35 ден протеински - печено свинско месо исечено на мали квадрати, количински беше колку цела дланка. Лебче си јадев со тоа и претерав. И пак ќе си напишам план за неделава: 36 ден - скробен, леќа! 37, 38, 39 ден - витамински 39 - скроб И за викенд ќе имам протеински и јх! Детоксикација ме чека. Минатата недела планот горе доле го исполнив. Ама мора да признаам јас кога имам гости и кога сум на гости полудувам по храна. Се ќе се купи, секакво благо и јас си јадам прекумерено количински. Лоша бев, несериозна и криво ми е. Нема што првиот месец добро ми одеше, а овие денови некако разочарувачки. Чинам скробниот (добро за витаминскиот се подразбира) ден е најдобар за слабеење. Секое добро !
протеински ден: п. киви р.2 јајца.ајвар и сиренце. и јас претерав со лебот и затоа ќе вечерам ајвар и сирње. иначе сум -1кг. и ми фалат уште -3-4кг
помина една недела, со пмалку 1 килце, се надевам ке дојдам до 90 тиот ден со многу многу помалку килца
23/90 Јагленохидратен ден денес за појадок 2 јаболки за ручек макарони и кечап за вечера нешто благце, појма немам што. Добро е, добро е. Штом имам време сите ке ве прочитам и пишам рапортчиња секои 2 мин
Денес претерав појадок 2 јаболка ручек макарони и кечап(абе количински колку јадете?) ја изедов 200-250 грама после изедов 1ипол коцка чоколадо за готвење и после една шака сончоглед... потоа сладолед (не беше на топки туку на стапче овошен) и еве сега неможев да издржам и изедов 50 гр чоколадо....... лелеле бееееее
Јас се потресувам кога ќе изедам 1 компирче повеќе или 20 гр стек повеќе, ама одма се тешам кога ќе видам дека некој јаде ајвар или крофни ви завидувам, мене совеста би ме изела после тоа
Јас ја држев диетава 2ипол недели без ниедно прекршување, се додека еден јх ден не си се прејадов убаво со благо. Тоа беше отприлика пред 2 недели, до тој ден имав -4 кг симнато. За овие 2 недели вратив 2 кг и тоа пак за појадок јадев само по 2 портокала секој ден ама си претерував со лепчето во текот на денот. Ова откажување ми е за памет. Сега сум решена да истраам во диетава. Гледам има многу нови диеталки од последниот пат кога пишав Значи од утре ја почнувам пак и овој пат идам до крај
Инаку читав некоја диеталка имала проблеми со месечниот циклус за време на диетава. Морам да пишам дека мене ми доцнеше 9 дена додека ја држев диетава, а нииикогаш претходно тоа ми се нема случено толку многу да ми доцни... нз дали има некаква поврзаност ама и др диеталки мн поодамна што ја држеле диетава истово го имаат коментирано во темава.
Јас додека ја држев диетава 9 дена ми доцнеше а тоа никогаш ми се нема случено. И др феминки истото го имаат коментирано во темаава. Не знам дали има поврзаност, ама не е ни чудно да има, секоја диета е шок за организмот, колку и да е здрав и избалансиран новиот начин на исхрана сепак факт е дека пред диетата организмот бил навикнат да функционира со многу повеќе калории од 1200ккал на ден.
И јас морам да пишам пак денеска сум претерала стварно правев кифлички и и морав да пробам, ама ај не 1 - 2 , туклу 4-5 изедов, малецки се, ама пак со грижа на совеста сум сега
Добро утро! Вчера 31/90-Скробен. појадок - 2 јаболки ручек - ориз со печурки, морковче и зачини, и салата марула вечера - половина порција ориз и салата.
Доброутро унки,како сте ми?јас решив да и се скарам на дигиталнава вага оти многу ме нервира и ветувам дека повеќе нема да се мерам Сега си пијам нес кафе и го смислив менито...Еве јас што ке јадам денес м м м м.... http://moirecepti.mk/post/посни-ружички-со-спанак/ одам да ги правам а за вечера планирам 1парче торта неа најмногу и се радувам мајте убав ден иако е надвор
не излегува рецептов,незнам а неможам ни слика да ставам катастрофа сум,ако го сака некој го има на морецепти.мк
58/90 скробен ден Грашок манџа денес ,ама вчера каква вечера беше и посна да ви кажам, сега не бев светица ги похував ракчињата и лигњите во најмалку масло што можеше ама одамна немав јадена нешто вака вкусно како да не бев на диета и на пост. Инаку сега откако сум на пост протеинскиов ден не ме заситува баш ,рибата ми е како мезе ,туна така без лебче не дека не оди ама пусто не ме заситува ,друго беше со скара или со јајца ехе живеев знаејќи дека протеински ден има да се како човек а сега . Фала за подршката вчера ,стварно денот ми беше демотивирачки ама па мора и такви денови да има нели. Еве денес нов ден одиме понатаму ,до крај па колку се симнат толку јас знам дека давам се од себе е сега што имам противник ваков спор метаболизам тоа е друга работа. Ајде имајте си убав ден
24/90 Овошен ден Денес овошен. Денес поминав со 2 киви и една банана ( прв пат каснав банана во целата диета) до вечер планирам уште 2 киви и толку. Морам да си ја земам дозата де. Уште еден циклус ме дели од Водниот ден, појма нема дали ке издржам, се мислам дека нема шанси да го издржам цел ден, а половина? само ке се измачувам. Па по цели денови сум на работа, плус физички и навистина се двоумам.
9ден. доручек: цеден сок од 2 портокали ручек: салата зекла и половина шарска вечера: само 2 крставици (ја претерав со месото) p.s. кој ден можам пуканки? Не од микробранова, обични дома испукани?? ептен си ги сакам
Моето чудо од јадење - марула, едно лукче и дајкон претопени со леќа. Се двоумев за комбинацијата ама таа беше просто прсти да си излижеш.
BonnieTop до тебе прашање.. зошто толку малку овошје? и јас сум денес овошје и супер поминав.... појадок имав 2 јаболка и псоле јадов уште 3 јаболка, 3 портокали, и нешто компот од праски.. и после јадев уште 2 јаболка и уште 1 портокал мислам?? и сега после зумба изедов уште една јаболка.. ме стави во мислам да не сум претерала... за утре протеински.. да ве прашам.. утре може пржени јајца со малку зејтин или со маслиново масло? ве молам одговор..