела со железо 2 а 14 е минимум имунитет никаков и плус имав бактерија закачено Најозбилно да си одиш на време на гинеколог поздрав
Не само што не можам да се качам на орбитрекот туку и нема шанси нешто друго да повежбам... денес 11/90 јх појадок 2 портокали ручек шпагети со сос од домат со лук вечера рум штангли и црно чоколадо Пријатен ден!
Убав ден девојки! 2/90 д. една грс Аронија и една чаша сок од лимон р. пецен компир со зелка салата в. исто сакам да ве прашам дали ќе влијае на диетата ако секое сабајле си каснувам по една лажичка мед, морам да го јадам бидејки не е само мед туку во теглата има и раствор за имунитет, и докторката ми го препорача да го примам заради појава на една инфекција Поздрав
http://www.coolinarika.com/recept/kolac ... ama-posno/ http://www.coolinarika.com/recept/760962/ http://www.coolinarika.com/recept/posni-kolac-bez-ulja/ http://www.coolinarika.com/recept/posno-rafaelo/ Леонтина еве ти рецептчиња инаку странав е прекрасна јас секој ден си ја пребарувам поздрав и со лесно постот јас ќе пробам последната недела здравје само поздрав
А дали јадете варени или печени во рерна компири? пошто викаат дека варени компири било исто како да јадеш леб а јас ги обожавам во скробен ден ...
Втор ден, скробен. Појадок,јаболко. Ручек, печени компири зачинети со сол и бибер, салата од домати,само со малку маслиново, босилек како зачин и сол и едно парче леб. Вечера,истото без лебот,може место салата супа.
протеински ден. п.1 банана р. печурчиња и копанче и салата в. незнам што ќе ми биди на роденден сум ќе видам што ќе има на мени а можи и да си јадам дома па таму да си паткам со малиот
Овошен денеска досега имам изедено 1 банана, 1 јаболко, 1 малецко посно слатко и сега еве јадам компот од овошје, пресно варен и без шеќер поздравче
Децо, јел ово може у јагленихидрати ден без пилешките гради и без хопла? http://off.net.mk/mojata-kujna/glavni-j ... o-pechurki Нема да биде тоа,тоа,ама сепак,печурчиња,лукче,кромидче,за мерак! Еј и да потенцирам во вог би го правела,без масло или три капки преку сила!