Униформа

Discussion in 'Мода и стил' started by rossonerka, Nov 26, 2010.

  1. spellbound

    spellbound Популарен член

    Joined:
    Dec 1, 2010
    Messages:
    916
    Likes Received:
    1,483
    Леле и нас пред некоја година ни дадоа униформи во школо |(
    Знам дека беше тегет со некој цртки ли незнам што беа.
    Луѓе, по одвратно нешто не сум ставила на себе, како да сум облека картон, ја носев рекордни 4 дена, а после тоа ја носев на ликовно кога работевме со темперни :tmi:
     
  2. Anely

    Anely Истакнат член

    Joined:
    Apr 1, 2011
    Messages:
    788
    Likes Received:
    225
    Сум за униформи на училиште и работа...за факултет па и не баш толку...сеедно е :)
     
  3. maca99

    maca99 Популарен член

    Joined:
    Sep 19, 2010
    Messages:
    1,818
    Likes Received:
    1,692
    Немам ништо против униформите.Еве докторите,медицинските лица-мораат да ја носат...Но зависи од фирмат-некои имаат убави униформи што би им одговарале на работните место некои не,пример е дечко ми,кој кога се вработи му кажаа дека не смее да доаѓа во маички-од типот на ла коста,туку исклучиво панталони кошулаи чевли...така тој си изнададе еден куп пари,за да после година на неговата детинеста директорка и текна да уведе униформи....т.е. за зимно време блузончиња со логото на фирмата,а летно лакоста маички :o сите се бунеле -но џабе,дури и и сугерираа дека угледот и првиот впечаток за фирмата не би бил ист,но таа така реши и така бидна.И дечко ми се нервираше,сега мораше да купува фармерки ,панталонки,и секојдневни чевли....е тоа навистина нервира... :@
    Јас би сакала да се облакам по мој мерак,и ако ни воведат униформи ќе биде зафркнато,зашо не би сакала да ги носам,и да се замарам да ги перам и пеглам секој ден :envy:
     
  4. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Joined:
    Jan 11, 2011
    Messages:
    283
    Likes Received:
    197
    Ние имаме униформи на школо, ама што ако имаме кога никој не ги носи. |( Не сум против униформи, доста ми е од недолично облекување на школо.
     
  5. innablood

    innablood Истакнат член

    Joined:
    Feb 23, 2011
    Messages:
    788
    Likes Received:
    1,324
    Да - за униформите

    Колку ми изгледаат убаво девојки кога ке видам во град после училиште(ретки случаеви) по униформи, како да се излезени од некој американски филм. Убаво ми изгледаат, не нападно, без деколтиња. Тоа ми се допаѓа, треба да се воведе некој кодекс на облекување во училиштата. Јас би да се воведе униформа во секое училиште.

    Јас кога учев во основно имавме розеви униформи, женските и сини униформи, машките со црни дуксери. Ги поносевме неколку месеци кога нареди директорот и после за џабе беа лупнати парите, им беше срам да ги носат униформите, сакаа да се истакнат со ново купената гардароба. |(

    Сеа од средно, строго воведени униформи ;)
     
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Joined:
    Mar 20, 2011
    Messages:
    4,133
    Likes Received:
    6,033
    Така е. Носевме порано кај мене во школо, ама прекинаа да се носат се сменија директори и едната бараше, другава не бараше, ќе видиме оваа сега што ќе дојде иако си имам дома униформа од школото и шема беше во 1ва средно памтам сите со униформи и на улица те гледаат, препознатлив си, бренд па дури и подобро од тоа. Сум за униформноста во повеќето случаи општо, со исклучоци секако штета што на факултет нема да имам, но затоа за на работа сакам. И редно е веќе да се воведе режим на сите работни места со униформи да се иде, и во школите првенствено!
    Да додадам: остануваат многу пари за нова гардероба и подобро да се купи униформа, отколку безброј кошули за на работа, со тие пари ќе се купуваат алишта за денско, вечерно излегување, свечени прилики и со тоа нема да има потреба секое сабајле за на работа да се мисли што да се облече, туку само кој моден додаток да се додаде и да: остануваат пари за многу чевли кои ќе се носат и на работа, и надвор од работното време, сегде :)
     
