Pa vaka... nekoi od moite drugarki cesto pati velat deka imaat harizma. Ednas mi kazaa deka jas go nemam toa i deka harizmaat bila edinstvenata prichina zosto ne mozam da si najdam momche!? ne znam kako da dojdam do celta i konechno jas da go imam momchetokoe go sakam! pomognete mi ve molam! :roll:
Харизмата е многу важна, според мене дури и поважна од убавината. И мислам дека секој човек може да има харизма ако придонесе за тоа. Смеј се често, мисли позитивно, биди дружељубива... нема ништо попривлечно од насмевка и позитивно однесување. Ако ти мислиш дека си харизматична и привлечна и другите ќе те доживуваат така. А мене ми изгледа дека ти си изгубила дел од самодовербата. Остави ги твоите пријателки и концентрирај се на твоето мислење. Дечковците сами ќе дојдат
Целосно те разбирам што сакаш да кажеш. И јас до пред некое време имав таков "проблем". Никој никогаш ми го немаше тоа кажано но сега го воочувам тоа. Порано бев многу затворена личност. Многу ретко се зближував со некој до толку за да има можност да ме запознае вистински. Тоа беше главната моја причина поради која мисам дека немав харизма. Некои работи ми се сменија во животот и сега сум целосно поразлична (тоа ми го имаат и многу други кажано). Едноставно биди си тоа што си. Сигурно си се "фатила" сама дома како си замислуваш некоја ситуација и како навистина би сакала да изреагираш тогаш. Направи го тоа во реалноста. Биди отворена и искрена! Воопшто немој да размислуваш што некој ќе каже или помисли за тебе. Секогаш прво цени се себеси и сопственото мислење! Верувај дека можеш да имаш што и да посакаш, па така и кога ќе посакаш некој дечко ќе веруваш дека можеш да го имаш и подсвесно ќе имаш храброст да го освоиш. Можеби ти звучи комплицирано но од лично искуство ти кажувам дека не е!
Ова е 100 % точно!! Јас си знам по мене..Ама уопште не сум обожавана од луѓето од причина што немам ни малку од таа ,,харизма" . А пак дечко ми од друга страна...тоа чудо,нема кој не го сака. Професори,другари,мајки.... има таква мила фаца што влева доверба ( ),за разлика од мене ( ме вика намќор,не дека стварно сум туку не ми е воопшто гајле што мислат друѓите,плус сум бик во хороскоп така да тешко се зближувам и верувам на луге) Убаво е да се има харизма ама ете,ја немаат сите
Мене ме нејќат ни роднините, ни дај ни придај. Затоа што не пазам и се што ми пречи им го плеснувам во лице. А сестра ми сите ја сакаат, она не дека ги сака туку лице им праи колку да се живее да не се караме. А јас ЈОК, нема кај мене дали роднина бил или комшија или што ти знам. Што не чини се кажува. Затоа ме нејќат
Па со луѓе со кои не сакам да си имам работа, нормално не им го покажувам вистинското лице и ме сметаат за антипатична, арогантна, ама тоа си е нивен проблем, не мој. Инаку тие што вистински ме познаваат ми кажале дека сум харизматична. Сметам дека луѓето со харизма се прекрасни, едноставно влегуваат некаде и го осветлуваат целиот простор, си имаат нешто во себе, и не би го поистоветила со лижење гз или неискреност. Може да бидеш и искрен и харизматичен истовремено. Ми имаат некоја посебна енергија и насмевка, нема ниту врска со убавината, едноставно зрачат!
ех, харизма - само колкава предност имаат личностите со харизма - ама ете неможе секој да ја има т.е едноставно некои не ги бива за умилкување некои ко мене
харизмата или ја имаш или ја немаш.. како што се вели си има ѕвезда девојчето... за мене на пр не можам да кажам дека сум многу харизматична меѓутоа во споредба од минатото кога бев срамежлива, цело време седев ко намќор во друштво.. сега сум поинаква и сите ме сметаат за мн. позитивна личност.. а за харизмата, никој не ми рекол дека ја немам, дури и ми рекле да се чудиш дека сум имала шарм и харизма иако искрено за жал јас не се доживувам за таква :/
Не е точно дека харизма имаш или немаш. Како и се друго е научена. Пробај го следново - интересна ментална вежба, па кажи ми како реагираат на тебе и како се чуствуваш. Излези надвор од дома и замисли си дека си глумица. Чисто како експеримент. Стави се во филмот дека си најубавата девојка на планетата што само што ја изгласале кралица на светот - замисли си дека сите те знаат и си најпозната во светот. Или смисли си некој филм твој што тебе те инспирира. Ако ти е глупо кај што те знаат, прошетај кај што никој не те знае. Стави осмех на лицето (затворен) али истегнат од крај до крај и стави се во филмот што ти го реков. Замисли си како каде и да одиш сите те гледаат и викаат (аааааааа која е оваа). Значи замисли дека глумиш за на филм и дека има камери на сите страни како што одиш и ја глумиш сценава. Доволно е само 5 минути да го пробаш ова и да видиш што се дешава. Кажи што ќе се деси - мислам ќе бидеш пријатно изнадена од експериментов. - Како се чуствуваше и како беше различно од она што го чуствуваш на обичен ден - Дали поинаку реагираат на тебе мажите и дали примети разлика во овој дел?
