Филерина се рекламираат како филери без боцкање. Се ставаат само на брчките како серум а ефектот би требало да трае 3-4 месеци. Имаат 3 јачини и дневен, ноќен крем и за околу очи во трите јачини. Цените им се од околу 4000/6000 ден.зависно од јачината за третманот за 14 ден. Дали имате искуство, мислење за ова? Јаа имам брчки на челото и околу очите што сакам да ги пополнам па не знам дали ова навистина прави нешто или само маркетинг. fillerina.hr https://www.facebook.com/share/r/1AjTRUrcsR/
Не верувам да е ефективно, ама доколку е, би пробале ли и за усни, за суптилен волумен? Јас еден период пробав да користам Волуфилине, искрено џабе го користев..
И јас ги гледав овие, ама засега немам некои брчки според кои би можела да проценам како и дали ќе делува. Имам пријателка што одамна користи Филерина и лицето и' изгледа навистина свежо, го има тој 'plump' ефект на хидрирана кожа, ама назолабијалните брчки и тие на челото пак се познаваат, не е дека ептен ги снемало со помош на кремава. Генералниот ефект ми се допаѓа, иако не сум сигурна колку би помогнал третманов во корекцијата на брчките. Можеби некогаш би купила, од љубопитство.