@Sky-butterfly @darcy благодарам на подршката и топлото добредојде. Токму за да се навикнам на повеќе овошје и вода сакам да ја држам диетава. Знам дека проетеини не се мешаат ама морав само малку да ставам на салатата колку за вкус. И супата ја заборвив па ја сварив отпосле и ја испив после 15 минути.
Ги сецкам на парчиња, сакаш подебели, сакаш потенки, во тава малку намачкај на дното масло и стави ги компирите, одозгора исецкај во кругчиња кромид и печурките нареди ги, посоли ги и стави и др зачини ако сакаш. Наједноставно ми е тоа.
Мене ми беше топ диетава.... Ја држев пролетта, воопшто не ми беше тешка, ослабнав 5 6 кг.... Ама сега се вработив и сум цел ден на работа па и не знам како да јадам ориз компири и слично во текот на работното време..... Некој совет?
Па и не е баш некое мешање, за месо се работи. Не се мешаат различни групи на протеини, месо со јајце или млечни производи.
Јас се приклучив и вас ве снема ,камо подршката а ! Денес јаглехидратен ден,супер! Си направиф една гоолема пица,ама пола ја изедов пола ја смрзнав,ми беше жал да ја фрлам. Вечер незнам или ќе одам на трилече или колачи дома си зедов едни интегрални. Јас не сум по тортите нит по сладоледот. Битно темна чоколада си купив за да каснам еден ред. Е ее утре ми е најголемиот предизвик:овошјето , ај ќе видам како ќе поминам искрено некако сомнеж кон сама себе имам.
Диетава е топ, значи ја со проблеми со нередовно празнење после третиот ден како му ја заредив по два пати во денот почнав да идам по надвор Патем и многу ми е лесна за држење. Моментално немам пристап до вага ама за некој ден ќе се измерам па ќе ви кажам.
Јас сум во пмс и тешко ми иде деновиве Јадам воглавно тоа што е за денот, но наутро не сум само на овошје до 12, едноставно не можам да издржам. Плус имам и многу работа, па не сакам уште и на јадење само да мислам. За среќа вагата е милостива, не симнав, ама бар и не качив на тежина. Еве утре овошен ден и се надевам веќе задутре ќе имам и минус. Таман уште два циклуси и одам на одмор, секако 10 дена пауза ќе има.
Јас денес сум на вода цел ден, ке гледам и чај исто да пијам. Арно ама у сабота сум на свадба а ке ми биде скробен ден. Пак ке морам изгледа да направам некоја отстапка, ама у главном се држам за правилата. Убава ми е диетава ако ништо друго барем имам убав режим на исхрана тоа и го сакав највеќе.
Па на фб групата мислам пише несолено немасно. Со душа чекам да дојде 2 ипол часот да јадам. Пак прв ден ми е. @mareane Како си денес ?
Ако се водиш според групата терај таму како пишува, тие што се во групата водат ун диета строг режим,не е којзнае што ако каснеш било какво сирење се разбира малку а не повеќе од 100 или 200гр Мене ми е денеска протеински за ручек стек печен со салата вечера шопска
Јас изедов еден ѓеврек веќе, дома за денес планирам шпагети, а вечер не знам што благо ќе земам Важно темно чоколадо купив веќе
Дозволено е 250 гр. сирење ќе јадам и неутрални намирници праз со пиперки сецкани пржени, плус 2-3 пиперки со сирење внатре ќе испржам се мислам и праз да додадам во пиперките можам да се удавам во него го обожавам Јас мислам вечерата џш само салата јадете ? Имаш подобар ефект или ? Тебе кој ден ти е ?