Од денеска почнувам со диетата,па имам неколку прашања: 1. Каква супа правите за протеински ден,дали мора бистра или и други готови супи може? 2. Дали може да се пијат негазирани сокови и леден чај? 3. Дали може да се пие алкохол?
Денес ми е 50 ден од диетава у морам да ви признаам дека од ден на ден се помалце мотивација иам. До одмор иам уште 25 дена ќе ја држам, што ќе успадне некои 74- 75 дена и доста е. Некако немам мотивација веќе ниту па гледам некој огромен ефект. До сега сум само 5 кила ославена што не е нешто многу. Тоа се -1 на 10 дена. Со тоа темпо со кое ја држев првите 40 дена требаше барем 7-8 кила да бидам подоле. Далеку дека ми е скроз безуспешна, штом сум ослабела и 5 не е лошо, ама не сум ја остварила целта. Иам уште 14 кила за симнување до мојата замислена тежина. Проблемот ми е што не знам што ќе праам после диетава Не знам што да држам и како да јадам... Денес ми скробен ден и јадев од сабајле праски, пуканки и после во 5-6 часот ќе јадам копири печени. Супа бистра треба, без фиде без ништо. Не дека е забренето сокови, ама не се препорачливи. Гледај да ги сведеш на минимум, сепак се празни калории. Алкохол исто минимум, една чаша неделно вино или едно-две пива. Гледај да ги минимализираш за да имаш поголем ефект.
Па ова се супер резултати А после диетата, наредни 90 дена треба да се јаде овошје за доручек и да си продолжиш да не мешаш протеини и скроб...и во овој период на одржавање треба да се ослабе уште некое килце Така да....до крај сигурно ќе симнеш уште 5-6кг. Мене денеска ми е 7 ден...и сум -2, ваљда вишок вода што сум имала Со лесно диетата Колку што знам мора да е бистра супата, алкохол и негазирани сокови не смее затоа што имааат премногу шеќери и секако ќе се успори процесот на слабеење. Единствено свежо цедени сокови во овошен ден. Ова колку што знам јас, нека кажат посикусните со диетава
@Anexy абе за таа мака малце се само 5 кила. Не дека сакам нагло да ослабам и морам итно да ослабам ради нешто, чисто дека пополека ми се смачува од пазење и нејадење. Сеа се завежбав нешто троа поише па се тешам дека ќе иам поголем ефект, ама без пазење на храна тешко слабеење.
Супа треба бистра, а купечки сокови и алкохол не смее. Чај ако е купечки исто така не смее, дозволен е само без шеќер и можеш да го пиеш секој ден, исто и со соковите, само цедени без шеќер и исклучително во витамински ден.
Dali moze vo skroben den da jadam corba so kompiri, morkov, kromid, nezaprzena medjutoa varena zaedno so meso? Sekako bez da jadam od mesoto.
Jas mislam deka nemoze . Денес 55 ти ден , и минус 3кг , споро симнувам но не ми е битна килажата колку што се осеќам убаво , подуеноста ја нема , целта ми е 60 кг ( моментално сум 61 ) ЗА МЕНЕ НЕ Е ДИЕТА НЕГО ЗДРАВ НАЧИН НА ИСХРАНА ...
Девојки едно прашање, во втор ден дали може за ручек да си јадам било каква манџа (без месо), а за вечерата, наместо половина од ручекот, да јадам печена пченка???
Не може, по правило за вечера се јаде половина од ручекот. Ама ако е еднаш, мислам дека не е проблем, гледај само да не се повторува често. Сепак, не е некоја страшна грешка.
Скоро секогаш јадам така. Се додека не јадиме од месото, мислам дека е скроз океј. Јас манџите со запршка само ги јадам, не мислам дека е некој грев тоа.
Утре треба да ми биде воден ден. И сега сакам да прашам дали исто за појадок две овошки или само вода да се пие?
Здраво девојки.Денес почнувам и јас многу по упорно од последните неколку пати Ја држев оваа диета пред 3 години и тоа не многу строго со + физичка активност.Почнав со 76кг на висина од 1.64 и завршив со 60-61кг.Бев презадоволна.Самодовербата страшна.2 години добро ја одржував тежината но оваа година многу се опуштив.Вратив дури 7кг,моментално сум 68кг.Пробав неколку пати повторно со ун но до 10дена и се откажував.Овај пат сум решителна,одиме појако
Дали смеам да јадам од оние што се конзервираните пченики во скробен ден? И исто ако може да ми одговорите дали печурките во вегетаријанската пица мора да се маринирани..т.е дали може само со зејтин да ги пржам без други додатоци