23/90 јх ден Д.- 1 банана; У.- 2 мали домашни крекери; Р.- ѓеврек, перек и солено стапче кифла, од сѐ по пола, малку малиџано и маслинки; В.- или кроасана или палачинки ќе бидат @VedaG10 заборавив да те прашам, зошто да не смее сос од маслинки?
5/90 протеин д.3 мандарини , нес со бадемово млеко р.2 јајца на око, патлиџан и 1 кришка тонус в. 1 јајце на око , ке појачам салата . Денес мениво сиромашно. Ама не сум баш гладна , добив и сум како со стапови да ме тепале @NarCis@ не знам што состав има во сосот. Не е чист само со маслинки . Мислам дека има мајонез.
Да ви се придружам @NarCis@ @VedaG10 и остали борци со кгр Денес 2/91 - банана - ориз со домат салата - пола или само салата (секојдневна свесна грешка ми е 3/1 кафето без кое не можам, а од турско имам гадење ) Се надевам овој пат ќе достигнам некоја цел
Дали ја мерите храната односно ручекот да е околу 250гр? Ако го мерам јас ми доаѓа многу малце 250гр грашак/боранија и осеќам глад.
Не мерам, ама не ставам премногу. Јас многу салати јадам и тие ме заситуваат. @LaDyDoLl супер, ќе се дружиме Мене ми е одлично вака што имам поддршка и некако сум оптимист дека ќе ги симнам килограмите
Баш ми е кеиф што сме повеќе . . 6/90 скроб Д.јаболко и банана Р.печен компир, 1 кришка леб и зелена салата со патлиџан,краставички и маслинки В.печен компир со црвена пиперка и кромид и еден патлиџан .
24/90 овошен ден Д.- 2 зелени јаболки; Р.- суви смокви, урми и сливи, банана; В.- банана, мандарина, круша. Денес прилично малку јадев. Некако тежок ми е овошниот, ем немам апетит, ем гладна сум. А и денес малку вода пиев. Наредните 4 дена последен циклус и ме чека воден ден. Уште се мислам дали да го правам Има некој искуство и совет како да се преживее, а да не се искараш со пола фамилија? И не знам за вас, ама јас секој ден имам искушенија. Денес правев ручек за мм и ќере, лосос, компир салата и цвекло, морков, зелка. Не знаете колку малку ми фалеше да јадам. Плус од вечер правев ручек за утре зелка манџа со свинско. Цел стан мириса. Среќа не месечарам
Се придружувам и јас.Заслуга има @ALISA0000 a и @NarCis@ Сум ја држела 2 пати ама само по еден и пол месец .Никогаш до крај.Не верувам ни сега.. А правам и грешки ,знам не сум дисциплинирана и затоа се двоумев дали да пишувам овде(или грешките да не ги пишувам) 3 ден:ќе правам зелник со праз ама дури попладне кога ке дојдам од работа дотогаш само овошје и кафиња(пијам со шеќер и тоа ми е грешка која свесно ја правам ама тоа ме држи)...
7 /90 јгх д. 4 мандарини р.2 гевречиња со салата в.палачинки Искрено денес ми се јаде ми се плаче . Гладна сум ептен, дали дека имам добиено .Не знам.Може да се изнајадам до вечер многу поише отколку што треба ама ќе се тешам дека утре овошен .. @NarCis@ искушенија за јадење секој ден имам. Вчера пример бев излезена , на роденден, со лиги до колена си отидов дома .Каснав само печурки многу малку , кои нокеска ми направија таков проблем се пцуев сама себе.. Прошлиот пат кога ја држев диетава немав ваков проблем.Бев многу по дисциплинирана.во 90 дена дали имав направено 3 грешки .Ваљда дека бев колку фризидер па морав. Сега е друго .
3/91 - 2 круши - макарони со маслинки и или кечап или лутеница - ќе се излегува вечер ако успеам во термин ќе боде нешто благо, ако не ќе ја утнам И јас кога ја држев прошлиот пат бев многу дисциплинирана, сега се што ќе видам ми се јаде Имам и дете гурманче, на кое ако не му скратам од оброкот( читај не ставам јас во уста) ќе изеде многу повеќе да не оди фира де Утре на овошен строго без грешки, сигурно
25/90 протеински ден, 65.6кг. Плус 200г од минатиот пат, ама мислам дека не е ништо страшно. Д.- 4 мандарини, турско; Р.- зелка манџа со димено свинско и свинска к'ртина, салата зелка, цвекло, морков, 1 парче леб; В.- исто од ручек, без лебот. Се трудам да бидам дисциплинирана, освен некои ненамерни грешки. Скоро 5кг симнав за 25 дена. Добро ли е тоа? Некако малку ми се чини
Јас предходниот пат кога држев диета , првиот месец немав некој напредок ама при крај на вториот личен опис сменив,преку нок се стопив. Така да кај сите е различно . Јас во обем мнг ослабев криво ми е што не се мерев .
Не мерам обем, ама гледам дека ме собира во облеката пред бременост. Дефинитивно подобро се осеќам, ама ете, некако ми е останато дека првиот пат кога ја држев диетата повеќе ослабнав, а не бев толку дисциплинирана. Може дека сум била помлада, па побрз метаболизам, а може и дека помала килажа беше во прашање. Како и да е, ќе гледам да ја истерам до крај, па ќе видиме. Веќе и се привикнувам на ваквиот начин на исхрана. Уште да не сум надрндана на овошен ден
Чекај уште си на почеток ке почнеш да се изненадуваш .. Мене овошниот ден некогаш мнг ми е лесен ама некогаш се мачам многу ! Читав дека во овошниот ден може и зеленчук да се јаде ама не знам колку е точно тоа и не ризикувам. Ама се мислам дека имам јадено салата тој ден .
Да може во овошен зеленчук, ич не е проблем. Ама мислам дека не може. Мене најтешки ми беа деновите кога имав мензис. Другово се трпи
Јас сум сега во тие денови . 1 недела пред мензис и за време ми е хорор ! Благо многу ми се јаде . Вечер палачинки едвај чекам
Некаде овошниот ден го рачунаат како витамински и велат дека може и зеченчук ама после да не се преминува пак на овошје.Мене овошјето ми е слаба страна ич не го обожавам со сила јадам и тој ден пре гладувам отколку што јадам.Претходно навечер јадев некоја салата,на пр.од оној микс брокула,карфиол и морков обарено со малу кислеина и лукче ме заситува и ми е омилено...
Хај диеталки. Тука сум и јас официјално втор ден. Завчера решив да се држам стрикно ко шо треба а не по мое, ништо од лани не ме собира од пантолони а втор ден ми е на ново работно место. Стомакот ми е проблемот, се надевам ќе 'го решам' за брзо. Околу витаминскиот ден, може да се јаде овошје и зеленчук неутрален, по правило без масло сол зачин... суво овошје и јатки до 100 гр макс, и појадокот си е исто две овошки и после може на три часа да се консумираат салати, смути..по желба. Не заборавајте на вода, една чаша на гладно и во текот на денот често. Мене витаминскиот ми е омилен. Ќе споделуваме идеи за смутиња Со лесно унки, за нова година најзгодни ќе сме