Кога се оди директно на царски, дали и тогаш мора пл.вода и чеп како за природно или може и со провокација и сл???
Ако си со закажан царски, не се чека пукање на водењакот и паѓање на чеп. Нема провокација, те носат во сала на операција. Пред тоа ти прават клизма, ти ставаат катетар и пуштаат инфузија.
Мајки колку време после царскиот ве болеше раната? Ме боли на две места кај што ми ги скратија конците привремено и ми е страв да не и е нешто... Две недели поминаа
Пак јас. Бев на дежурен и ми виде оток на раната и почнува да гнои. Ми даде цефалексин со линекс и ми рече за 10 дена да идам да ја чистат раната. Некоја со слично искуство?
Немам искуство, знам дека се случуваат мали компликации со рана од царски, сепак имало прочина што те болеше. Јас само да те потсетам да ги пиеш апчињата со разлика од два саати барем. Јас така не знаејќи дека се намалува дејството на антибиотикот за џабе сум го пиела
јас не ни знаев дека имало чеп кој треба да падне. А ни контракцио ни болки имаав а нит водењак ми пукнал. Појдов си се породив и си ми го дадоа бебето,што правеле како правеле не знам
на мајка ми и загнојала раната од царскиот. Ја стискале да излезе сета нечистотија,нешто зелено и се цедело. Јас па ласерски бев шиена имав само лепенка раната целосо заздраве.
Не е тоа ласерски. Тоа е внатрешно шиење, има на јутуб со анимација како се изведува. Не верувам дека и некаде лепат рана од царски ласерски... Мене веќе ми избледе, а внатрешно шиена беше... една црта имав само и две мини кончиња само лево и десно на краевите кои уште 3,4ти ден во болница ми ги тргнаа.
Исто ми објаснија во болница, со коментар од каде ви е тоа дека е ласерски, ако не гледате конци не значи дека е ласерски
Нема нема, тоа е сепак голема рана и нема шанса само ласерски да ја залепат.... ласерски може понатака резот да се избледи ако ептен се познава. Дури и сум барала по нет, јутуб, нема такво нешто.. секаде шијат. Знам само еве дека Ремедика сечеле само со некои специјални инструменти со кои резот немало да се познава толку понатака. Мене како залепена ми изгледаше, една црта тенка рез, ама шиено си беше.
Може ти ги извадиле кога ти ја тргнале лепенката и да не си приметила. Мене 3ти ден ми ги тргнаа уште во болница кога ја извадија лепенката, па дека доста рамен ми беше стомакот одма можев убаво да ја видам раната и видов кога ги сецнаа и дома раната ми беше без ни еден конец, една тенка црта. А тие две на краевите што ги сецнаа беа минијатурни еднаш врзано.
Клизма, тоа кој го изведува? Боли? Непријатно е? Мора ли? Може ли ден пред тоа со чепче некое по дома да се испразни организмот ако е закажан? Зборам за во приватниве болници ако знае некој да ми каже. Собирам храброст за породување па се детално размотрувам, паника ме фаќа што да правам.
Ремедика чепче ти даваат,прашуваат сакаш сама да го ставиш или да ти го стават они. Две наеднаш па ќе полежеш едно 15 мин и ќе чекаш напон за голема нужда,но јас предходниот ден завршив со храна во 18 часот а во 20 со течности па си излегов дома по голема нужда немав што да прочистам сабајлето. Си седев онака на тоалет додека ме земат. Ништо страшно. За рез буквано линивче,пред да ме пуштат дома ми сецнаа две врвчиња кои не ги почуствував,а како шијат внатрешно незнам како да слушав хефтање или па така ми се слушашебитно надворешно после 2 месеци е една линија розеникава
Дали доколку имаш скратено грло на матка и фанелинг или пукнат водењак или болки би значело дека не можеш да идеш на царски рез, дека мора природно или ?
Не не, ако има индикација за царски и 10 прста отворена ќе си отидеш, а ако е по избор царски тогаш глеј да не стигнеш толку да се отвориш додека стигнеш на царски, ќе им биде жал да те оперираат за џабе
Јас мислам дека највеке се плашев од клизмата хахаа. Според мене поубаво и побрзо е клизмата. Ништо страшно едно цевче ти става испушта течност тоест вода сапун незнам што им е јас во тие болки дури се изнасмеав со сестрата осеќав како напред да истече водата хаха с тоа во стомак во цревата се осеќало хаха. Минута раб после стискаш газ и правец нс шоља или под туш
Во Ремедика ми дадоа чепче. Само што го примаш одма имаш нагон дека ти се оди во вц. Ама мораш да причекаш 10 минути па да одиш. Во тие 10 минути пукнав. А со јадење престанав претходниот ден попладнето. Скоро 24 часа беа поминати откако немав јадено, ама сепак. Процедура.
значи ставање на клизмата не боли ? А има ли време да се стигне до тоалет, по ставање на течноста ? А искуство со катетар пиши ми ?