Преферираат 38 ма недела, како најдобра за бебето, ама ете јас двапати раѓам царски во 37+2 и 37+5 . Така да не е правило. Ама ако нема индикации минимум 38+0
Кажи ми како ти се дечињата со доењето, вака ти фаќаа одма дека таа недела родени? Првото ми е во 37 родено, не успеав да ја дојам од жолтица и што беше некако малечка неможеше да фати. Сега пак ваљда порано ќе се пораѓам
Син ми 37ма го родив,жотица имаше над 30 дена . Го штипкав за газето и го кубев одма заспиваше на града немаше сила воопшто да трга. Не се откажав давав тие 30 дена плус ад но прво на града го ставав. Кога се исчисти од жолтицата само цицаше. Така со штипкање за газе. Но сега одма ке побарам сунчање ако и ова бебе има таква форма на жолтица. Тек сега и слики кога гледам страшно изгледа.
Дали е нормално послем царски даде што е резот да тече по малку крв? Има поминато само 3дена али ми се преклопува раната и ми стават газа и на неја има крв како разлигавена
Уф. Мислам не е баш нормално. Јас немав ништо. Ти веројатно уште си во болница. Што ти викаат докторите?
Па викат нормално наводно се триело местото и затоа и гази ми стават.. Ама и мене ме плаши зошто на цимерката немаше буквално ништо и мн побрзо од мене закрепна
Сигурно, и кај мене е циклус, добив после 42 дена од царскиот рез. Ке видам за некој ден дали ке ми престане крварењето, па ке видиме. И онака треба на контрола да одам.
После втората бременост имам главоболки поврзани со циклус. Обавезно мигренозни болки ме држат три дена пред, во тек или после менструација, зависи од циклусот. Од хормоните е. А за другите болки, кај резот и долниот дел на стомакот - нека те проверат дали имаш вагинален пролапс. Многу доктори ја занемаруваат таа дијагноза, а не е ретка после бременост.
Zdravo,nekoj sto se poragal na GAK skoro carski,kolku vreme bevte na intenzivna,kolku ve drzea vo bolnica ?
Kaj mene bese isto, ne e nisto strasno i normalno e,po edna nedela otkako se vrativ od bolnica pak na gazata imase malku krv, bev na lekar se bese vo red.
Ако мислиш на тоа дали и втор пораѓај мора царски, да мора, таква е праксата кај нас. Нема доктор кој ке прифати природно да те пораѓа. А за терминот одлучува докторот, ама ако нема индикации не би требало да ти закажат две недели пред термин. Сепак од она што го имам читано, многу често втор закажан царски е во 38 недела т. е. две недели пред термин. Зошто - не знам. Ако знае некој нека пише и мене ме интересира.
По логика за да избегнат да не те фатат природни болки или да не распука матка од плодот. За секој случај.
Незнам зашто само кај нас ако првото е царски по дифолт и второто го раѓаат царски. Другарка првото тука го роди царски, второто во странство го роди природно после само 16 месеци од царскиот, и тоа лесно за неколку саати без никакви последици. И баш кога ја гледале нејзината историја од претходната бременост и искоментирале као дека немала некаква посебна индикација што ја породиле царски. Имам впечаток дека само кај нас толку многу ги пораѓаат царски. Абе колку жени познавам странство што се породиле и сите природно родиле, и тоа една од нив имаше 42 години кога роди. Да беше тука само заради годините (прворотка плус) ќе ја породеа царски.