  7. brunete

    brunete Истакнат член

    Joined:
    Jun 7, 2011
    Messages:
    209
    Likes Received:
    39
    Кај нај у школо нема униформи,а не ни имало.
    Јас лично не сум за униформите..што знам не ми праат ќеиф.
    Ќе си купиш некоја убава маичка и нема да можеш у школо да ја покажеш на другарките.
    Нас у основно коа бев сакаат да ни стаат униформи али се бунеме сите и ги укинаа :)
     
  8. kankus

    kankus Популарен член

    Joined:
    Dec 31, 2010
    Messages:
    1,472
    Likes Received:
    871
    кратко и јасно да ;) ;) ;)
     
  9. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Staff Member

    Joined:
    Dec 14, 2009
    Messages:
    2,669
    Likes Received:
    4,624
    Gender:
    Female
    Не сум против убава работа се ама доколку се квалитетни во средно носевме некое време ама за тие пари што ги дадовме реално не вредеа тие два паратала
     
  10. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Joined:
    Apr 12, 2011
    Messages:
    1,793
    Likes Received:
    2,025
    За униформа.

    Има многу предности,првенствно е што на тој начин барем привидно се ублажуваат социјалните разлики,без разлика дали во школо или на работно место.
    Потоа, што нема да има потреба од купување посебни алишта за на работа/школо,значи и штедиш.
    А и изразува некаква припадност на група и самата фирма,институција...делува посериозно и поугледно.
     
  11. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Joined:
    Apr 25, 2011
    Messages:
    868
    Likes Received:
    719
    За. Јас носев 4 години во средно и стварно ми беше супер поради тоа. Прво и основно не морав да бирам што ќе носам во школо, едноставно стварно скратува време за спремање! Сега и поради тоа што си го студирам (и се надевам истото ќе си го работам :inlove: ) ќе морам пак да носам еден вид на униформа :) И тоа баш ми се допаѓа.
     
  12. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Joined:
    Jul 22, 2010
    Messages:
    886
    Likes Received:
    1,046
    Jас мислам дека треба да се носат униформи.....јас носев 4 години во средно и навистина е пријатно...без да се мислиш што близа ќе носиш.... ;)
     
  13. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Joined:
    Oct 20, 2010
    Messages:
    667
    Likes Received:
    2,008
    Униформа бре :rock: :rock:

    Не се влечеш ко цревце пред плакар и тупкаш со ногата на под затоа што ти си единственото јадниче на овој свет што нема што да носи бе, што иако плакарот е полн тебе муцето ти е напрчено и демонстративно ја напушташ собата, да смислиш шо ќе правиш дур мочкаш :D :D :D

    Значи поготово кога станува збор за тинејџери, а кои голем дел вредноста на човек ја проценуваат според неговиот физикус и дотераникус, со униформата нема да си бодат очи и отвараат теми за трачање :D

    Стокмено, културно, пријатно....мене ми даваат шмек. ;)
     
  14. Sephora

    Sephora Популарен член

    Joined:
    Dec 5, 2010
    Messages:
    2,690
    Likes Received:
    4,485
    За униформи во училиштата сум. Исто и за кодекс за облекување на работа.
    На што по тренерки или хеланки да се упатиш кон работното место. Треба да е јасно што се носи на работа, што не. Особено кога работното место го бара тоа.

    За училишни униформи сум кога станувам збор за оние како Млади бунтовници.
    Ау, многу беа мили и скоцкани.
    Кај мене во школо имаше во шесто ама само јас не ја носев. Моите ми забранија.
    Се гушев во неа, а ги носевме ви се молам во април, мај и јуни. Односно требаше да се носат.
    Беа од крут тексас како на работницине кога ги откриле фармерките и се закопчуваа од позади.
    Не смееше да ги завратиш ракавите ако ти е топло и дизајнот беше куп квадрати следна големи, кои беа црвени ама не исполнети со таа боја внатре.
    Должината и беше на униформата до задник, а кај стомакот имаше ластик. Чинеа 600 денари, во несвест да паднеш. Ниту ја платив, ниту ја земав униформата мислам. Како што сум склетџија ќе се онесвестев ако ја носев во таа горештина. Да не зборам што не трпам ако нешто ме гуши.
     
