Јас не сум проверила димери после пораѓај, ми рекоа не мора, ама вака читајќи ве страв ме фаќа зашто во бременост ми беа преку 4.000 Во болница ме боцкаа после пораѓај, ама за дома ми рекоа да не продолжувам. Се мислам да си проверам за секој случај
Јас знаеш имам состојба и проблеми со згрутчување и минато, се породив со 1.800дд ама времиња страв да те фати, Систина ми проверија 4ти ден по пораѓај 1.450дд времиња така-така средени, 10дена по пораѓај на Клиника проверив 2.500дд времиња драстично вратени во нормала. Клексани примав во цела бременост 2*1 едно време и 3*1 од 0.4, по пораѓајот 10дена 1*1 од 0.4 и поради крварење ми рекоа доволно е, за 2м на контрола, каде рекоа дека е доволен период за да се среди цел резултат. Јас појдов на 3м и зедов резултат со 950дд и времиња пак катастрофа, поради минатото морав да поминам и пулмолог и интернист, се е чисто, организмот поспоро реагира, треба време, но со Аспирин 100 ќе си бидеме другарчиња до не се знае кога. Контрола ми напоменаа обавезно за 2месеци! Јани Ангеловски ме води.. Јас сум ,,случај,, но сепак препорачувам да се провери по бременоста, по некое време
Да се надоврзам со @emkaemka. И јас по пораѓај си проверив ддимери и завршив со уште 7 фраксапарини. Не знам зошто баш тие и што е разлика со клексани бидејќи тие ги примав во бременост, ама докторката ми потенцираше фраксапарин.
Клексанот има дејство 8ч, по 12ч се губи неговото дејство, по 24ч комплетно е чист организмот од него. Додека Фраксипаринот е со ,,продолжено дејство,, 12-18ч и подолго се задржува во организмот. ^ова еден фармацефт ми го има кажано
Мм беше по резултати, а докторката на вибер ми потенцираше фраксапарин. Срам ми беше да ја смарам што е разлика Фала на образложението
@emkaemka фала на исцрпниот одговор. Како што ми објасни не се енормно високи оти тек ќе се средува организмот. Ама подобро да се држи под контрола. Инаку 2500се. Горе грешка имам напишано. Мајка ми уште во болница ми напомена оти 3 се многу малку. Ама ај да не се правиме лекари. Нели они знаат. @kukla21 не се делиме ние лесно изгледа.
И мене во Чаир ми пишаа за 3дена од искачање од болница да проверам дд и хемостаза но Др.Елена Петковиќ му кажала на мм дека е рано и да се видиме за 10дена а до тогаш клексан да боцкам и беа 2100 но и времињата не беа сјајни и ми даде 10 Фраксипарини и контрола...по тоа ми пиша таа на Вибер дека доста е боцкање добро е се биле 600 но ќе се симнеле да си пешачам по 30мин.секој ден и селфи да и пратам со бебчо и бев пресреќна што завршив...па и тие Фраксипаринот иглите ќутук не влагаа убаво болеа печеа аууу и едвај чекав да прекинам...а клексанчињата ме печеа но се издржуваше при боцкање немав мака
@emkaemka Јани нели отиде приватно да работи? Или и на двете места е? Иначе и јас не проверив д-димери, утре сум на контрола кај гинекологот па ќе прашам. А за тегнењето нејќам да се сеќавам. Памтам @kukla21 ми имаше напоменато дека се осеќа и дека кратко трае ама моево не траеше кратко и ми се слоши, се изгубив на кратко и ми ставија нешто во инфузијата и ми прснаа некој спреј во уста. Бебето било со замотана папочна околу врат и рака два пати а имало и проблем со крвните садови, некои точкички ми спомна докторот (поима немам на што мислеше) и изгледа затоа траеше подолго.
рано е за газот. чим и фраксипарин ќе примаш ќе почека малце он.. после тоа ќе смкнеш по кратка постапка..
@Minnie-e Јани секоја сабота има консултации во Њуборн, а на Клиника си работи најнормално За тегнењето јас само притисок почувствував во цело тело, ништо повеќе @LiliBoz @kukla21 оддамна не прима Клексани, а ни јас газот е тука богами и кај мене
Нешто значи погрешно сум сфатила. Извинете. Ќе спадне се. Чим јас ослабев сите ќе ослабете. Не сакате да знаете колкава бев. Еве просто кажано не можев да пројдам во отворот за туш кабина кога требаше да се средам пред царски во Ремедика. ..
вежбање само. немој само стомачни .. иначе ич не ми е смешно коа гледам слики за греф бев. Само пластични папучи ме збираа. среќа немам слика каква отидов на пород
Јас се сликав вечерта пред да отидам на Клиника и во вц то едно 10мин пред да ме зедат за во сала, што знам фино изгледав ама за трудница Вежбам еве низ соба шпартам со бебе, клекни, стани, наведни се за да го зедам, спуштам, плус кога го успивам со нозе ја буткам количката па затегнувам нозе и така..