Здраво на сите. Прочитав доста позитивни мислења и искуства. Ќе ве замолам доколку некој знае да ми кажете дали е во ред да ја почнам оваа диета, затоа што имам 4 месечно бебе кое сеуште го дојам, т.е. само го дојам
мoже, нo пoдoбрo др пaт нaмaли oд пoрцијaтa зa ручек зa дa нaвечер ти се јaде и дa кaснеш мaлку и зa вечерa и пoвеќе сaлaтa..
Тиквичките можеш да ги конзумираш во скробен ден. Баш ти е убава идејата со салатата од тиквички, одамна не сум си направила, ќе си направам денес. Можеш и во јаглехидратен ден да ги користиш како додаток во пица, можеш да си направиш cupcakes од тиквички и сл.
Ве молам за брз одговор, соја во протеински ден за замена за месо ќе може или во други денови да ја јадам? фала ви
Ја почнав повторно од лани се на диета а никако да издржам.Ама ете имам време само 1 месец и мора да ослабнам барем 6 кила..Имам физичка активност и се надевам дека ќе ја постигнам посакуваната тежина
Денес протеински ден. Доручек цедени цитрони, а за ручек сварен па потпечен стек со зачини, кромид, сенф и малку кашкавал со 1 кришка леб, 1 краставица салата и 1 коцка супа. Сега си пијам 3 во1 јакобс ладно и шумлива таблетка магнезиум. За вечера стек и салата. Се доведов во ред, добро е. Ќе се измерам на 31, едвај чекам.
2/90 Добро, луѓе, а да ве прашам со масло може ли да ги приготвуваме јадењата на пр. тестенините, гравот, компирот, леќата...или не, само чисто варени и посолени (некои зачини). И уште нешто, нема врска што во јагленохидратниот ден тортата, сладоледот, колачињата се со млеко, јајца? Оти прочитав некаде, дека единствениот ден кога се јадат такви работи е протеинскиот. А, инаку неверојатно е колку ефект почувствував за само 2 дена. Уште вчера осетив олеснување. ПС. Имам голема тежина, па можеби до тоа е...
Само варена или печена храна. Јас користам само маслиново масло и во салататите и за готвење. Нема врска, треба да се јаде сладолед или било какво благо во јаглехидратен ден. Пиј многу вода и пешачи.
3/90 Д: Две јаболка Р: Салата и потпечени макарони со кечап В: Парче торта и еден ред чоколадо за готвење
4/90 овошен ден Овој ако го издржам значи ке ме биде ) Освен овошје и салати смеам ли нешто друго? ) Семки, бадеми, лешници такви работи ако смее и нешто друго предложете
Јас јадам овошје цел ден, исто така и малку сушено. Некогаш јадам индиски ореви, фстаци затоа што ми треба енергија и ме заситуваат. Салата јадам за вечера и после тоа не јадам овошје, не треба да се меша. Исцеди си цитрони, мене многу ме заситуваат.
Јас не правам така и мислам дека не треба така. Затоа цел ден јади овошје, па после 17часот јади салати.
Јас не сакам банани и ретко во овошен ден имам јадено по 1 за доручек. Можеш една до две, но сепак подобро за доручек јади ги. Обично не ги препорачуваат за диети затоа.
7/90.. зa пoјaдoк јaдев двa пoртoкaли, a зa ручек плaнирaм пицa, нo ме интересирa дaли мoже и печурки дa си стaвaм, не ми се јaде сaмo сo дoмaтен сoс, a пoперки,мaслинки и тaкви ствaри не јaдaм?