1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Училишен споменар

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од kuchka, 24 октомври 2010.

  1. kuchka

    kuchka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    13
    ;) Јас кога бев помала често знаев да ги запишувам настаните од школските денови од кои подоцна пишував многу убави поеми па ај да видиме ако и вие имате убави поеми кои го опишуваат вашите школски денови запишете ги овде ;)
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    :D :D :D Какви се‘ не глупости имам пишувано за симпатии, за другарите негови, за школски некои што ме нервирале, за наставнички :D :D
    Срамота е да ги постирам, кога ги читам се прашувам со што ме хранеле тогаш :D
     
  3. CupCake

    CupCake Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    165
    Хахаххаха мене кога ќе ми текне на мојот прв споменар не можам да си се изнасмеам.
    Имав мало тефтерче у форма на срце со катанче и триста тракатанци.На првата страна пишуваше: „Мојата прва симпатија е Андон„(така се викаше типот од училиште) и после сум напишала „Еве еден бакнеж до тебе“ и таму мојот пољубац со кармин што сум се шљакала.Па имаше еден простор за писменце,што би му кажала,абе свашта.Си се усрамив сега..Хаха..Ај,ај сум била малку креативна ако не друго.
    После кога потпораснав малку,5то бев уште еден опасен споменар..Сум пишувала прво нешто за мене,за моите другарки,симпатии,наставнички итн.Морам да ги најдам и да си се посмеам.
     
  4. UniqueCreature

    UniqueCreature Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    44
    Кога ги гледам моите стари споменари се смеам до бесвест. Споменки, па усти цртани и лепени со кармини, па режени букви, па имиња на симпатии бришени и преправани по 10 пати со коректор....леле свашта. Сакам да се вратам во тоа време барем 1 ден :) Најубаво е да си дете.
     
    На Pepa B.. му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    леле штета што при преселба јас ги изгубив моите :(
    Какви се не глупости имав пишувано, за симпатии, па песни поезија :rofl: па дневник од време на време се во едно.
    Се секавам еден ден имав напишано колку сум разочарана и тажна оти симпатијата од клас ми го преместиле во друга редица :D со колку емоции и тага хахахаха, последниот пат кога го прочитав се газев од смеење дури и жал ми падна за мене :D
     
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Ајде да ве посмеам малку. :rofl:
    Мојот прв споменар го започнав пред да одам во забавиште, знаев да пишувам од многу мала.
    Буквите во линиите како компири на нива, печатни и напишани без никаква симетрија.
    Буквата Е секогаш ја пишував наопаку, какао З. :rofl:
    Немав појма како се води дневник, па затоа сама си поставував прашања и си одговарав. :lol:
    Штета што не можам никаде да го најдам, така слатко се имам изнасмеано со него. :D
    Симпатија ми беше еден другар на бато, кој беше ни помалку, ни повќе туку цели 5 години поголем од мене. :D А, да и многу го сакав Тоше, ама него го баталив бидејќи мислев дека му е девојка Каролина. :rofl: Бруки сум била, по страници пишував Тоше и Каролина и го украсував со цветчиња и срциња околу. :D На момчето што ми беше симпатија му пишував песни, пораки, цртав срциња... :D Дете. :rofl:
    Баш ќе пробам пак да го побарам, па ќе напишам уште нешто да се посмеете на моја сметка. :rofl:
    Другиот што ми е од 4то одделение знам каде е, ама не ми врши работа, нема глупости во него.
     
  7. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Јас со правење споменари започнав некаде во 3то одделение.Вложував многу труд прво барав други споменари и од нив пишував споменарки,па барав сликички,украсував,цртав....колку само внимание посветував на изгледот.А кога пишував пак некои четива обавезно и правев рамка со срциња,ѕвезди и којзнае уште што не.Се сеќавам и дека со ќибрит горев некои страни за да не биде монотон.Имав неколку споменари,за жал не ги чувам сите кој знае каде се.Но два ми имат останато и тие ги чувам зошто ме потсетуваат на детството.Секогаш кога ќе ги разгледам се смеам слатко,а посебно да делот кога ќе видам како сум се потпишувала со тогашните симпатии.
     
