Униформа

Discussion in 'Мода и стил' started by rossonerka, Nov 26, 2010.

  1. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Joined:
    Oct 24, 2010
    Messages:
    2,191
    Likes Received:
    3,858
    Брзо здосадува верувај и кај нас од почеток евај 2-3 месеци ги носеа а сега исто како да не ни биле воведувани.
     
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Joined:
    Apr 13, 2010
    Messages:
    4,160
    Likes Received:
    15,289
    Ама тоа веќе проблем на училиштето.
    Сестра ми учи во една скопска гимназија, абе не те пуштаат на влез без униформа.
    Ако евентуално влезеш случајно без да те приметат, посебно зимно време нема да викаат на 600 деца во смена откопчај јакната да видам униформа дали носиш.... туку на секој час професорите проверуваат дали сите носат униформа, ако не носат го бркаат и неоправдан.
    Да видиш дали некој не носи униформа :lol:
    Овие измени ги воведоа лани откако им здосади униформата и почнаа да забушаваат. Сега сите носат без исклучок!

    Исто е и на приватниве универзитети, јас на ФОН 3 години не смеев да влезам без униформа, е сега за постдипломски бевме кај деканот и баравме дозвола да не носиме зашто повеќето почнавме да работиме и не бевме во можност да ги носиме. На врата секој ден не проверуваа, моравме да носиме. Исто и на Европски универзитет, ни до студентски прашања не смееш да одиш без униформа.

    Донесувањето одлука за носење униформи и проверка дали сите ги носат е на училиштето. Тие се виновни ако не го спроведуваат носењето на униформа.
     
  3. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Joined:
    Mar 10, 2010
    Messages:
    753
    Likes Received:
    329
    Сум за униформи! Школото е за учење, а не излет или одење во кафич! Повеќето девојки одат како стриптизерки на школо! Многу недолично.... :puke:
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,235
    Likes Received:
    67,743
    Gender:
    Female
    И јас сум ЗА униформи. Во една фирма попрофесионално изгледа ако се сите стокмени како што треба.
    Во училиште кога се носат униформи децата не се издвојуваат, сите се исти и нема комплекси. :)
    И да, нормално практично е, нема да се тупиш секој ден што да облечеш, да си ја кубеш косата ако тоа што си се токмела да облечеш не било испрано...
     
  5. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Joined:
    Oct 18, 2010
    Messages:
    348
    Likes Received:
    277
    Сум ЗА за носење униформа поради тоа што мислам дека ќе се избегнат одредени класни разлики кои постојат. А вака ми е стварно глупаво кога, на пример, некој во училиште оди пицнат во марка прва класа, а некој во тренерки. Вака сите ќе се еднакви во она што го носат на училиште или работно место, а исто така сметам дека секоја униформа му дава посериозен и попрофесионален тон на училиштето, фирмата и сл.
     
  6. pocetna

    pocetna Истакнат член

    Joined:
    Oct 28, 2010
    Messages:
    104
    Likes Received:
    138
    обозавам униформи! :rofl: па по нив ги препознаваме полицајците, позарникарите, медицинските лица........ убаво е да се има кодекс на облекување секаде, и да се знае сто се облекува на излегување, а сто на уцилисте :)
     
  7. butterfly.mimi

    butterfly.mimi Истакнат член

    Joined:
    Aug 5, 2010
    Messages:
    455
    Likes Received:
    103
    Јас сум ЗА униформи, редовно носам и не пречи ниту па ми е досадно затоа што униформата можиш да ја комбинираш со модни детали кои никој не ти ги забранува. Во моето школо сите носат униформи, ретко 1 или 2 во цел клас да не носат под изговор водена ми беше или мала ми е и сл. Некои професории попуштаат ама некои не примаат на час без униформа. И во големите компании и продавници мислам дека ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да има униформи. Глупаво е кога влегуваш во продавница гледаш еден куп луѓе и не знаеш која е продавчка :|
     
  8. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Joined:
    Oct 24, 2010
    Messages:
    2,191
    Likes Received:
    3,858
    Секако дека треба така да се постапува но мислам дека и кај нас ке се среди работата со тек на времето бидејки нашето училиште од скоро е самостојно. Го уредуваат, купуваат нов материјал за настава, па верувам дека и за униформите ке има построги мерки :)
     
