Па добро е засега изедов една рака суви сливи сабјала сега каснав свежи сливи кај другаркава,испазарив диња и праски ,па ќе видиме.Битно моите мрзливи црева конечно проработеа
Е како ем геврек ем шпгети ? Јас во недела ќе ќе ми е витамински ден ама ќе го утнам скроз морам, понеделник со протеински продолжувам.
Незнам кој ден ми е не бројам деновите не ми се ич битни. Па дека ручам накај 4часот и за вечера не ми се јаде баш па често јадам само салата не сум гладна или пак само парче сирење и толку. Се случува во јх ден да изедам повеќе од што треба , ако сум излезена ѓеврек или некое мало лиснато па дома макарони ... се заситувам со помалку ама не гледам временски меѓу оброците. Како што сум пред добивање само ми се јаде деновиве
Ко што реков, пмс+многу работа, нема шанси гладна до 5 да издржам (тогаш дома ќе ручаме). Исто како @Viktorijaaa5 , не бројам кој ден ми е (некаде околу средина на втор месец), и во јх ден јадам по едно пециво плус. Во протеински и скробен гледам да јадам на работа нешто донесено од дома (или да купам ориз од кинески ресторан или салата со пилешко), па тогаш ручекот дома ми доаѓа како вечера. Шопска дома малтене секој ден сега имаме, и јадам, со тоа што го избегнувам сирењето. Плус во проеински претпладне пијам јогурт, зошто многу малата количина на калциум ја сметам за можеби единствена мана на диетава. Како режим на исхрана планирам да ја применувам и подолгорочно, а за да немам јо-јо ефект далеку сум од строгиот режим на фб групата (чекам другарка ми да ме покани, уште не сум член, само од нејзе имам чуено како оди).
Јас групата на фб ја пратам ама само читам таму ако пишеш дека јадеш нешто плус или после 20часот очи ќе ти извадат ептен строго се придржаваат ама пак и затоа имаат побрз ефект. Денови не бројам туку гледам да се придржавам колку можам и правам мали грешки ако готвам нешто за мм посебно пробувам или јадам повеќе од тоа што е дозволено ама тоа е само во пмс период. Некако овој период не сум стрвна за благо ама солено како ми се грицка Овој период предност е да се држи диетава затоа што има многу овошје и зеленчук и се е поефтино за разлика од зимно време
И споделете - изгубени кг. Јас ќе ја држам со грешки боље ишта него ништа, ем во јх ќе јадам ем солено ем благо за вечера. Вода дали 500 мл ќе пијам, еве голтка немам испиено.
Јас и не се мерам се гледам само во огледало штом од панталони не ми излегува сало од сите страни значи резултат има Шала на страна споредувам само слики ,се сликав кога почнав ќе се сликам пак кон крајот на месецот.Кг не ми вршат никаква улога искрено кога ќе флезам во фармерки кои не ми биле точни тогаш знам дека сум ослабела а вака џабе ќе се качувам секој ден на вага само се демотивирам Кога ослабувам во гради најпрво си осеќам сама јас вода многу пијам еве имам изедено само една праска до сега а имам испиено веќе 1л вода
Јас имам -4 некаде, ама целта ми е -7 или -8, па сметам дека е во ред. Плус на гардероба секако приметувам. Ако веќе јадеш и едно и друго за вечера, немој да претераш со количините (или со калорично благо). Вода секако мораш да се обидеш повеќе да пиеш, тоа не е врзано со диета. И јас пиев малце, сега гледам цело време чаша со вода да имам до мене додека сум на работа - кога стои тука, ја пијам Така доаќам до барем 5-6 чаши испиени во работно време. Дома помалку, ама доаѓам до некоја пристојна количина.