  8. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Леле колку убавка тема :clap: :clap: :clap:

    Ееее мојот прв споменар беше дури во 5-то одд.мислам оној "поозбилниот",оти претходно само цртав срциња и цветчиња,ми беше страв да пишувам имиња на симпатии да не ми го најде мама кога ќе ми ја чисти собата :lol: Уствари ми беше срам ,не страв...

    Море песни,споменарки,текстови посветени нели за него,што да ти кажам.Од секогаш сум сакала да пишувам и пишував реферати,а нели пошто јас сум сентиментално створење до даске, си ги чувам сеуште тие стварчици.Мајка ми ми ги спакувала во една кутија и многу често кога си одам дома,знам да ги отворам,да читам и да се смеам....љубов било тоа а не панаѓур :D :D Слатко ми е кога си ги препрочитувам,шубавки детски спомени беа тоа :inlove: :inlove: :inlove:
     
  9. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Срциња, кругови, ѕвезди, шарки-барки и што уште не. Сеуште чувам еден или два споменари кои ме враќаат во детството. Најсмешно ми е тоа што за секој нов симпатија(а навистина сум ги менувала често или сум ги имала повеќе истовремено :P ) сум мислела дека тој е ТОЈ, навистина го сакам, хахах, па плачки, песни што потсеќаат на него и сл. Или пак сум престанала некој да го сакам, па лепи сликички над напишаното име, да исчезне од мојот живот! :lol: :lol: Ехх тоа ти е невиност и чистота на детското срце
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    :D
    Леле јас колку внимание посветував на споменари!
    Неговото и моето име во срце, а за некоја недела пречкртано (зашто не ме одбрал мене :^) во играта дама-кавалер) и на другата страна јас и друг во срце!
    Која блудница!
    Имаше песнички, па некои лепени сликички, па сушени цветови, па неизбежните рими:
    Жолта дуња, зелен бор,
    брзо чекам одговор! :^)
    (мајка ми ми ја кажа инаку, мене тогаш ми се виде страшно интересна). :rofl:

    Мојот симпатија во трето ми се имаше потпишано , значи името и под него некоја марка на мотор, Хонда или Јамаха, не се ни сеќавам, ама со миризливо пенкало, само он имаше такво и се сеќавам дека дома си ја мирисав страницата со потписот.
    Кое теле!
    Од денешна перспектива, едино машко со миризливо пенкало во одделение и притоа видно чепатење поради тој факт, е едноставно ГЕЈ!
    :^)
     
  11. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Бев затрескана во Хари Потер и во сите мои споменари од детството пишував колку го сакам, дека едвај чекам да станам 11 години, па и мене да ми пратат писмо од Хогвартс. Тоа ми е остнато и до денес - фантазијата. :D
    Баш сега си ги разгледував споменарите, сите ги чувам. Хаха колку е добро ова:
    "Додека телефонот ѕвонеше, си помислив ТОЈ, некој ми рече НЕ Е ВЕЌЕ ТВОЈ, а јас му заклопив и кажав ПОГРЕШЕН БРОЈ!" :D :D :D
     
  12. kuchka

    kuchka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    13
    хаха а јас едно време бев многу разочарана од машките и на една страна од споменарот напишав ,, Што е маж? - именка, а Што е швалер заменка секако :D :D :D утредента им го покажав на сите машки во одделението :D ме кажаа на наставниците па ми го конфискуваа :D :D :( штета би сакала да го задржев :)
     
  13. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    хахаха интересна темава :) браво за основачот
    јас за секој симпатија си правев посебен споменар и кога ќе престанев да го сакам си ги одлепував сликичките и го фрлав во канта и си правев нов споменар за новиот симпатија
    колку само глупости пишував
    Јас сум шеќер ти си мед заедно сме сладолед :rofl:
    незнам зошто секогаш симпатија ми беше некој од најодличните :geek:
    Првиот симпатија за кого направив се викаше Менде и си лепев паковки од ким во споменарот
    Кате и Менде (к и м) :lol:
    на сликата од 3 одделение седиме едно до друго и од што сум прехепи ми се гледаат 5ките од големата насмевка
     
