Zdravo na site.sakam da gi prasam poiskusnite da mi kazat vo koj den mozam da jadam musli so cokoladno mleko i pukanki..odnapred vi blagodaram
Смеам да јадам две банани за доручек? Утре овошен ден ми е и до 1 и пол сум на училиште а само бананите би ме најадиле.
Може грешам ама мислам дека само јогурт, сирење и кисело млеко се дозволени не зденки и салами. 22/90 Доручек 2 јаболка Ручек грашок со зелка салата и парче нутри леб Вечера јадев супа со зеленчук без резанци, настината сум па со бибер и лимон, за грашок немав апетит. А и се напив нес со млеко.
Сакам да се исповедам Денес, т.е вчера ми беше јх ден, и убаво си го издржав али кај 11 и пол вечерта ме фати еден форес за торта и си каснав едно подебело парченце, плус мало краешниче леб со мајонез, два листа свински врат и јогурт.И не се каам, како само ми легна убаво на душичката, си легнувам задоволна. Утре со нови сили ќе го држам овошниот ден и се наредно натаму. Поентата ми беше да не паѓате во депресии ако згрешите, туку да продолжите напред од каде застанавте. Јас си бев умна цела една недела, заслужив мал излет.
Ако ти е за утеха, јас во ЈХ секогаш се опуштам, што да правам понекогаш посилно е од мене, понекогаш сум во пмс, понекогаш навистина многу ми се јаде..... Ама затоа па после во овошниот ден уживам и за чудо некое , никогаш до сега не сум направила грешки во текот на истиот На здравје нека ти е
Прочитај го првото мислење од темата за да ти се разјаснат некои работи Денеска јх ден Ручек планирам макарони со кечап,вечера домашен колач медено срце
21 ден Протеински Доручек јаболко Ручек парче сирење, кисело млеко, марула салата Вечера пола од ручекот
23/90 Јх 2 киви Домашен баник со праз и маслинки (му се напнав на празов ) Ресана планирам за вечера, оддамна ја мислам. И темно чоколадо за прв пат ќе земам.
28/90 денес цел ден овошје а утре ми е воден ден -5 кила сум до сега овај пат побавно слабеам дека си правам и грешки , некогаш знам и по некоја грицка да јадам и тоа е тоа , сепак продолжувам се надевам дека е другиов месец вака ке слабеам по 5 кила
Во воден саси водата може да се пие ? Или само чиста вода без додатоци ? @LadyinBlack21 help! Се припремам веќе, еве го понеделник кај е
Смоки, ни црвени, ни зелени. Нема грицки во диетава, освен јаткасти плодови до 100 гр во овошен ден. 23/90 Доручек 2 круши Ручек интегрални макарони со маслинки Вечера планирам палачинка и ред црно чоколадо. Јас се думам дали да држам воден, дека работен ден не верувам дека ќе издржам. Мислев по мое дента цел ден супа од зелка да јадам.