Јадев што јадев, пред два дена ми почна третиот месец од диетата, и сега ми е трет ден од третиот месец уствари. Не сум ја прекршила овие два дена, ќе ја држам прописно па што сака нека е. Колку на моменти ми е досадна, толку и ми е интересна, во секој случај поарно ми е вака кога си имам баланс во исхраната и ограничени оброци, место да се прејадувам и да јадам што ќе стигнам во било кое време. Малку ми е пореметено спиењето овие денови, голтам многу кафе ама од друга страна пак горкото турско кафе ми го многу намалува апетитот. Претходните два дена. 1. Протеински, појадок парче лубеница, ручек 4 ќебапи со малце шопска (знам ќебапи не баш добар избор ама сепак е месо), вечера само малку шопска. 2. Скробен, појадок парче лубеница, ручек пола чинија компир салата, вечера малку компир салата. 3. Јаглехидратен, појадок гројзе, а за ручек чинија макарони, за вечера изгледа сладолед ќе биде (да искористам летото уште малку ) Си имам запишувано од почетокот на диетата, си водев евиденција за оброците во тетратка, напишано се од килограми до денови. Треба нова да си почнам . Си стојам на 63 килограми, и многу ме нервира кога стагнирам, дај боже барем 5 килца да ослабам последниов месец, иако се мислам дека поради тоа што ми се последни кила за симнување т.е. блиску сум до некоја идеална тежина, затоа потешко се симнуваат, ама пресудни ми се овие килца за да изгледам како што сакам. Има некој искуство со отприлика таа килажа и дали успеал со Ун да ги симне? Инаку јас ја почнав со 71-2 кила што на мојата висина (162-163) е реално бааги.
Јас диетава ја започнав вчера 1/90 појадок:1 праска ручек:2 варени јајца,супа и салата вечера:1 варено јајце и салата +10 минути кардио 2/90 појадок:грозје ручек:грав и салата вечера:исто од ручекот +10 минути кардио,8 минути abs workout
2/90 појадок: 1,5 праска ручек: 1 чинија леќа+кришка црн леб+салата(краставици) вечера 2: чинии леќа + кришка леб Утре сакам да си правам пица, па давајте идеи што би можела да и` ставам. Читав неколку страни претходно и некои ставале растителен, кашкавал, печурки , но колку е тоа дозволено?
јас ќе ти кажам како си ја правам пицата во јх. ден мало топче тесто домашно ќе си го растегнам во тавчето врз тестото ставам домати свежи крукчиња, неколку сецкани маслинки, пиперка лута и блага исецкана на крукчиња сусам одозгора и оригано , можеш ако сакаш да си ставиш и сечкан кромид ако јадеш Мене вака ми е мн вкусна
14/90 ручек 1 тањир печени компири и салата(без леб пошто се печени) за жал и парче торта да, сега ми е криво вечера само малку компирчиња после 14 дена денес се мерев сум намалила 3 кг...мене ми е малку тоа ама тоа е.Ајде барем уште 6 да симнам и супер.
3/90 појадок: 1 банана ручек: пица со домат,краставица (не баш паметен избор), печурки,растителен кашкавал,сусам и кечап вечера: 1 ред црно чоколадо и планирам 2 топчиња сладолед (мада после ручекот не верувам дека ќе ми се јаде до утре )
Значи вака, 54 кг. сум, според висината имам 4 кг. вишок(ама изгледам како да имам мн повеќе)... би ми ја препорачале УН или нешто друго да гледам? Какви вежби да правам за затегнување? Знам дека летото помина, ама јас дури сега решив да почнам Не сум мн. искусна со диети, па ако може некој да ми помогне
3/90 појадок:мусли ручек:макарони со сирење и кечап вечера:четри мали топки сладолед +10 minutes cardio
15/90 ручек 1 тањир макарони со кечап вечера палачинки Се чувствувам некако прејадено, ајде утре овошен ми е ќе се исчистам, обавезно морам да издржам!
Ја држам диетава, и ке ви пишам какви ми се оброците, ве молам за консултација дали правам грешка. Појадок - две овошја, најчесто 2 праски или грозје. 1 ден - парче пилешко на жар, салата, парче леб / вечера истото, само повеќе салата, помалку пилешко и без леб. 2 ден - гравче или боранија, леќа, салата, едно лепче/ вечера истото без леб 3 ден - макарони/ вечера благо некакво со чоколадо 4 ден - овошје, секакво, цел ден, оптрилика една овошна салата, пола лажиче мед, дињи, грозје, капини, банани. По колку дена сетивте разлика?
Би ти препорачал да го погледнеш ова. Ти фали мускулна маса. http://karas4training.com/mk/news/kako- ... kulna-masa
Во оваа што го напиша сега јас немам ниту една замаерка Ја држев 90 дена диетава и осетив намалување после 14 дена Едно 3кг мислам дека намалив за тие денови ...како минуваше времето си правев и по некоја грешка но успеав да намалам 13-14кг . После неполн месец почнав пак со Ун но за 20 дена успеав да симнам едвај 2кг. Повеќето ми велеа дека тоа е заради тоа што организмот ми е навикнат на внесување на иста храна и затоа не сум можела да симнам некој килограм + се откажав и почнав да внимавам што јадам.Месецов се опуштив одмор, вечери ова она но здравје за неколку дена планирам да почнам пак. Доколку се придржуваш и јадеш разновидна храна шансите за да намалиш се поголеми Ти посакувам среќа и да си ја постигнеш зацртаната цел. Во протеински ден напивај се и јогуртче или каснувај си по некое јајце поубаво е
4/10 Денот започна убаво со банана, неколку јагоди и кафе и неколку часа подоцна........катастрофа. Знаев дека овошниот ден ќе ми биде проблем.Отсекогаш овошјето сум го сметала за ужинка,а не за оброк. Околу 2-3 часот осетив голем глад и изедов 2 тоста со црн леб,растителен кашкавал и кечап . За вечера јадев диња. Големи грешки уште на стартот..а што ,пак, понатаму? . Мислам дека подобро ќе биде да ја прекинам диетава (и така нема да постигнам ништо) и да продолжам со некој мој начин на исхрана со јогурт,житарици,црн леб,без мешање на намирниците и мнооогу вода. Извинете за подолгиот пост. Знам дека не е во склоп со темата, но некаде морав да се испразнам. Само напред девојки! Се читаме во некоја друга тема за слабеење
5/90 појадок:3 сливи ручек:кременадли со салата и парче нутри леб вечера:2 мали парченца кременадли и салата +10 минути кардио
Грешка ли е ако место торта јадам 2 чоколадни мусли бар и ред чоколадо (за готвење)? Инаку, засега само кило помалку Ама ке издржам.