22/90 Овошен: Свежо цеден сок од портокали и праски, зелен чај, салата марула, чорбата од компир манџа. 21/90 Јаглехидратен: Праски, перек, две топки сладолед, три мафини. 20/90: Јаболко, банана, портокал, варени компири, пуканки. 19/90 Протеински: Две јаболки, стек со салата, павлака со сувомеснато. Доста е отчет за овие 4 дена. Инаку кога јадам повеќе си се казнувам, односно вежбам повеќе од вообичаено.
33/90 Овошен Банани киви и мандарини...плус чај! 34/90 Протеински доручек: 2 манадрини ручек: 2 парчиња месо и салата вечера: само салата и сирење (не остана месо ) 35/90 Скробен доручек: 2 мандарини ручек: грашок, салата и леб вечера: исто без леб 36/90 Јаглехидратен доручек: 2 киви ручек: шпагети вечера: 1ипол парче торта и малку мармалад 37/90 Овошен портокали и банани Ќе се мерам после наредниот овошен ден да видам дали има промени, бидејќи во последно време не осеќам промени...
67/90 Јагленохидратен ден д: портокал р:гевречиња в: ке се јаде благо само незнам што уште сум -5 не мрднав . незнам што е али на 75 ден почнувам со турбо !
Здраво, денеска овошен ден ама мислам дека најтешко ми е, овој е 3 пат како паѓа али некако не ми оди денеска, има ли нешто за залажување да го поминам денов без проблем? Инаку најверојатно Полис има помалку за симнување штом е само -5 до сега. Јас денеска се мерев 12 ден ми е а веќе се 4 кг помалку. Најверојатно кај секого е различно. Поздрав и без откажувања
Промени ја исхраната ,не јади се иста храна јади овошје на сабалје обавезно и повеќе салата на ручек,ти препорачувам зелка залата со морков и цеден лимон само со вода пиј преку ден ,тоа многу помага при гибењето на вишокот килограми .
3/90 Јагленохидратен д: 2 јаболка и зелен чај р: макарони со зеленчук ( тоа имаше на работа најблиску што одговара до денов. Фала богу беа без сирење) в: Благо Литар вода до сега и 3 шољи зелен чај
само придржувај се колку што можеш до диетава и немај гајле, јас се надевам дека ќе продолжи симнувањево на килажа дека нема да застанам да стагнирам за некое време. Мислам дека целава работа е до тоа да не се меша работи што не спаѓаат во денот што е назначен. Јас количински си јадам повеќе ама не сум измешала сеуште. Плус и ради работава мене ручек ми е во 5 поручек па додека да стигнам дома знам да си каснам уште некое овошје само за да не земам нешто друго за јадење.
Фала за советот, ке пробам сега после овошниот ден да сменам во исхраната.т.е да менувам почесто бидејки се исто јадам . И се мислам дека ради тоа и не слабеам .
Девојки вие што имате изгубено 4-5кг за две недели, тоа е само водата во организмот! Лично за мене ќе кажам...денес ми е 10ден и имам само 500гр симнато што е жива смешка во споредба со вашите резултати за 14 дена 4-5кг...Немам многу за губење 7кг максимално, па затоа знам дека ќе оди бавно! Ако стагнирате со килограмите, почнете да бидете физички активни! Ете од денес уште 20дена и јас точно на месецот ќе ви кажам колку сум изгубила од мојата тежина! Позз до сите и да не се откажувајте, бидете цврсти кон својот став зошто само така ќе докажете дека цврс карактер!
Здраво на сите! Јас лани бев на оваа диета и сум многу задоволна од резултатите, за 3 месеци ослабнав 9кг но си ги вратив килограмите од не пазење на исхраната Од денес пак почнав со диетата па ќе видиме како ќе оди. 1.ден Доручек:1јаболка Ручек:2 парчиња печен стек со салата Вечера:1 парче стек со салата
Луѓе мене сабајле ептен ми се слоши, паднав буквално неможев да станам се тресев а никогаш ова не ми се десило а сум ја држела и таа на Жан Митрев диетата и многу други, се откажувам од УН додека не ми се случило нешто посериозно, мислам дека не ми ја прифаќа организмот зашто сум научена секој ден да јадам месо и млечни производи а овде ги има само еднаш во 4 дена.А и немам многу за симнување уште 5-6 кила ми требаат, не вреди уште 2 месеца да се измачувам со диетава.
Можеби си јадела ептен мали количини,инаку чудно ми е од оваа диета да произлезат проблеми Ги има сите намирници за конзумирање и на најдобар начин искомбинирани. Ама штом уште толку килограми ти се,држи си свој некој режим и одржувај ја тежината. Исто многу битно за диетава како што читнав,е да не јадеш стално исти комбинации,мора да внесуваш различни овошја,или еднаш месо,другиот круг јајца итн итн.Јас и од таа страна гледам да се придржувам. Како и да е,ти гледај да си здрава,па за килограмите ќе се средиш
Внесувањето на разна храна влијае верувај,пр не јади секогаш јајца,прави си и месо стекче или риба,исто и со компирот нека не ти биде се на мениот направи си грав или леќа со зелена салата искомбинирај,макароните замени ги со лиснато или со геврек и кечап, така комбинирај и нека не ти биде менито се исто и ќе видиш дека ќе има промени. Еве јас ретко јадам овошје за доручек ама кога јадам гледам една ден да биде јаболка друг ден кива ,па јагоди .... Ако овојпат сум имала компир другиот пат јадам леќа , и пијам многу вода со лимон верувај дека доколку го примениш оваа ќе имаш резултати....си стигнала до овде не се откажувај
Разликата е што ти имаш за губење 7кг а јас имам 27кг Така да ако видиш 4-5кг не се апсолутно ништо. Три дена да не јадам како стока толку се Утре овошен
Viktorijaaa5 .... Откажување никако нема шанси . Од утре менувам , бидејки денес сум на овошје па ке видам какви ке бидат резултатите . Фала