  9. Gargamel

    Gargamel Истакнат член

    Joined:
    May 25, 2010
    Messages:
    413
    Likes Received:
    129
    Униформите за училиштата треба да се задолжителни! 8)
    Ем нема да се мислиме што да облечеме, ем што многу девојчиња се облекуваат несоодветно за во училиште,ем училиштето ке заличи на образовна институција.Многу ке биде добро ако имаме униформи,а во последно време слушам дека новата директорка има план да воведе униформи :) :) Јееееес :rofl:

    П.С: Голема работа ако сите сме исто облечени :^)
     
  10. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Joined:
    Nov 22, 2010
    Messages:
    6,188
    Likes Received:
    23,238
    Gender:
    Female
    паа немам ништо противв униформите..баш ми е супер онака сите да бидиме исти во училиштето..и ко ќе не видат некој од надвор да речатт ее овие од то училиште се...макар што кај мене на училиште веќе помина ќефот за униформите..па само првачињата си ги носат :lol: ..инаку би сакала да имаме кошули,џемперии,сукњии ...баш то ми се свиѓа најпоќе :)
     
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Joined:
    Dec 31, 2009
    Messages:
    14,369
    Likes Received:
    14,824
    Ќе прокоментирам за училиштата, основни и средни.
    Да, ЗА униформи сум, затоа што децата (посебно кога се во пубертет, па и пред неговиот почеток) се многу осетливи и кога ќе настапат на сцена оние економски разлики (кои децата ги забележуваат по облеката) се случува оние деца чии родители се со слаб економски статус да си набијат комплекси на пониска вредност.
    Сето ова под услов таа УНИФОРМА да личи на нешто. Во основното каде што учев уште во 6то-7мо кога бев ни воведоа носење на униформи (уште важи тоа), ама искрено да ви кажам униформата ми е бетер од мантилот на татко ми на работа што го носи, а носи плав мантил, работи со машини во погон. Абре ужаснотии! :puke:
     
  12. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Joined:
    Nov 26, 2010
    Messages:
    555
    Likes Received:
    1,030
    секако сум за едно големо ДА за униформите
    тогаш би немало никаква дискриминација,машко-женска,слаби-дебели,сиромашни-богати,
    по културно е и попрактично,
    немора секое утро да се мисли што да се облечи туку се знае,за секој ден си имаш униформа. ;)

    можеби малку ми е смешно и интересно што понекогаш униформите се злоупотребуваат,така на некои луѓе како што се чистачки по болниците кои се облечени како доктори,па малку и им удара тој епитет во главата па и така се однесуваат :rofl: :rofl:
     
  13. Hiii

    Hiii Популарен член

    Joined:
    Apr 5, 2011
    Messages:
    1,427
    Likes Received:
    1,563
    па јас би носела униформа за на училиште но униформата стварно да е добра(квалитетна,убава,комотна...како на филмовите :D ) пред некоја година во гимназијата даваа блуза и блузон и беа ужас ,најпрво бојата неможете да ја замислите :x и секако се носеја ептен краток период а даваа пари за тоа... :x
     
  14. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Joined:
    Jan 5, 2011
    Messages:
    2,399
    Likes Received:
    6,337
    ДЕФИНИТИВНО.
    Има толку многу добри работи што ќе излезат од униформите.

    1.Никој нема да се бедира зошто не носи маици од Мис Сиксти,од Теранова,и не знам каде.
    Униформи=Нема комплекси.
    2.Сите ученици,треба да носат различна униформа.Ова се работи за генерациите.
    Прва година,пример плава,втора ,зелена,и така натаму.Со ова професорите ќе можат да ги распознаваат учениците доколку се случи нешто.
    3.Ќе се воведе барем малку дисциплина,и почит кај учениците,и барем тронка моралност кај оние што сеуште ја немаат,што значи нема повеќе разголени нозе и деколтиња.

    И то. :)
     
  15. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Joined:
    Jul 10, 2010
    Messages:
    2,139
    Likes Received:
    2,426
    Јас сум ЗА носење униформа, но униформата да е убава и удобна (оти сепак учениците си го плаќаат тоа), и да не се прима ученик без униформа. А не некои ги гледам нашколо ми се разголиле, деколте, голи стомаци итн итн... Како да не одат во образовна установа, туку пред МТВ!
     
