@Leo-nora Не зафркавај, не е до толку. Пред пораѓај немаш проблем а после се неколку дена во прашање. Мене ми беше тешко додека бев во болница, кога тргнав накај дома веќе заборавив на царскиот. Од кај ти е тоа дека со недели, месеци... ќе се малтретираш?
so prvoto rodiv prirodno mnogu loso pominav i so posledici za sreka minlivi so vtoroto carski ama bas carski si pominav uste ne mi bea izvadeni koncite dzogirav po doma a so priroden epizotomijata me bolese cel mesec nemozev da si sednam od bolka taka da uzivaj so carski bi mozela uste 10 da gi rodam
@Leo-nora не знам кој тоа ве учи дека жените со царски се помалку мајки од другите. Разликата е во тоа што обично тие со природно ги трпат болките пред и за време на процесот,а тие со царски после тоа. Меѓутоа, болките се појаки првите ден два, после тоа секое станување е се полесно и полесно. Кога ке дојдеш дома од самата еуфорија ке се осекаш осекаш како нова. По седум дена како ниш ниш да не било. Само ке треба многу да се пазиш. Да не креваш ништо освен бебето. Меѓутоа тоа и не е толку страшно нели? Секоја леунка треба да се пази, не само тие со царски. Така да само позитивно, се ке биде во ред, ке видиш и сама.
Потполно те разбирам, ко јас да се читам, кој и да ти кажува не се секирај и сл. џабе е... секоја ноќ пред породување си плачев, а сега ми е смешно ќе помине, пред царскиот, после неколку дена во болница, бев најсмирена, додека да дојде мојот ред за во сала.. само ми дојде така, Господ дава сила во тој момент.. со лесно, чувај се бидејќи после породувањето следи авантурата
Јас имам породување и со царски, два пати и природно. Двата пати чувството е прекрасно кога ќе си го видиш најубавото нешто на свет што е твоја креација и само тоа е важно ништо повеќе. За жал еднаш си заминав дома со празни раце а тоа е тоа што боли и не се поднесува, трае засекогаш. Се друго е минливо секоја физичка болка. Затоа само среќа ќе ви посакам на сите нови родилки да сте живи и здрави и вие и вашите малечки а се друго поминува,не се плашете, им требате како храбри мамички. @bela.m јас се породив пред 6 месеци' а боцкав клексан од прв до последен ден. Сега кога ќе пресметам повеќе од 300 пати се имам боцнато. Рацете уште ми се модри ама ќе помине и тоа. Да ти кажам дека не си сама не се секирај
Ве изначитав за Царски рез бидејќи и јас ќе бидам со царски. Не ми е страв воопшто. А ми се ближи термин. Само сакам доколу има некоја да сподели искуство со општа (целосна) анестезија, а не со спинална. Мојот со целосна ќе биде. Фала храбри женички!
Јас бев со целосна. Супер поминав. Се освестив веднаш, имав болки од резот што е сосема нормално. Станав вториот ден неколку чекори со помош од сестрите, третиот веќе ми го извадија катетерот и станував сама, цел ден бев на нозе и болките се намалуваа. Првиот ден не смеев да јадам ни да пијам вода, од вториот ден само течности. Не беше воопшто страшно. Со лесно.
А да пробаш да не внесуваш млечни производи? Ама ич, ни сладолед, ни сирење, ни чоколадо ништо млечно. Јас имам интолеранција на лактоза (која по вториот пораѓај ми е бетер, малку да каснам ми е страшно) и ако внесам производ со лактоза додека не се свари, стомакот ми е огромен, црева од грчеви ми се движат дури, како со нож да ме боде некој, дури како дишам така боде.... Столицата нормална ти е? Лигаво да не си приметила? Ако без млеко имаш пак проблем, пробај без глутен... тие две работи прават највеќе таков проблем со стомакот. Дури и главоболките се поврзани со тие две работи... Ако внесуваш, а стомакот не поднесува, цело тело пати...
Девојки породена сум во неделата, станувам немам гајле ама направив беља. Уште сум во болница и денес се избањав и сега многу ме пржи раната. Ме намачкаа со бетадин и ми дадоја парацерамол ама незнам дали ќе помине само од тоа. Да не ми загнои...
Јас уште третиот ден се туширав само не многу долго за да не кисни раната и се бришев со тапкање и немав никаков проблем. Би требало со бетадинот да се среди ако не секако си сеуште на болница ќе побараш помош од лекар.
Сигурно те пржи од потење. Јас се капев нареден ден по царскиот,освен налепницата,над неа имав 2 лепенки од материјал како фластер. Кога ги прашав што ќе биди со лепенките после туширање,дека ќе бидат влажни ми рекоја дека воопшто не е проблем. Вториот ден ми ги извадија и нормално се туширав пак и немав никаква мака. Дома малку ме печеше кога ќе седев и ќе ми се испотеше раната дека сум породена во лето
Па можеби некој немал избор за да рече вака или онака би родила. Оди со мојата дијагноза нафати се природно да те видам. Без врска муабети. Колку да се тресне нешто И патем - баш царски поминав.
И јас така мислев после прв царски,сега после вториов не мислам повеќе така. Со вториот летав уште наредниот ден и се чувствував како воопшто да не родив.
Другарка ми со царски три недели после пораѓај имала однос, јас со месеци не можев да се опоравам од епизиотомијата а не па да имам односи, сто пати подобро од мене си помина. Со царски најтешки се првите неколку станувања од кревет, на трети ден си одат и седат нормално, а мене ми требаа недели да седнам на газ, едвај одев од раната. Затоа е најдобро да не се коментира дали царскиот или природниот е подобар, оти не знаеш што може да те снајде.
@cinderella5 можно е да чуствувааш пецкање/пржење/чешање при заздравување на раната не се плаши. И да зошто толку трагично го дожививате царскиот рез? Не читајте статии по фб дека вашето тело ве издало или не... едноставно да бидеме среќни дека воопшто постои за тие што неможат прородно. И гордо кажувам дека царски се породив и раната е смешна бикини линија која ќе избледи до следната бременост.
Nekoja od poiskusnite ako znae... imam gel na nokti ja race i nozi za poragaj vo Plodnost so carski dali praat problem ? Jas prasuvav predhodno maticnata ama za prirodno nemase prob. Sega ispadna carski da sum
Има врска и за природен и за царски. На ноктите се гледа дали е се во ред со трудницата што се пораѓа. Е сеа колку ќе ги гледаат, загледуваат и приметуваат ноктите тоа е друга тема веќе. Во секој случај најдобро да немаш ни гел ни лак.