Сум во дилема за некои работи околу физичката делба. Наследник сум со сетрами на 1/2 од куќа во која што двете живееме. Имавме некоја привремена поделба на просториите(тогаш ние адаптиравме дел за кујна и купатило) ,а дел ги користиме заеднички - имаме само еден влез во куќата(има само приземје), со тоа и заеднички ходник - за излез на тараса поминуваме низ нивна(старата) кујна и машина за алишта во купатило што е од нашите родители - заеднички користиме подрум. Нашево привремено решение е веќе 15 год, а другата страна непокажува никаков интерес за решавање на ситуацијава( имаат поголема површина на користење). Земјиштето под зграда и дворното место е во процедура за приватизација. Бидејќи стварно не може да се договориме, решена сум да почнам судска постапка. Ме интересира дали може да ја подели куќата- судот( да се извади нов влез и се што е потребно) без сопственост на земјиштето. И ако може појаснување на процедурата на суд .