  16. KalaV

    KalaV Популарен член

    Joined:
    Oct 10, 2010
    Messages:
    600
    Likes Received:
    301
    Јас си ја обожавав униформата. Ни ја воведоа кога бев 3та година , така да некаде година и пол ја носев и бев презадоволна, не само јас, но и целата гимназија.
    Сите ја носеа, знаеше некој понекогаш да не ја облече и мене ми се случило , но толку многу чудно се чувствував бидејки бев како црна овца што другпат не ми текна да го кршам правилото :)
    А знаев да си ја комбинирам со различни кошулки одоздола или ролки со некоја марама.
    И искрено сега кога сум на факултет многу ми фали бидејки секое утре пак истиот проблем , леле што да носам денес, а во средно толку ми беше лесно си знаев веќе предвреме што ке носам и тоа е тоа.
     
  17. mina

    mina Популарен член

    Joined:
    Nov 22, 2009
    Messages:
    1,260
    Likes Received:
    639
    Сум ЗА униформа! Многу попрофесионални ми изгледа кога вработените во некоја фирма имаат униформа, и барем знаеш кој се вработени во истата и ако имаш потреба да се обратиш до нив! Особено во поголемите фирми со многу вработени е потребно униформа со што би се оставил впечаток на професионалност и пристојност! Тогаш нема ни забуни кој како се облекува, дали е прикладно за на работа или не!
    И за училишните униформни имам исто мислење! Ќе се одбегне дискриминација помеѓу децата, богати или сиромашни-сееедно,во училиште сите ќе бидат исто облечени!
    Најпрактично е тоа што ќе се заштеди време кога се оди на работа или училиште бидејќи си ограничен и обврзан со облеката,така да предвреме знаеш во што ќе се облечеш!
    Од друга страна пак јас не би сакала да се приврзам кон две-три парталчиња облека кои би ми биле обврска да ги носам за на работа :P ! Можеби ќе ми биде практично но сеуште сакам да си ја менувам облеката секојдневно а за среќа и работата што ја работам не ме обврзува да носам униформа! Но ако се мора,тогаш мислам дека би се прилагодила лесно!
     
  18. PePPa

    PePPa Истакнат член

    Joined:
    May 3, 2011
    Messages:
    18
    Likes Received:
    4
    Големо ДА за униформите во школите не само за учениците туку и за професорите, посебно професорките :lol: ама под услов да се асални не некои утепани од платно некое ко шаторско крило.децата нека си ги креираат сами да им бидат привлечни за носење.
    зошто за? нема толку да биде апла разликата (економски гледано)помеѓу децата посебно во средните школи. плус сега се и сешто облекуваат, девојчињата со танги и градници на видик а момчињата со спуштени фармерки и боксерици :puke: јас разбирам дека е тоа мода и се, ама не мора во школо. плус и тоа професорките со мини сукњи демек као сако и сукња комплет само и фали долниот дел. супер глетка за машките :D
     
  19. beautiful1

    beautiful1 Истакнат член

    Joined:
    Dec 7, 2010
    Messages:
    79
    Likes Received:
    33
    Да во школо носам униформа и тоа и горен и долен дел.Горнио ден ми е бела кошула со плави коцки и дебела блуза одозгоре плава со знако на школото испишан.Долнио дел ми се панталони темно плави доле широки но не се со фармерски материјал туку такви како за жени.На нозите зимно време холохопки темно плави а летно време тенки бели чорапи или црни чорапи и црни балетанки. Други бои не се прифакат. На школо секој ден не проверуват дали сме лакирани на ноктите и несмееме да бидеме. Од шминка само римел пудро и малце креон е дозволено ништо повеќе. Додека се навикнеш да одеш така е срамно али после тоа кога видеш дека секој ден е исто дека сите одат така навикнеш се. Тоа ти е тоа странство мора да се почитуват правилата |( .
     
  20. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Joined:
    Jan 10, 2011
    Messages:
    1,221
    Likes Received:
    1,936
    Нас пред 3-4 години ни дадоа на училиште униформа. Јес да сум ЗА униформите, ама ова беше стварно претерано.
    Материјалот беше ужасен. Некој тврд, неприспособлив материјат и стоеше како да сте ставиле вреќа врз себе. Без струк, без ништо. Буквално вреќа. Беше некоја си чудна одвратна маслинеста боја која потсеќаше на повраќаница.

    А кога ќе видам на другиве школа некои нешни и памучни розеви маички, да ти е мерак да ги носиш. Убаини, мх мх :inlove: