тиквата ми е омилена , се тешев дека може во овошен ама изгледа не смее Колку што знам јас , печурки се неутрални и може да се јадат секогаш како и маслинките. Јас стално си правам пица со томатело,печурки,маслинки и сусам. Само тој ден најчесто јадам печурки , ми прават проблем со стомакот ако ги јадам во друга варијанта.
Има листа на зеленчук без и со скроб, по неа се водам. https://healthyeating.sfgate.com/starchy-vs-nonstarchy-vegetables-1764.html На пицата пред некој ден ставив томатело, печурки, модар патлиџан, тиквица, маслинки и на крај спанаќ, попрскано со многу малку маслиново масло. Беше превкусно
Фала ти ке прочитам сега , убаво е да се знае На овошен ден , тешко ми паѓа вакви вкусни рецепти да читам
9/90 дена, протеински ден, 67кг. Д.- 2 круши, турско без шеќер; Р.- едно мало парче кашкавал, шопска и зелка салата, едно парче леб и жолта боранија со динстано јунешко месо; В.- салата, боранија со јунешко месо.
Па и јас слично прашував за печурките. Според табелата што ја имам пишува месо, јајца, млечни производи или прозводи од соја. Печурки не се спомнати како замена на месото.
5/90 протеински Д.јаболко Р. Пилешко со кари ,карфиол и салата патлиџан.1 парче тонус В.исто како ручекот Ајвар дали смее ?
Технички смее, али јас не би 10/90 дена, скробен ден Д.- Неколку суви урми, турско без шеќер; Р.- Ориз со спанаќ и едно парче леб; В.- Ориз со спанаќ. Измеѓу пијам многу вода.
Во периодов од 18 дена губам само обем, осеќам по алишта но не и во килажа. Дали е тоа во ред? Предходно ја имам 2 пати држено и имам видено големи резултати. Не губам мотивација и надеж но ми доаѓа малце чудно. Се надевам ќе се промени понатаму. П.с. Каснувате нешто од доручек до ручек? се осеќам како да ми се тресе снагата :/
Ништо, само многу вода пијам и гледам да сум на нога, да не заседнувам. И мене првите денови ми се тресеше снагата, ама навикнав.
@NarCis@ уфф како да одолеам периодов .. Ај ќе се почастам некој ден ... @negova123456789 Кај мене пак, кога сум на диетава на почеток нема никакви резултати и одеднаш слизнувам.Како преку ноќ. Магична е Секој различно. Ама според мене обемот е многу поважен од кг на вага . Јас кога ми се пријадува, пијам вода повеќе .Уствари тогаш ми текнува да се напијам.Слаба сум со вода 6/90 Скроб Д. банан и круша + нес р.ориз со зелечнук и салата чиа од Тинех+ тонус едно парче в пола од ручеток без леб
18/90 Скроб Д. Грозд Гројзе Р. Динстан компир со тиквички и марула салата. В. Пола од ручекот. Вода 3-4л само се налевам. Денес кардио после работа полна со енергија сум.
и банана има скроб ама во овошен ја јадеме. тиквата варена или печена во овошен се јаде. а во скробен како чорба зошто во неа е додаден или компир или скроб. печурките се неутрална намирница.