Побарај онлајн калкулатор, внесувај ги калориите во MyFitnessPal и раководи се по планот нивен подолг период. Подобро е да изгубиш 3кг месечно него 10 кг и јо јо ефект.
здраво до сите феминки кои ја држат оваа диета. мене денес ми е веке 5ти ден и не чувствувам воопшто глад туку напротив се чувствувам прејадено. денес ми е 5/90 протеински ден: п- два портокали, р- 3 парчина стек, салата, шолја супа без резанци и в- 2 парчиња стек и салата мечутоа сакав со вас да споделам тоа што барам на нет и ја најдов на српски јазик прирачник за слабеење за ун диета специјален е за нејзе е наменет незнам дали имате слушнато за него , многу корисни совети и рааззнниии рецепти за секој ден посебно од 1-90 ден има па ако сакате можам да ја споделам со вас да си ја преземите па заеднички да готвиме и слабееме )) поздрав од мене се пишиме утре )))
Вчера беше скробен,ден број 6 П-две банани Р-варен компир и малу леб В-половина компир без леб Малце смоки си лапнав
Девојки сакав да ве прашам.. Дали вишокот килограми се симнуваат побрзо? И дали има врска до метаболизмот? Сакам да изгубам некаде до 10 кила што ми се вишок, може тоа да се деси одпилика за 2-ипол месеца? Висока сум 160 и би требало да имам околу 57-58 кила, целта ми е 48 или пак 50. Нека ми каже некоја како делува диетата на вишокот килограми, и колку килограми сте изгубиле од прилика ?
Секако кога ќе почнеш било каква диета,не можеш да очекуваш резултат за два дена.И те каква врска има со метаболизмот.Јас кога ја држев диетава после 15дена,симнав одденаш.За разлика од другарка ми на која и требаше еден месец за да воочи разлика. Јас и го прекршував правилото на диетата.Бидејќи бев во развој негде на 15год. многу ми се лутеа дома,дека диета воопшто не ми е потребна,бидејќи почнувам да се развивам.Јас изгубив 10кг за месец дена,но изгубив многу во висина.Се намалив некако. Кога увидов,барав на нет и на форуми и баш на овој форум ја увидов и Диетата на Ирена и почнав да ја комбинирам.Не гладувам,јадам што сакам,вежбам. Прилагодено и би кажала дека диетата на Ирена и не е баш диета,режим на исхрана ми е некако. Јас би ти препорачала ако си во развој,да не држиш ваква исцрпувачка диета. Ако не ти се брза со диетата на Ирена за два месеца ќе намалиш 10кг.
Не пишував ама уште си ја држам, денес ми е 9ти ден и одлично ми иде. Ја почнав со 69 кила а сега имам 67 Само никако да се натерам рано да станувам, секогаш го прескокнувам доручекот така да ручекот ми е доручек, вечерата ми е ручек и касно си легнувам. Го почнувам третиот циклус, повторно протеински и тој ми е омилен ден ( затоа што можам да си направам шопска и да си јадам како човек ) 9/90 Ручек - Шопска и печен стек Вечера - Многу мало парченце стек Приметив дека сум прејадена со многу малку што ме радува доста. Почнав и да вежбам на Орбитрек, степер и Тоталџим
здраво и од мене , )) вчера ми беше овошниот ден и да ви кажам право одвај издржав вечерта да не каснам нешто од фрижидер меѓутоа издржав до крај и си легнав да не мислам на јадењето денес ми е 9/90 протеински ден- поручек кафе, ручек гулаш со колбаси, таратур со баланс јогурт и шолја супа вечера мноогуу малку гулаш и шолја јогурт бидејќи се чувствував прејадено. во прилог ви ја давам книгата за која што ви зборував претходно што е специјална за оваа диета, некои можеби ја имаат некои. Јас бев пресреќна кога ја најдов книгата на нет бидејќи нема повеќе да се мислам што да јадам денес, лелел пак истото хахаха тие маки завршија со оваа книга бидејќи за секој ден имате разни рецепти и разни совети за правилна исхрана. негативна страна е тоа што е скенирана и на српски јазик но мислам дека ќе се снајдете Голем поздрав од мене па се цитаме и поддржуваме секојдневно бацкиииии
