Малку ќе бидам оф топик ама не ми е јасно, вежбам со години и до скоро не можев ни еден склек да направам. за 50-те. Ќе мора да се трудам повеќе.
Денес ми беше 58 ден, вчера се мерев и конечно мрднав уште некое килце Точно -10, имам 61кг, сакам до 55 да стигнам иако ми зборуваат дека доста ми било, јас не сум сеуште задоволна, само да сум се зацврстела, ама пуста мрза... Една другарка ми рече дека изгледало како да сум имала големи проблеми и затоа сум ослабела, сум се исушила поради тоа... така ќе си помислеле луѓето.
Од утре планирам да ја почнам диетава па сакав да прашам дали е дозволено да се јаде овошје и зеленчук како за ужинка.
Денес 7 ден, скробен. Ослабена сум -2 кг Точно се придржував, направив само 1 грешка во рок од 7 дена. И морам да кажам дека застанувам тука, поради некој причини неможам да ја продолжам диетава. Поздрав до сите
15 ден се на се 3 килограми ослабната, два пати ја прекршив од оправдани причини ама задоволна сум ќе видиме за понатаму... утре јагленохидратем мм омилен
64/90 Овошен Банани и Киви , марука,домат и варен компир Така ке терам цел ден . Не сум се мерела подолго време , деновиве ке се качам на вага
Јас ја утнав начисто...Бурен викенд па грип...и замина се во неповрат.. Денес одам да си купам вага, ми фали Ако си ги гледам килата секое утро нема да ми текнува многу на јадење. Се дружиме понатаму. Некако ми треба психичка припренма пред да почнам убаво.
57/90 Овошен ден Ќе јадам само јаболка,и можеби салатка,а во меѓувреме психички ќе се спремам за утрешниот воден ден
МИслам дека во овошен ден не можеш компир да јадеш,тој е за во скробен Од зеленчук марула,зелка,морковче такви работи Инаку јас вчера направив грешка,каснав баклава и за казна не вечерав Денеска протеински ден,плескавица и марула со младо кромидче Колку зеленила изедов оваа недела,ко кравче сум Браво за сите што си ја завршиле и ги постигнале посакуваните резултати,ми давате огромна мотивација, девојки!! И јас така да се радувам во поскоро време
Многу несвесно прашање и од моја страна , да компирот е во скорб не сум јадела до сега во овошен,не таква грешка не правам само ме зачуди Полис малку затоа
Завршувам втора четвртина, послесно ми е да ги рачунам вака на 4ри дена период него на недела, тамн ќе терам 10 четвртини, тоа се 40 дена. Си мачам мака со овошниов ден, еве и после 2 банани ми се јаде ми се плаче. Ќе го силувам за ручек сега сувово овошје, можда има шеќери повеќе ама па ме заситува многу повеќе дури и од банани, за јаболко и портокал да на правиме муабет. За вечера една краставица и вајда шака ореви, тамн испостена утре да се омрсам со копанчиња потпечни, милина. 7, 7ипол кила ми останаа, мислам дека нема да е невоможно за следниве 32 денa да ослабам толку, ама ќе видиме.
Леле диеталки денеска ми е овошен ден која криза ме фаќа не сте свесни МИ СЕ ЈАДЕЕ нз шо ми е Имам изедено 3 јагоди и 30гр сончоглед пола банана .... неможам овошје не ми прима организмот не ми е убаво ... гладна сум Се налевам цела ден со свеж цеден лимон и вода .... Цревата рокенрол ми играат ,ама па ми се јаде и во исти момент добивам мотивација дека штом ми крцаат цревата се топи тоа внатре и тоа е - Ако неможам да издржам ќе гледам да јадам некоја салата до вечер или порано ќе си легнам
се е психички... се додека во главата си на диета се повеќе ќе ти се јади... мисли си дека не си на диета и дека се ти е дозволено но само заситувај се со чај, вода малку оошје и салата... не е страшно ќе издржиш.
Добро утро на сите, гледам некако мака мачите со овошниот ден, јас немав мака 2 пати до сега го издржав без проблем, ама цел ден на јаболки, портокали и една банана, па успеав. Гледам најголеми промени на килажа ми се јавуваат баш после тие денови. Денес 10/90 ден ми е и веќе 3,5 кг имам симнато. Се надевам ќе ја постигнам целта