Да, избор е хиџабот колку што е избор на која религија (треба да) припаѓаш. Како сакате вртете го, коренот на носењето хиџаб или пострашно бурка, е да се скрие женското тело бидејќи е срамно да ти го гледаат, срамно е да си жена. Не може да е избор кога единствените опции се или ќе носиш или ќе носиш. Не им е избор сигурно на оние на 40 степени во лето што носат или на оние што се капат в езеро забулени. Не дека не може да им е избор на некои, ама тие се ееептен ретки. И пак најголемо влијание има средината во која растеле. Баш пред некое време лично видов в град татко со две мали девојчиња околу 5-6 години, носеа хиџаб. И нив сигурно не им е избор. Најмногу жал ми паѓа за такви деца. Не ми смета само обврската за носење хиџаб, ми смета и кога во христијанската вера има посебни обврски или забрани за жени. Не било христијанството и порано многу подобро отколку што е исламот сега.
Бувна темава зошто не е за мода и стил, за религија е и за феминизам. Се поделивте одма на два табори за и против. Како човек што се смета за open minded, поделби не ми се допаѓаат. Така да нема да ја играм оваа игра, нема да навлегувам во моите религиски и родови сфаќања. СДК: Марама порано не сакав, но подоцна научив дека е многу убав и корисен дел од облеката. Се воодушевувам на квалитетна марама од свила, кашмир, памук. Можности безброј за носење. И кога ја покрива косата ми личи естетски и убаво и може да истакне убавина, не само да скрие. Погледнете како историски се развивала модата и ќе ја најдете во сите времиња и религии (буквално во сите религии) и ќе видите колку е мултифункционална.
Каде сака. Како сака. Ако сака со хиџаб. Тоа и е верата, смета дека треба да носи, нека носи. нека стави хиџаб и нека го освои светот, као тка и одговара. Мора да биде во правец, движење? Ако е религиозна не е во ни едно движење? Јас сум верник, носам крст, се обелкувам простојно, постам и одам во црква. Тоа ме право помалку жена???
Мене не ми се допаѓа хиџабот. Посебно не кога ќе ги видам скроз покриени и само очите им се гледаат. Има муслиманки во денешно време тип топ средени, стегнати. Ме чуди зашто уште носат.Ај барем не се замараат секоја вечер што да облечат сабајле
Еве, не знам. Пакистански активист, борец за женска едукација и нобеловка.Истовремено жртва на муслиманската, или талибанската опресија. И ете, пак/уште е со џихаб.
Смее што сака да биде, ама колку е логична и конзистентна таа комбинација - тоа е веќе друго прашање. Треба поприлично замижување за некој да се пронаоѓа истовремено и во феминизам, и од срце да верува во догма која вели дека во пеколот има повеќе жени, дека мажот смее физички да ја казнува жената за непослушност ама демек „нежно“, итн. Или пак дека треба да си ќути наместо да поучува и да има било каков авторитет, оти ни христијанството не е ништо поарно. Најди ми некоја земја во која на жените системот експлицитно им наметнува да носат провокативна облека и да водат промискуитетен живот, во спротивно да ги гони и закон а може и некој монструм да им фрли киселина во лице без никакви последици, па ќе почнам западниот хедонизам да го сметам за приближно мизогино зло како религиозниот конзервативизам. (Spoiler alert: не постои таква.) Хиџабот не е мода, туку цела филозофија на патријархална покорност и purity culture, па и rape culture. Не е парчето облека проблем само по себе, туку наметнувањето - од семејно и воспитно до законско во најконзервативни земји. Уште од девојчиња, жените се учат дека е задолжително тоа покривање - за да удоволат на семоќен авторитет во кој веруваат, но и за да се заштитат од предатори, оти во спротивно ги „провоцираат“ мажите и „си го бараат“. Тешко дека останува многу простор за избор во вистинска смисла на зборот тука. А ниту е задача на жената да се заштитува, ниту пак функционира тоа, за жал - бидејќи и тоа како постои сексуално вознемирување и насилство и врз покриени жени. За бурката веќе да не ни зборувам, тотално одземање на идентитетот и дехуманизација на жената е тоа, што и самите жени од Авганистан го нагласуваат, штитејќи го тоа што навистина им е култура и диверзитет. Да не ме разберете погрешно, не сум ни за забрани на хиџаб што се покренуваат во европските земји, бидејќи така уште повеќе ќе им се одземат какви било шанси за еманципација и вклучување во образование/деловен живот на тие жени. Но суштината на самиот концепт не можам да речам дека го поддржувам. Не се феминистките исламофобични, како што не можат да бидат ни „христофобични“, туку авраамските религии се мизогини.
Буквално ради ова носат.Тоа е замислата на хиџабот, бурката, фереџето.Да не заведуваат мажи, а нивните мажи да манијачат се` што е откриено.Е не може
Хиџабот всушност значи претстава на идентитетот. Сите ке знаат дека е муслиманка,припадничка на Исламот .
Нехумана споредба. Дали си размислила низ што поминуваат тие болни и со што се соочуваат? Како би се чувствувала некоја девојка доколку би го прочитала ова?
Во Чаир кога бев последен пат, тоа ми падна во очи, колку млади девојки има облечени вака, јас се зачудив. Како во Арапска земја да сум залутала, а не во скопска населба. Другарка моја, живее во Чаир, па таа тврди дека ги плаќале од АЕ да носат Не знам, можеби е точно, можеби нѐ.
За тебе што не е логично, за мене е. СУбејктивно е и затоа не треба да се напаѓаат жените кои се религиозни дека не се феминистки.
Ова горе што го пишувате со плаќањето ако е вистина, мислам дека е извишно да се коментира повеќе. Штом ИВЗ вложува во својот исламистички проект веќе се гледа на каде дуваат ветерниците. Додуша одамна се знае, ова е само искра во оганот.
Ти од кога си поддржувач на исламот? Помнам пред само неполни две години беше строго против, а сега застапуваш сосем друга реторика. Смеам да знам зошто, ги прифати?
E од Турција е најубава И јас сум ставила за влез во верски објект само, искрено не би да носам постојано. Убаво погоре објаснија кои се главните причини кои повеќево ние како христијани ги сфаќаме или толкуваме така, има и др.лични причини како што пишав претходно или видов го протолкувале како друга перспектива Секогаш има ама кој да ја види, жени зафатени, оптоварени со проблеми од ралноста, подалеку од дома не мрднати да го видат и осетат светот, да ги разберат тие што носат, па што знаат тие за Хиџаб воопшто Еј замисли во тема Мода и стил ставено вакво нешто Браво, иако делумно да, делумно не и самата убаво кажа дека сега си полабава со прифаќањето на ова, бидејќи сметаш има и друга перпектива. Инаку зошто некоја прифатила некоја да носи хиџаб, не е ничија работа да знае, ама ако веќе се прашува, не и пречи затоа што прогледала подалеку од носот, видела свет, мрднала од пред пц, харала по глобусот и се прошириле видиците и знаењата преку лични исуства. И така во се секогаш има и друга перспектива ама кој да види и сфати Реков лично мене која што носи и зошто и ако не ми наметнува исто да правам воопшто не ми пречи, не ни приметувам. Се правам ништо не гледам, ништо не слушам, ништо не знам што не ме засега