  14. Ivu4

    Ivu4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    41
    Еве денеска баш буричкав по старите работи и случајно најдов еден многу стар споменар на баба ми и тетка ми :lol: се изнасмејав читаејки значи каков е бил животот... Има интересни споменарки еве ви некои од интересните: :$
    Sta da ti kazujem Кваката е висока Oci tvoje plave boje
    sta da ti pisem Кваката е ниска ranili su srce moje
    kada te volim секое машко il za srce nema leka
    nemogu da disem! за девојка писка. patim do veka!
    Еве има 100000... но напишав само 3 ако ви се интересни ќе напишам повеќе ај напишете вие некоја доколку имате
     
    На stilton му/ѝ се допаѓа ова.
  15. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Споменар

    хахахах ехх коа ќе ми текне на ова лудо време барем се занимававме со нешто за разлика од денешните деца кои растат со фб лошо зар не .... еее колку пишував и колку ги криев споменаркитеее да не ми ги најдат :D еве една што уште ја памтам ЗАМИНАВ ОД ТЕБЕ СО СРЦЕ СКРШЕНО МЕЃУ НАС СЕ Е ВЕЌЕ ЗАВРШЕНО :D :D
     
    На Ivu4 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ivu4

    Ivu4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    41
    Споменар

    Oci tvoje plave boje ranili su srce moje il za srce nema leka patim do veka :lol:
    Lele kako mi se zbutkale nisto ne se cita :doh: :sweat: :$
     
  17. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    47.772
    Пол:
    Женски
    Споменар

    У срцу сам те закључила
    не можеш изачи,
    кључ сам изгубила
    не могу га начи.

    Ех,колку само споменари и песмарици имам пишувано.Така беше во времето кога јас растев.На споменарите се потпишувавме,цртавме срциња,ѕвездички,па капевме восок од свеки,ги горевме краевите од тетратката.
    После излегоа миризливи тевтерчиња,па си пишувавме и во нив некои љубовни песнички.

    Едно време и дневник водев,па си запишував се.Сега скоро го пронајдов,го исчитав и се вратив 15 год.наназад.Колку ли само се променија времињата,или времињата се исти ,само ние се менуваме.
     
  18. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Колку и да сакам, нема да заборавам една легендарна песничка во мојот споменар. Ја знаеја цела фамилија.

    Сонцето грее, петелот кукуриКа,
    стани Аврил, Бојан те вика!
    :inlove:

    Ми се смееја и смееја, а јас упорно и упорно го покажував моето дело!

    :rofl:
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Ххахах на мајка ми просто и се креваше косата кога ќе земев да го "дотерувам'' споменарот. И се разбира, во вид на срце беше, розев со катанче. Клучевите од криење ги поминаа сите ќошеви од станот дома, најчесто под теписон ги криев некаде. Внатре еден тон глупости собрани, денес ми се смешни, ама во тоа време ги чував како најсветото нешто. Па пишував со восок од свеќи во боја, па ги горев страниците по крајот, па специјално за него се купуваа еден тон фломастери, мрсни и дрвени боичики. Ѕвездички, срценца, цвеќенца се изнацртав за цел живот. А го отворев да чкртам, цел стан на изгорено смрдеше после 15тина минути. :D
     
  20. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Има еден споменар во форма на срце и со катинарче. Па не смее секој да ми чита! И таму се пишував: тој и тој ми е симпатија и едвај чекам утре да отидам на школо и да го видам. :lol: Аман, кои патетики! Па со него не ставија да седиме во иста клупа...па која среќа беше тоа, еј. Страници испишани со тоа!
    Па пишував песни за кучето кое го имав, имав напишано една за Супер бингото тогаш што беше со Игор и Натали! И само на последниот стих се сеќавам и ќе ви го кажам да се посмеете малку: редовоно ливче купуваме, но за нас никогаш нема ништо! :lol:
    Имаше и рима песната ама не знам точно како беше!
    После неколку години го најдов, ги прочитав глупостите и ги скинав страниците! Се усрамив од напишаното! :$
    А споменарот уште го чувам...