Еве и јас да се пријавам 83/90 - Овошен Сега за сега само јаболко и кафе, се надевам денов ќе го продолжам само со јаболка. Да бидам искрена последнава недела изгубив мотивација, не можев овошните денови да ги издржам. Плус, во ПМС сум и тоа ужасен овајпат не знаете колку ми се јади луѓе И каснав благо завчера, едно Кит Кат не е страшно, ама пак Како резултат на тоа стагнирам, но ајде барем не се здебелив Сега за сега резултатот е тој 16.7 (знам да варирам од ден на ден, но на крајот на неделата тие се килограмите) Имам уште една недела од диетата, ќе ја издржам до крај макар и со грешки. Потоа почнувам повторно и тоа си ветив дека овајпат ќе се мерам 1 неделно, во ист ден за да гледам како ми варира тежината од недела во недела.
49/90 Протеински ден п:1 банана р: 3варени јајца + 1домат и краставица ,парче сирење в: планирам шопска па ќе видам како ќе сум гладна Знам дека бананата не е многу препорачлива да се јаде но од овие 49дена ова ми е трет или четврти пат што каснав банана Не ги обожавам ама денеска им се настрвив Spoiler Инаку девојки морам да ви кажам да неам грижа на совеста пред 2 дена кога ми беше Јагленохидратен ден јадев многу Имав баник со праз (кори,праз и сол само) тоа за ручек и нели за вечера благо ... Јадев цела ден бее и изедов повеќе благо од дозволеното значи неможев да се контролирам пред ПМС бев леле како слон се осеќав Ама вчера овошниот ден супер ми помина и + добив така да неам многу апетит и си ветив дека нема да дозволам да го повторам тоа пак !
Да упаднам и јас малце во темава ..мене ми е 23ти ден .. а сакам и јас да почнам со турбото.. Кога да почнам и колку време да ја држам ?? И дали после тоа пак нормално си се продолжува од кај што си застанала =)
Да упаднам и јас малце во темава ..мене ми е 23ти ден .. а сакам и јас да почнам со турбото.. Кога да почнам и колку време да ја држам ?? И дали после тоа пак нормално си се продолжува од кај што си застанала =)
Може ама туна во вода,не во масло. Инаку девојки јас се разделувам од Ун , не можам веќе да ја држам здосадена ми е ептен. Ќе се префрлам за остатокот од килограмите на друга диета. Ајде па до лето сите да ја постигнеме целта.
Jaс сакам да ја почнам диетава,мајка ми сакаше вето да ми стави ама ја подубедив малку. Само проблемот ми е еден, не можам да издржам јас на овошен ден, дали е дозволено или е преголем прекршок ако тој ден ми биде и овошје и зеленчук, не можам да ручам јас никако овошје нема да издржам 200 посто. Инаку останатите денови ич не ми се проблем, ама ова со овошниов ден не можам и не можам, сум пробала и тешко ми одеше.
Сите го мислат тоа еве и јас иако многу пати ја имам држано диетата секогаш се плашам од овошниот ден заради тоа што многу малку јадам овошје едноставно неможам ... Ќе се навикнеш и ќе видиш дека можеш, еве јас би ти предложила сабалје да јадеш нешто овошје јаболка најубаво потоа можеш да си каснеш суво овошје,смоква или суво грозје (но малку) некоја урмична но да не се претерува многу со сушеното овошје , (тоа заситува) Остатокот од денот можеш да грицнеш семки од тиква,сончоглед,касни некое бадемче или лешник но од сетоа оваа не повеќе од 100 гр Еве јас 50 гр сончоглед цела ден грицкам и ми останува ама само кога ќе почуствувам ептен да ми се грицка нешто,можеш и салата да јадеш ,салата навечер е поубаво отколку овошје Јас многу се плашев дали ќе издржам но целата мотивација ја добивам од овде од сите овие феминки што ги споделуваат своите секојдневни работи во врска со УН ... Ако се сака се се може !
Патешествие од 4 ден: Доручекот го започнав со суви сливи и малце кајсии, ручав салата патлиџани и краставици без зејтин....а вечера може два грста непечени индиски ореви и бадеми...и уште некоја сува слива и кајсија........и сега ми е некако криво, мислам дека изедов повеќе него што треба..... ама ја видов килажата намалена ....и одма се отпуштив...Ајде утре нов циклус, се надевам без прекршоци!
Денес 10 ден протеински: доручек: брусница сушена и една мандарина ручек: 1 парче месо, кашкавал и павлака (све испомешав од протеиниве ама не ми иде само месо да јадам ) пиев прееска едно нескафе со млеко и сега не ми се јаде. Инаку една другарка лани кога ја држеше диетава не се придржуваше ич на деновите (т.е си ги менуваше) држеше некогаш 2 протеински или скробни и во јагленохидратен сендвич со кулен и кашкавал јадеше и 13 кила смкна за еден месец и тоа без вежбање.
Хипстер, јас во текот на диетата за време на витаминскиот ден јадев предпладне овошје,попладне салати. Некои овошја содржат повеќе калории од салатите од типот на крставица,пиперка,марула,зелка,праз и сл. Освен тоа јаглехидратите од овошјето повеќе се трошат наутро,навечер се таложат. Така што мислам дека немаш гајле ако јадеш и салати во тој ден. Се слабее бавно,ама сигурно.
5/90 Доручек- ѓеврек + некое бадемче и малце пуканки ( морав нешто да каснам да ме држи, зашто ми препишаа денес антибиотици) Ручек- туна со ржано лепче и маслинки Вечера - морам да се казнам ....со зелен чај, и салата од марула.
47 Ден инаку 2 ден од турбо ун-скробен д-цеден лимон со ѓумбир и 1 јаболко ручек и вечера околу 5 сат грав и салата зелка Ај да видиме ке почнам ли да ослабнувам,скоро 2 недели стагнирам на 63 кг,ми се смачи веќе