Па, ако немаш чуено не значи дека не постојат, нели? Tи ја препорачувам ,,Witchcraft and Evidence in Early Modern England" од Молком Гаскил. Изобилува историографски податоци и се спомнува за кои критериуми биле жените палени на клада, и се поентира улогата на Црквата карактеристична за тој период. https://www.jstor.org/stable/25096700 Инаку, јас не ни зборував за Балканот. Од каде тоа дека зборуваме за Балканот?
Edno e Hijab, edno e Burka. Hijab ne go pokriva liceto!! Burkata da, samo ocite se gledaat. I mene toa mi e eksremno i ne mi se dopagja. Ama Hijab.. ne e tolku strasno Eve ti moda vo 60 tite godini..
Па еве и она сака да продискутира како стои на глава хиџабот. Што опоменуваш ако ти не се држиш до тема, а она да?
А не е и хиџабот традиција? Нема логика ова што го зборуваш.Повеќето луѓе не се вистински религиозни туку традиционалисти.Кога девојчиња почнуваат да носат хиџаб го носат зашто така треба а не од сопствен однос кон Господ.Истото важи и за повеќето жени.Така треба, срамота е, мора да се покриеш.Кога генерации жени го носат околу тебе го носиш и ти зашто едноставно така треба.Личниот избор е фиктивен.
Не да е страшно, хорор е... Штом видам жена со бурка, чадор или хиџаб сфаќам дека таа жена има конзервативни сфаќања и е анти - феминист.
Никаб и бурка мене дури и ме плашат искрено, не знам кој има под тоа, дали е машко или женско. Ама Хиџабот мене толку ми е некако елегантен, па како го носат жени во светот, тоа лицата нашминкани, негувани, им доаѓа до израз секоја црта на лицето.. И да сум за тоа секоја да си има право да си одбере како ќе се носи, покриена, откриена ..
Не е традиција, во куранот стои. А дали повеќето луѓе се религиозни од навика или стварно се, од кај да знам јас. Јас најмногу од се мразам наметнати работи, никаде не сум пишала дека треба да носат зошто така треба. Ама има многу жени што носат хиџаб од тотално своја желба, заради сопствен однос кон Господ. И која сум јас мене тоа да ми смета.
Па дека спомна патријаршија, а мене, колку што ми е скромно познато, тоа е православна институција. Ептен небитно, бтв. Темава од мода стигна до религиски симболи и опресија, ок. Факт е дека има жени што носат џихаб, и православки што покриваат глава, и невести што носат вел, и такви што ништо не носат. И ти да одиш утре во Багдад ќе носиш, јер таков е дрес-кодот, ти се допаѓало или не. Може ќе ти се најде некој моден предлог ако си со дипломатски амбиции Спикинг оф мода, мене лично многу ми се допаѓаат традиционални облеки од многу земји, особено од африка, ама какви времиња дојдоа,може ќотек да јадам за културна апропријација
Во Македонија сигурно се бројат на прсти тие со носат ради вера, се друго е ради пари и сите знајме дека е то така, сакале признале или не.
Да, точно е, повеќето жени од исламот се натпросечно убави и дури искрено како такви намамуваат уште повеќе погледи бидејќи има некој сексапил и шарм под тие долги долами од кои се гледаат само очите обоени во црн туш. Ти текнува на Жаде? ...Дури би рекла дека постигнуваат и спротивен ефект од оној првичен, религиски.
Ама не се разбираме. Мене не си ми битна ни ти ни никој, ниту сум криминалец за да признавам или не признавам нешто побогу. Од секогаш сум ве сметала ваквиот тип за close minded и не влагам обично во дискусија, зошто вие не знаете дискутирате.
Познавам муслимани и муслиманки кои би ви се изнасмеале на постовиве. Зошто ви е тешко да верувате дека некоја муслиманка носи хиџаб оти таа сака,а не оти ѝ наметнува татко ѝ или маж ѝ? Ало,во 21-ви век сме. И зошто ви пречи тоа? Тогаш не сте либерали.
Па јас сигурно не коментирам ради то шо ти си ми битна, си кажвам мое мислење. А очигледно те вреѓет факти што се навистина така, иако не гледам потреба освен ако ти истото го прајш.
Тоа е во културата. Во мароко, арапските земји жените се учени да флертуваат со очите. И затоа и лицето им е поктиено не само косата како во Турција да речеме. Имам многу читано за таа култура и ме фасцинирало како фунционираат во таков свет.