pozz do site na forumov. Mene denes mi e tret den . Ako moze nekoj da kaze drugi kombinacii za jadenje osven meso primer ili blago za vecera i dali moze da se jade ovosje pomegu rucekot i vecerata ili posle vecerata.
Па во протеинскиот ден можеш да јадеш варено или печено телешко/пилешко месо или риба,понатаму јајца,можеш печурки спремени со зеленчуци. Или бабури,сармички и сл.ама само со месо ,без ориз. Во скробниот ден имаш повеќе избор леќа,грав,грашок,боранија,ориз,можеш блага тиква,тиквички ама полнети само со ориз или бабури исто полнети само со ориз или сармички на ист принцип-посни. Понатаму печени компири,компир манџа ама без месо,турлитава исто без месо внатре. За јаглехидратниот ден не можам многу да ти помогнам јас не го држам. Ама гледај во тој ден кога ќе бираш колаче или нешто слатко за вечера да прогуглаш како стои со калории. Пример мафин со чоколадно полнење има исто калории како порција од 3 американски палачинки со овошје. А,овие последниве повеќе ќе те најадат. И не,овошје не може да се конзумира помеѓу ручек и вечера туку исклучиво како појадок во сите денови од диетата. Ако те интересира уште нешто ,пиши ,тука сме да се бодриме.
Диеталки мене ме интересира дали во скробниот ден се јаде само едно пр :печен компир,или ориз ,или леќа или може да се мешаат состојките пр:компир манџа со ориз ?
По правило само едно се јаде. Но, можеш на пример да измешаш ориз со грашок и морков. Бидејќи во случајов оризот е покалоричен, но грашокот и морковот не толку. Исто и компирот можеш со морковче и кромид да го измешаш. Но, што се однесува до леќата, гравот, оризот и компирот не би ги мешала едни со други бидејќи се покалорични.
7ден -Јагленохидратен п:ништо р:макарони со кечап в:1ред црно чоколадо Ќе се мерам на 12ти ден и баш ќе видам шо резултат ќе има
21/90 ден требаше овошен но не ми се јадеше од тоа што го имав дома.. па заради тоа земав направив салата и чинија супа..
3/90 Овошен Д- 2 портокали Р- 2 киви, 2 мандарини и портокал В- 1 мала кива и 1 мала мандарина Искрено мислев нема да издржам , дека ќе направам некој кикс во овошниот ден , но издржав И вода, многуу , многу вода пијам . Кога ќе ми се пријаде пијам вода.
5/90-протеински П-јаболко Р-2 варени јајца,едно рибанче црн леб и 2 кисели краставички в-планирам 1 јајце и една краставичка
Овошниот ден вчера помина супер, без ниту една грешка. Денеска 5 ден Д-2 мандарини Р- малку месо, 1 парче леб и 1 карфиолче В- Само кременадла помала И секако многу течност. Kikitta се мереше ли, колку ослабна?
8ми ден овошен До сега имам испиено само 2чаши вода со по еден исцеден лимон ... не ми се јаде така да исто како да сум не воден дем ми е ова
Сакам да ве прашам... Дали може во скробниот ден да се јаде варен зеленчук (оној што се продава во маркети како на пример „златна мешавина„) ? Сакам да ја почнам диетава од понеделник..
А да си прашам јас...треба ли многу вода да се пие? Мислам дали влијае тоа во односн на тоа колку кг губиш? Оти јас некогаш само со две шаши на ден сум..ете не ми се пие не чуствувам жед.
И јас сум таква Стефани, заборавам вода да пијам бидејќи едноставно не чувствувам многу потреба. Или посебно ако не сум по цел ден дома едвај една чаша пијам. А многу помага. Така да, некогаш и сосила се терам да пијам вода, бидејќи многу помага во слабеењето , а и не се чувствуваш толку гладна. Иначе 42/90 Протеински Доручек - Јаболко Ручек - Пиперка со мелено месо Вечера - салата Иначе среќна сум почна вагата повторно да кажува помалку килограми. Ја скршив 10ката
Задолжително е на ден да се пијат 3л вода ама ретко кој пие толку.Ако неможеш прај си лимонада јас така си ја викам (чаша вода и пола лимон исцеден во неа ) Еве мене денеска ми е овошен ден но имам испиено 3-4 чаши со вода и лимон и не осеќам глад Може да се пофалам дека пред време го издржав водниот ден
од утре алармот на секој час нека ѕвони па да се потсетуам дека треба да пијам Иначе Свака ти част..белки и јас ќе ја скршам таа десетка
Моја познаничка (школска од средно) се смени целосно со помош на оваа диета.Додека бевме во средно беше претерано дебела околу 95 кг а висока околѕ 165.Кога ја видов на факултет подоцна не можев да ја препознаам,ептен беше ослабена.Ја држала 3месеци меѓутоа строго се придржувала до она што е напишано.Се јаде чоколадо за готвење,а не друго.Во скробниот ден само она што е наведено а не ориз..Исто така банани воопшто не јадела. Кога помислам на неа веднаш добивам мотивација да ја издржам барем 2 месеци.Затоа оние кои сакаат да ослабнат повеке(20) нека се придржуваат строго до она што е напишано.Досега воопшто ја немам прекршено,ама утре ке одам на гости,скробен ден ми е и нема да можам да земам ништо..
6 ден-Скробен П-2 портокали Р-грашок(манџа,не запржена и без месо) со зелка салата В-половина од ручекот а тоа би било само грашок во помала количина
3/90 јаглени хидрати д: 2 јаболки р: макарони со кечап в: чинијче пудинг 4/90 овошје д: 4 смокви р/в: овошна салата Девојки тиквата кога може да се јаде?
9ден -Протеински п:ништо(станав касно) р:копанчиња со шопска в:само салата ^ тиквата спаѓа во скробниот ден мислам