ovoj pat se nadevam nema da se odkazam 1/90 proteinski d /lubenica r/vareni jajca salata v /pola od rucekot
Интересна е диетата ја држев ирена диетата ама сега од утре ќе ја почнам оваа и со некои активности како што возам велсипед,трчам па се надевам ќе ослабнам 5 килограми,толку ми треба не повеќе
Ја разгледувам темата и гледам се држела 90 дена.Тоа за мене е премногу ќе се обидам еден месец ако ослабнам доволно кг. кога ќе се повторно здебелам пак ке ја почнам
Здраво женски. Се одлучив од денес да ја почнам диетата. Ме интересира дали наместо салата може да се јаде пиперки и домати пржени со ептен малку маслиново уље? Ве молам доколку некој знае побрзо да ми одговори. Ви благодарам
И јас ја држев диетата, и би те советувала доколку си решена, држи ја правилно онака како што е пишано, така да доколку пишува салата јади ги доматите и пиперките како салата, бидејќи не е исто пржени и свежи, па не би ти предложила да ги јадеш пржени. Само да ти го кажам моето искуство, јас диетава се осмелив да ја држам 2 пати. Првиот пат за 1 ден наместо месо и салата јас си јадев селско на скара без салата, па нели де и во него има зеленчук и месо, си мислиш исто ти се фаќа, вториот ден си го јадев варен зеленчукот како манџа (компир манџа, грашок со салатичка...)., Третиот ден пица обично јадев, но наместо само зеленчук јас и додавав и кашкавал растителен и вечерта ама буквално се изнајадував со благо, и четвртиот ден бидејќи неможев да издржам само на овошје јадев и салата од зеленчук, и резултатот беше едвај 5 кг за 2 месеци. А вториот пат се решив да ја држам само онака како што е точно напишана, без мои модификации. За 1 ден си јадев месо или јајца количински колку што е наведно со свежа салатичка, за 2 ден манџички без потпршка, за 3 ден јадев пица, но само со кечап и со зеленчук ( пиперки, маслинки, домати, габички) без растителни кашкавали и глупости, исто така јадев макарони и шпагети со кечап, а за вечера јадев благо само толку колку што е количински препорачано во самата диета. И четвртиот ден стрикно овошје, никакви салати од зеленчук. Водниот ден не го држев никогаш, ниту пак пиев кафе бидејќи неможам без шеќер да го пијам па немав друг избор освен да го исфрлам, сокови не пиев никакви и погодете каков беше резултатот за 3 месеци! Ослабнав максимум килограми колку што може да се ослабне од оваа диета, а тоа се 25 килограми за 3 месеци. Значи обратете внимание на ситните детали од оваа диета, не ги занемарувајте, ако пишува дека треба така да се јаде и така треба да го јадете, се разбира доколку навистина имате многу волја да ослабете. Па вие решете си јас си го кажав моето искуство. Се извинувам за рефератов ама само сакав да си го кажам моето искуство коешто сакав уште од поодамна да го споделам затоа што постојано ве читам. Со среќа на сите УН диеталци
Spoiler Во погрешна тема ти е поставено прашањето Администраторите нека го префрлат каде што треба. После "Зачувај" , "Прегледај" , "Испрати" ( каде што кликаш да го испратиш мислењето ) има опции и прикачи фајл. Пред месец и пол ја држев диетава 10 тина дена едвај. Не се придржував скрос по правилата. Пример освен овошје, некогаш каснав и благо. Вториот пат кога требаше да биде овошен ден не можев да издржам само со овошје Си дозволив и ручек. Напорно можам да кажам. Ослабена бев еден килограм и се откажав. Најмногу ефекти досега кај мене имало со диетата на Ирена комбинирана со спортување.
Една чаша оцет? Ќе си го расипеш желудникот. Здрава исхрана, редовно вежбање и доволно течности и сон се единственото нешто што помага.
Ако сакаш да пиеш ќе пиеш исклучиво јаболков и тоа домашен, и не со мед туку со топла вода, и не една чаша туку една лажица. Си ги побркала лончињата