Бадеми лешници семки сончоглед такви работи дозволено ли е тие во кој ден спаѓааат . Онака чисто информативно
1 ден Д. 1 јаболко Р. 3 варени јајца, 1 парче интегрален леб нутри и салата од зелка В. / 2 ден Д. 2 портокали Р. компир салата и 1 парче леб В. Ке јадам уште малку од салатката Досега иде добро, инаку пијам околу 4 л течност ( 750 мл чај без шекер, околу 3 кафиња и останато вода) Поздрав до сите диеталки, се надевам сите заедно вака побрзо ке слабееме
19/90 Скробден ден печен компир со зелена салата оди добро со мала утка за водици.. си апнав малку пивтија ама продолжуваме понатаму
2/90-Скробен Појадок:Портокал Ручек и Вечера:Подварени компири печени во фолија со неколку капки маслиново масло,вагета и оригано.
Едвај помина вечерта,мислев нема да издржам повеќе,ама добро е не се откажав.Проблемот е што сум многу стрвна и се што ке видам ми се јаде,а па кога ќе видам на реклами на тв нешто вкусно........ммм.......ме фаќа гооооолема криза. Ај некој нека ми каже пица за јх ден се јаде едно парче или цела од оние теста за пица што се продаваат? Сакам да се придржувам целосно до диетата за да ослабнам повеќе. Ammy.lee ептен сме погодени во диетата,заедно сме почнале,ќе ти држам среќа да издржиме што е можно повеќе и да имаме што е можно повеќе килограми минус.
ХелоуКити Јас мислам само по едно парче. Утрово си носев од дома 1 портокал за на училиште ама го фрлив,внатре беше скроз сув и без сок,ми се згади и не појдов да купам нешто друго. За ручек ќе јадам лиснато.А за вечера капучино,мачмалоу колаче и 1 ред темно чоколадо. Сакам да ве прашам какво чоколадо консумирате,јас се мислам да си купам од чоколадите на Европа со 75% какао,и дали постои некое со повеќе % какао? Spoiler Ова второто е со 70-75% какао,и е преубаво но незнам зошто не можам да го најдам по маркетиве и поголемите продавници..А баш ми беше погодено оти мало а кога ќе купам големо чоколадо се само таму ми е умот за уште еден ред да си каснам
40/90 Скробен Денес на менито имам зеленчук со ориз , а од овошје едно јаболко. Некако стагнирам периодов со килажата и се нервирам. Губам мотивација. Се надевам утре со овошниот ден ќе ја средам работата.
3 ден ЈХ П-јаболка Р-баничка(лисната со малце кашкавал и свински врат) немаа други морав ваква може не требаше ваква В-планирам еден ред црно чоколадо и некоја тортичка Денеска на физичко баш ми текна да се мерам...И сосе патики,тренрки,блуза и џемперче бев 74,5...па а 7 дена па ќе се мерам.
6ден Скробен п:1 банана р: печен компир со салата од морков и цвекло в:пола од ручекот Да ви кажам дека задоволна сум како издржувам Голема мотивација ми е едно девојче кое лично го познавам а од оваа диета ослабе повеќе од 27 кг и се промени личниот опис а богами и животот
3/90 - јх Д- 2киви и 1портокал Р- Макарони со кечап В- нема да вечерам бидејќи не сум гладна, можеби една витанова ако ми се пријаде.
Ги поддржувам сите што ја држат, ви посакувам упорност и резултати, ја држев и јас но заради бременоста ја прекинав, а задоволна бев...планирам да и се вратам бидејќи ќе морам некако да ги изгубам добиените 20кг
22 ден протеински Доручек 2 мандарини Ручек 2 варени јајца со салата Вечера варено јајце со јогурт и салата . Инаку за 22 дена симнав 2.5 килограми ми фалат уште 2 .5 за посакуваната бројка , некако стагнирам а почнав и со активно вежбање .
3 ден јх Д- 1 портокал Р-пола тесто за пица печено со кечап В-парче торта и 1 ред чоколадо за готвење Повторно околу 4л течност и малку вртење орбитрек и 30 стомачни Ај од оние кои издржуваат подолго да вежбаат на орбитрек да ми кажат како успеваат,денеска одвај успеав 7 мин и тоа на скоро најмал отпор . Се надевам ке го издржам овошниот ден.
Од вчера почнав па ајде да си пишам. 1/90 протеински д: 2 јаболки р: 2 варени јајца + салата В: 2 варени јајца + салата 2/90 скробен д: 2 портокала р: пире+салата в: пире + салата За тие што стагнираат со килажата, не се нервирајте и не се откажувајте ќе изгубите нагло неколку килограми. Нормално е за 90 дена да се погоди период во кој ќе стагнирате. Диетава ја држев во лето 2012 и ептен бев задоволна од резултатите ама ја прекинав после 35-6ден. Сега сум решена да терам до крај. Ме интересира дали некој од вас се придржува кон водениот ден? Поздрав Феминки!