Како се мери храната? За еден оброк од 250гр колку што е предвидено на пример шпагети или ориз.. Се мерат варени или неварени?
Шпагетите најчесто се во пакување од 500 грама, што значи пола од тоа неварени, мислам дека е за оризот е исто...ама нема потреба толку строго да се држиш до правилата. Изеди колку што ти е доволно
250 грама се спомнати само за месото. Таман работа да изедеш 250 грама неварени шпагети, тоа е повеќе од премногу и за режим вон диета. Јади една чинија тестенини или компири или што и да е од дневните состојки, но не претерувај. Генерално и оваа диета како и повеќето се базира на калориски дефицит, така што е и многу битно колкава е количината на храна, и не смее да се претерува.
Jas na ovoshniov den zaboravam da jadam i zeshkovo mnogu mi vlijae vo nejadenjeto. Tuku alkohol koga smee? Ili voopshto ne smee.
Луѓенца денес ми е четврти ден од диетата, т.е. овошен ден, меѓутоа не можам да отидам во тоалет веќе два дена, чаре некое?
@Bubblesss чаре, многу течности. А пошто мене ми е протеински ден можам една туна да изедам м? У комбинација со печурчиња и некоја салата, а за вечер исто ке ми биде а? А денес и супа плус. топ
Кај сте друштво? Добро ви оди? Вчера ми беше 13.ти ден од диетава. Се мерев -4 кг. Во обим минус неколку цм. Задоволна и мотивирана сум. Уште 3-4 кг би сакала да симнам. Денес се лошо чувствувам физички. Добив, а претходните денови немав напади на глад. Тоа е чудо. И воопшто храната не ми е веќе на мисла, нешто да се грицка само посебно навечер кога децата спијат. Ја снемува таа навика. Тоа е добро. @Tajnaotrovna три вечери по ред пијам по чаша црно вино. Тоа ми е единствен порок, па сега ако толку не смее, многу ме гајле. До чаша вино ли дојде работава? Појадок:една банана За ручек немам поим. Ме мрзи да спремам било што на жешково, ама мислам ќе биде ориз со разновиден зеленчук. Најбрзо нешто. И салата. Вечера од оризот.
Мене ми е скробен ден, па си печам компири со печурки и кромид. Не се мерам уште, сакам онака лабаво да ми биде без притисоци. Иако минатата недела правев грешки, ама не се откажувам.
Да се потпишам и јас. 21 ден, пред неколку дена се вагав -7 кг. Појадок: банана Ручек: 3 мали ќофтиња и печени пиперки+ салата+ едно лепче манастирски. И супата, која ја мразам. Вечера ќе биде едно ќофте со салата. Инаку за мешање во скробен- може 1/4 еден скроб со 3/4 друг скроб. А за одржување има нов додаток на книгата, се држи уште 90 дена, доручекот е ист,а распоред на деновите како на сликата. Разликата е што тука ручекот треба да е според денот, а вечерата може и алтернатива од друг ден (пример за ручек протеини, а вечера скроб). Само многу денови се, 6 месеци вкупно со диетата.
Фактички на режим и распоред си 6 месеци. Не е тешка диетава туку може да здосади. Ама па мене после само 13 дена ми е помината во навика, па претпоставувам кој ја издржи 3 месеци, веќе ни тие следните три нема да му се проблем, оти веќе станала навика. Значи само за ручеците важи тој распоред? А и понатаму вечера мора да биде не мешање на продуктите, пример ручек јх, а вечера протеини и скроб пример може ли?
Јас денес треба да сум на овошен ден, ама вечер сум на мекици па ништо од тоа Сабајлево јадев геврек (се напив апче за глава па сакав и нешто во стомак да внесам), дента ќе бидам на овошје, ама вечер секако ќе прекршам. Криво ми е што обично после овошен ден гледам минус на вагата, вака не верувам, ама немам намера во кафана да седам и ништо да не пробам.
@Sky-butterfly Да, во одржувањето ручекот е според денот, а вечерата не мора, ама само во протеински и скробен. А во јх и витамински е исто, во јх мора чоколадо и благо за вечера. Се слабеело уште 3 кг на одржување и потешко се враќале. И мене не ми е многу тешка, во смисла да чувствувам глад, ама многу ми фали традиционалното мешање на храната. А знам штом се вратам така ќе почне да се враќа килажата.
Морам да признаам дека откако ја почнав диетата ги разлистав скоро сите 760 страни од темава (не наеднаш секако ). Општо заклучив дека повеќе се враќаат килата ако диетата е држена аскетски, баш по сите правила на (не)мешање и со многу мали количини. Малтене и интересно ми беше како многу од членките што ги имаше на почетокот, во некој момент се вратија да кажат дека немале контрола и вратиле барем дел (некои и се) од изгубената килажа. Заклучок на крај ми беше и од прочитаното тука, и од читаното по интернет (и за и против) за диетава, дека намалувањето на килажата се сведува на калориски дефицит. Така, ако кога ќе ја завршиш не продолжиш со водење сметка за калориите и количините, ќе се вратиш на почеток, па било да имаш мешано или не.
Ме примате во друштво!? Искрено се плашам да се пријавам за диетава иако од денеска ќе ја почнам ама незнам дали ќе успеам да ја држам,како да немам доверба во својот карактер..Немам многу за симнување ,со пет кг би била задоволна и затоа не знам дали ќе имам успех. Најмногу сакам да ја држам поради проблеми со спор метаболизам.Не сум обожавател на овошје па на овој начин можеби ќе се натерам да ја јадам овошје. Знам дека ќе правам мали прекршоци ,но се надевам дека барем еден месец ќе ве дружам. @Sky-butterfly најмногу ме мотивира бидејќи и таа знам дека нема многу за симнување а има резултат. Утрово поручав суви сливи,за ручек и вечера стек на грил тава и шопска салата .
Ќе имаш резултат, и дефинитивно ќе воведеш здрави навики за јадење поголеми количини овошје и зеленчук и пиење вода, ако сега тоа не го правиш доволно.
@darcy секако има логика. Јас пример знам за себе дека кога претерувам со теста и благо, па и на одмор додека бев јадев ко ненормална од чипсови, сладоледи до гира и пици, и нормално дека се здебелив. Јас се одлучив малку да ја вратам контролата, преку диетава да се самодисциплинирам. Јас пример морам да се водам спрема некој режим за да успеам. Не ми помага она:јади помалку кога веќе земав залет. Секако важи и она: што повеќе јадеш повеќе ти се јаде, па така јас мислам дека треба да си го смалам желудникот за помалку да ми се јаде. А го стеснив деновиве богами Ама, самоконтролата е клуч секако за понатаму @mareane добредојде. Ќе издржиш, како не. Ќе се подржуваме. Ете имаш многу вкусен ручек. Ми се пријаде Само по правило на диетава протеините не се мешаат, месото и сирењето во шопска. Ама ако ти така сакаш, нека ти е наздравје. И се пие супа после ручекот, само без тестенини внатре (која јас не пиев задни два пати во протеинскиот ден )