Додека траеше не , дури се изненадив дека нормално си лежам па дури и муабет со анестезиологот. Само осеќав некое влечење и стискање. Исто втора бременост сега ме фаќа страв, сакам природно ако е тоа возможно страв ми е уште да си прашам како ќе се пораѓам. Ако е природно ќе ми биде страв само од раната да не ми испука ако е пак царски си знам сто ме чека
Мајки што се имате породено царски рез во систина ви ги ставија ли бебињата на гради или на стомак?? Од некои слушам да па ми стана чудно дека мојата бебушка само пред очи ми ја покажаа не ја ни допрев па се замислив дали само мене тоа ми се случи да не е заради некој проблем
Да не ти е мисла во ремедика ама, само ми го покажаа и го бакнав. Ни на града ни на стомак не ми беше
Како се чувствувавте кога одевте на договорен царски? Мене ми е жал што ќе го вадеме порано , мислам 38+2 ќе сум ама некако не знам дали бебето е спремно, плус претходната недела ако се ме болеше, сега се осеќам многу убаво, дали дека психички се опуштив веќе нема да чекам болки па да се концентрирам на секој знак што го дава телото, и сега си мислам дека бебето би чекало и 40+
Мајки после колку време од царски бевте на одмор? Ние ќе одиме на неколку дена за Охрид па незнам дали може да се бањам.Кај ќе бидеме сместени ќе има базент па незнам дали да се бањам таму или во езеро.Инаку од царски има поминато 3месеци.
Знам на што мислиш и јас се чувствував исто, и кај мене бебчо не даваше знаци дека сака да излегува. Знаев дека ако требаше природно секако ќе терав и после термин. Дури и се мислам дека заради тоа сега е толку многу приврзан со мене.
Јас бев ептен опуштена и едвај чекав да се запознаеме, си се наспав и со позитивна мисла отидов да се пораѓам,го имав најопуштениот пораѓај, уште несошиена му се јавив на маж ми(кога се вратив во соба се чувме и ми рече дека ептен свежо сум звучела на сред операција), во 39та недела ме породи ја на закажан, морав за второ здравје знам што ме чека. Со лесно мајка биди опуштена се брзо се завршува, нема поубав момент кога ќе го стават до тебе бебето да го гушнеш и бакнеш ❤️
Помина и мојот царски, но некако не баш опуштено. Целиот процес ми правеше непријатност, почнувајќи од клизма и катетар. Првиот царски ми беше после 5 ч. на бокс со болки па се ми беше матно , мислам дека тогаш едвај чекав да ме боцнат со спиналната и сум заспала, па не сум го доживеала вака свесно како сега. Прво цела бременост не можам да лежам на грб, губам воздух веднаш. Цтг и прегледи морав малку странично. Кога легнав за операција почнав да губам воздух па уште толку испаничив. Среќа анестезиологот сфати што е , сврти цел кревет на страна, малку им отежна на овие што оперираа ама си кажа човекот тоа било некоја дијагноза што се појавува во бременост, и ми даваше подршка со кислород цело време. Инаку бев ептен концентрирана на тоа што прават, што зборат, осетив се , болка нема ама знаеш што прават, слушаш кога наидуваат на проблем, па кога те префрлуваат на кревет ти здрвена, гледам долу крвишта од гази. Не знам зошто толку се насочив на целиот процес, После тоа кога опушта анестезијата, тресење во кревет. Не се сеќавам на тоа првиот пат, ама скоро час убаво се тресев, како да ти е ладно и заби штракаат и цело тело ми се тресе. Битно се е добро сега и бебе и јас. Бебе родено 38+2 со 3700 гр. Спремно било за вадење, само јас изгледа не сум била Сега си одиме. Еден ден на интензивна, два на одделение и дома. И млеко надојде од денес. Ќе се доиме.
Jas bev posle mesec i pol na odmor, vo bazenot ne se banjav, vo ezeroto da, so konsultacija so doktor, slobodno mozes da se banjas
Да се заборава, само со позитивни мисли, јас не успеав во тоа, но веќе се е заборавено. Се породив во Чаир и премногу сум задоволна од се тука. Не станаа првиот ден после неколку часа но со нивна помош неколку пати, еве до 12 ч правам точно 3 дена од операција а веќе сум на нозе и чекам да дојдат да не земат за дома.
Тресењето е нормално, од анестезијата. Мене во систина ми ставија едно црево со топол воздух да ме загрева.
Дали може со патолошка бременост да се пораѓам во Чаир или таквите потешки случаеви автоматски одат ГАК? Ме замисливте со односот.
Пред 11 дена се породив со царски, сега сум многу подобра се движам секако не многу пошо кичмата ме убива, раната си ја бањам секако без никакви купки и шамони, е сега прашањето ми е се договраме за на одмор одприлика за една недела има ли некоја искуство за подалечен пат, до Албанија е но сепак се на се ќе се фати околу 10 сати, дали ќе можам да ја бањам во солената вода сепак и некои препорачуваат да се бања со солена вода но мене ми е да не ми се инфицира нешто, и на недирекно сонце дали да ја изложувам?