Харизмата е многу поважна и повпечатлива од убавината. Има многу убави луѓе но ете не зрачат некако. Мислам дека харизма може секој да има, треба да се потрудиш да оставиш таков впечаток и да шириш позитивна енергија.
Или ја имаш или ја немаш. Тоа е таа внатрешна убавина преку кои зрачат некои луѓе. Немора да си најубава и мисица девојка али ако веруваш во себе дека си убав (без претерување на нарцисоидност) едноставно зрачиш од позитивна енергија. Едноставно сакај се самата себеси и верувај во себе.
Шарм , харизма, како сакате ,не се стекнува , туку е вродено. Бадијала ти се сите насмевки на светот , не е до насмевката , не е до чувството дека си убав и посакуван, туку тоа едноставно зрачи од тебе. Мене многу ми се нашол во животот ,сите ме сакаат ,иако знам да бидам остра на јазик ,сите велат дека најпривлечното нешто кај мене бил токму мојот шарм ,освен убавината...па сега ,ајде да им веруваме ...
Харизмата не се стекнува, ако си ја немал досега ќе ја немаш и одсега. Ако пробуваш на сила да имаш нешто можеш само блесава да испаднеш. Инаку мислам дека тоа воопшто не е причина што немаш дечко, сигурно не се појавил дечко со кој имаш некоја хемија. И да немаш харизма сигурно имаш нешто друго со кое можеш да привлечеш дечко.
харизмата е вродена работа забе би биле сите насмевки,погледи... ако ја немаш таа харизма таа привлечност, внатрешната убавина, тоа го прави човекот..
Па и не морале другарките баш така да ти го образложат тоа! Како што ти наведоа и другите погоре харизмата е понекогаш многу повпецатлива од убавината! Смеј се,шали се,полни се со позитивна енергија на тој начин ќе зрачиш кај другите луѓе..биди енергична,движи се,диши со полни гради..кога ќе се почувствуваш вистински среќна и задоволна од себе си тоа ќе го забележат и другите луѓе верувај! и запомни кој што и да ти каже ти си прекрасна,и никој не може да ти го одземе тоа,особено не некои чудни коментари од другарки!
Харизма....сосема апстрактен и неопиплив поим, елемент од карактерот, дел од духовноста на една личност кој едноставно не се учи, туку се поседува.Се работи за исклучиво духовна компонента на личноста Физичкиот изглед е комплетно небитен. Зрачи. Кога ќе почне да зборува сите замолчуваат и слушаат.Кога ќе слушнат што таа личност кажала,за кажаното накнадно размислуваат. Околу таа личност секогаш е живо. Вешт оратор. Шармантна личност. Духовита. И најважното, никогаш таа личност не се става во „надредена“ позиција. Имате впечаток дека е дел од вас, а таа личност и така се чувствува. Харизмата е аура на личноста и им привлекува внимание на луѓето.На моќта на харизмата може тешко да и се одолее и не може да се сфати, таа еден вид квалитет, мистериозен талент,ако може така да ја дефинирам. Харизмата во голема мера се потпира на експресивноста, контролата и сензибилноста на една личност, но нејзината волшебна моќ се зголемува кога ќе се измеша со мистериозноста и неповрзливите спротивности. Кога харизматичната личност стапува во комуникација, таа зборува брзо, прави мимики и на тој начин покажува дека е самоуверена и дека има цврсти идеи. Харизмата не може по желба да се „вклучи“ или да се „исклучи“ и луѓето кои ја поседуваат се автентични.Дури претставува и група од вештини, а нивната емоционална компонента е многу тешко да се лажира.
Харизмата, слично како и шармот, или ги имаш или ги немаш. Не верувам дека такво нешто се учи, тоа е едноставно дар магиски на човечкиот карактер, појавност, способност да се биде самосвесен дека поседуваме магнетизам кој е за благородни добра или освојувачки цели, да речеме. Тргнувајќи од мноштво лидери на политички партии, светски познати уметници, водачи на цели народи, доаѓам до заклучок дека харизмата, сама по себе, е манипулативен, моќен и секако редок тип оружје што може да донесе бескрајна среќа ако правилно се употреби. Кога некој момак ми е убав, привлечен, а да речеме дека физички и не е мој тип, знам дека сум паднала на некоја негова внатрешна, неопиплива енергија, која мене може да ми се карактеризира токму така, харизматично. Еден куп убави луѓе познавам, но харизматични, поретко. А со и од нив, светот добива енергија на преродување, тоа сигурно. Харизмааааа, прекрасно нешто.