Трите големим пиперки не ги изедов, а сирењето беше вкупно 150 гр. Плус уште едно парче леб изедов. Сега да одморам па јогуртот ќе го испијам и мултивитамините. За вечера 3- те пиперки и сирење на пола.И едно парче леб неможам така да ги јадам. Кај рековме ставаме слики во која тема ? Вики после свадба ли ја почна диетава ? Дарси јадам благо ама во мали количини, наеднаш не можам толку. Знам за вода најмногу ми се пие додека јадам ако не се напијам едвај јадам. Со 20 дневната диета ја тргнав оваа навика сега и со ова ќе морам. Да помине некое време па ќе пијам. За утре незнам што ќе е најнеомилен ден ми е камо јх да беше двапати да си јадеш исто за ручек и вечера а во скробен благото хаха. Освен ориз друго не обожавам, последниот пат од тавче гравче имав тешкотии, а компир слабо ми е омилен во последно. А да зготвам мусака од компири, модар патлиџан, пиперки, кромид томатело и шампињони. Некако ќе морам да го изведам ова изгледа. Мусака ќе правам првпат во живот и тоа посна бре
Еве женски да се пријавам и јас. Вчера ми беше витаминскиот ден и почнав убаво, ама ... мм порача пица. Маргарита додуша ама убава една, па изедов не едно, туку пола така поголема пица И вечерта си изедов двата колачи од вишна што останаа од претходниот ден што правев. Инаку ќе се фрлеја. Баш прочитав на фб една зезанција: Од што се гоиме? - Од гре'оте. Гре'ота е да се фрли Е така и јас со колачот Ама си прогледав кроз прсти, ко ништо да не било и од денес пак сум на режим. Протеински ден. Јадев пилешки стек и салата, интегрално лепче. Без супа. Исто и ова да кажам. Од кога ја држам диетава само еднаш-двапати изедов ред темно чоколадо. Не од што не сакам, туку заборавам
Кај второто парче престанав да бројам Ма не се замарам. Еден ден е тоа наспрам толку поминати на режим. Барем се додатно мотивирав
Ами еднаш се живее хаха. Јас во недела ако одиме за Грција 2 гира ќе си кркнам и вечерта сум на свадба. Па понеделник протеински хаха. Недела овошен нема да држам. Гушкало не треба среќа туку само упорност. Што ти е на мени денес ?
Диетата ја почнав некој ден пред Скај ми се чини 2-3 дена не сум сигурна кога точно ама правев некои измени сега за празникот и си направив грешка и вчера бев на овошје а денеска протеински продолжив па така со Скај сум си исти ден сега Винтер слики во другата тема ставам јас таму е попрегледно да се ставаат слики овде пишуваме многу и сликите се губат назад . Уште не сум ручала јас стекот е готов го чекам мм од работа Скробен ден тешко е ама па убаво ми е што обожавам компир утре планирам да си направам пире и да испечам ориз па да биде 80%компир 20% ориз ама до утре зравје ќе видам како ќе биде
Прочитав прилично коментари во врска со оваа диета и гледам дека има само позитивни резултати. Па затоа се решив од утре да ја започнам. Се надева ќе се дружиме
Јас планирав шпагети за ручек и благо за вечера, ама малиот ми качи температура, го носев на лекар и последно до што ми беше дојдено беше ручање. Сега изедов од малите лиснати од Кам 3, и штангла црно чоколадо и тоа е тоа. Утре овошен ден и планирам да го држам без прекршоци (салатата не ја сметам за прекршок), доколку се биде во ред и бебуш биде здрав. Инаку и не знам.
Да се пријавам и јас ,денес витамински ден.Ич не сум по овошјето ,ама денес успеав некако .Повеќе си стоев гладна ама не можам со овошје да се најадам. Утре протеинскиот ден ќе ми биде на база на млечни производи,сирење,урда јогурт ... Најмногу ми фали сирењето кое јас обожавам со се да си го јадам.
@Winter Lady мусаката што ја правев за домашните беше и со месо и со компир. А немав друга работа па направив уште една, посебно за мене. Со компири, шампињони, тиквички и модар, томатело, морков, кромид и зачини. Ќе правев за сите без месо, ама вчера го одмрзнав месото да не пропадне. И така...гладна сум. А мм ме зеза, аууу колку големо тавче со мусаката за тебе си направила Што да правам, гладна сум, па и за вечер да имам.
I jas napraviv nekoi sitni greshki ama vo 90 dena da ne ja zgreshish bar malku prosto e nevozmozno. Denes 14 den skroben, za ruchek si svariv kompir ke pravam salata so ocet i kromid.