Кога отидов на цтг прв прв пат кон 37ма недела ме видоа дека ми се вештачки (гелни) нокти. Ми рекоа да ги извдам најскоро што можам.
на операција се оди гладен секогаш.Е сега кога излегуваат хитни раб е друг случај ама така си ризикувате да не фати анастезијата или ред други компликации.Затоа кој шо не знае треба навреме да се информира.Ноктите посинуваат кога се појавува проблеми со кислород и доток на крв затоа е битно да се без лак .
Мајки, уште едно прашање (т.е. две ). Знам дека е индивидуално (и сигурно пишувано во темава), но сепак да си прашам. По колку време од царскиот се потсмируваат болките и по колку време се враќате во нормала?
Сепак е индивидуално. Прочитај искуства низ темата има различни. Јас се исправив веднаш некој одат искревени две недели. А болки дека имав имав сигурно десет дена. Како минуваа деновите стивнуваше и болката.
Јас ко се правев царски во шок собата имаше една втор царски и беше.. абе истиот ден стана, јас неможев да се свиткам она оп на нозе, индивидуално е, јас сум една таква со извинување прдла ко ме префрлија во одделение станав и то со тешкотии ... сега кога ке се сетам се смеам
Поради страшните (читај убиствени) главоболки од спиналната, болката од раната мислам не ни ја забележував. Скроз ок бев после 10тина дена.
Оффф... Ми дадоа ама џабе беше. По 10 дена само од себе ми помина. Се што примав за нијанса ја ублажуваше болката. Не би да се потсеќам на тоа.
Jas imav i obetki i lance i prsten tel ne stignav da go zemam na iten carski zavrsiv ama moze da si nosis
И јас на итен царски бев со лак на нокти. Ми рекоа да ги извадам прстените, ама шанса немаше. Баш и тука по темиве барав чаре уште претходно и никако не успеав да ги извадам. Дури две недели после пораѓај ми успеа да ги извадам.
Мене ме сликаа со бебето во сала... телефон не ми ни текна да земам.. но една од сестрите ме праша кај ми е телефонот, за да нѐ слика со бебето заедно кога ќе се роди.. и реков дека немам телефон со мене... па излезе до кај маж ми надвор да го земе, и нѐ сликаше... прекрасен спомен ми се сликите... Инаку за Ремедика зборувам, недоговорен царски, туку така испадна.
Јас во болки имав првите три дена ко станував. Имав чуство како камен да имам во стомакот што ме влече и не можев да се исправам. Туку сакам да прашам освен спинална и целосна анестезија друг вид на анестезија има што може да се примени при царски рез?
Ви се случило ли да прокрварите 2 месеци после царскиот? Првен мислев дека ми дошло менструација, ама беше оскудно и само два дена. Не сум сигурна дали можеби поради односот од предходната вечер или сепак било менструација. И после предходните пораѓаи не бев долго поштедена па ми идеше истата отприлика после ист период како сега. За сигурно ќе треба ваљда да чекам 28 дена, да видам дали пак ќе дојде, но доколку некој има слично искуство би ценела мислење.
Може да ти е менструација и од хормоните може да е изоатаната овулација па да е пооскудно крварењето. Се менува се после секој нов пород. И од доењето . Кај мене така стана оскудно крварење и ми е на две недели. А од односот ако е би имала болка некаква ваљда
Мајки после колку време од првиот царски пак сте останати трудни и како се закажува термин за втор царски, се чека до 38недела барем или додека не ве фатат благи контракции?
Па да, претпоставувам дека би имало болка доколку тоа би било причина...до сега било без проблем. Ваљда наеднаш не би се појавил истиот без никакви индикации. Ме збуни оскудноста. Не помислив на хормони и овулација.