  15. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Joined:
    Jul 5, 2011
    Messages:
    8,620
    Likes Received:
    40,110
    Gender:
    Female
    Во основно кога бев 7-8 одд. ни воведоа униформи едно зелени, мислиш од завеса ги правеле :puke: . Ја носев само еднаш или два пати и толку.
    Инаку сум за униформи во основни и средни училишна, но секако убави униформи.
     
  16. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Joined:
    Aug 26, 2010
    Messages:
    338
    Likes Received:
    144
    Дефинитивно сум за униформа. И во школо и на работа. Носев 4 години униформа во средно и искрено уживав. Скратува доста време за спремање и ја нема дилемата што да носам денес, а го скратува и буџетот значително :)
    Што се однесува на кодекс за облекување на работно место уште повеќе сум за. Некако многу ми се допаѓа кога ќе влезам некаде и сите вработени се исто скоцкани, пристојно облечени.
     
  17. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Joined:
    Jul 8, 2011
    Messages:
    1,038
    Likes Received:
    2,271
    Gender:
    Female
    За. Во основно носевме само една година,но брзо ги шутнавме битејќи не ни се допаѓаа ни боите ни формата на самата униформа. Беше како вреќа. :puke: Но,во средно дефинитивно сакам да носам униформа бидејќи на некој начин и ми ја крати вечната дилема што да носам утре за на школо?
     
  18. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Joined:
    Jan 31, 2011
    Messages:
    2,107
    Likes Received:
    1,642
    Јас сум ЗА! Во основно имавме униформи како мантили (кецели ги викаше мајка ми), убави беа, фармерски, ама никој не ја носеше сем ако не не опоменеа. Јас сакав да ја носам, ама си викам кога никој не носи зошто јас да носам... И ретко кога ја облекував. Но, сега во средно имаме горен ден на униформа: значи блузон, дуксер или кошула со елек, а за во потопло време маичка со кратки ракави. Сега мораме да ја носиме редовно, па сите носиме. И мене лично баш ми е мило. Се избегнува фалењето види каква блуза имам и валкањето на облеката. Наместо да си ги фетам блузите ми стојат понови, а на училиште сите сме исти.
    Значи, сум ЗА унифрма и за на училиште и за на факултет, а и за на работно место. За секое работно место може да се најде соодветна униформа по која ќе се препознаваат вработените.
     
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Joined:
    Mar 20, 2011
    Messages:
    3,753
    Likes Received:
    3,732
    Јас сум за униформи дефинитивно! :)

    Пред се, изгледа многу поубаво, пристојно и средено (секако тоа зависи од униформата).
    Потоа, не мораш да се мачиш секој ден околу изборот на облека.
    И секако се овозможува сите да изгледаме исто, значи се ублажуваат социјалните разлики.
     
  20. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Joined:
    Apr 19, 2010
    Messages:
    1,619
    Likes Received:
    4,653
    Сакам и сум за унифроми дефинитивно.
    Прво зарди фактот што барем ќе се стопат опшествените разлики, и сите би биле на некој начин исти, нема да има оценување според гардеробата, односно нема никој никому да се потсмева кога ете некој неможе да си дозволи да се облекува по последна мода.
    Особено во средните и основните училишта кога уште младите се лесно ранливи особено ако домашните неможат да им дозволат на децата скапа гардероба, а поради тој факт тие би се чуствувале пониско и ќе се срамат од себе.
    И на факултетите ми се допаѓаат особено оние на Европски, баш ми се уредни и средени, и прилегаат на идни академски граѓани. А од друга страна на некои начин создаваат навика за посериозно облекување онакво какво еден ден се очекува од нив.

    Ми се допаѓаа и униформираноста по инстиуциите, еднставно да се знае кој каде припаѓа и да се избегне невкусноста во облекувањето. На пример одам во МВР а таму тетката на шалтер во една развлечена и испофлекана маица ја руши репутацијата на органот, прави во мои очи да изгледа несериозно целата структура на МВР, како таму никој ништо да не мари, кога таа не се замара што ќе облече за на работа, сигурно не се замара ниту како ќе се однесува со нас клиентите.


    Исто така униформите имаат и уште една добра страна, нема да мора секое утро или вечер да губиш време размислувајки што ќе облечеш, туку ќе треба да мислиш само дали униформата е чиста и испеглана.