Премногу ви е рано и за толку долг пат, а и за бањање на бебе. Тоа е уште новороденче, остајте го малку да се адаптира.
Нормално е да боли на допир, за појас не знам кога смее. За повлекување на стомакот треба време, не се фокусирај на тоа 39 недели, мене ми рекоа рано е 38ма за бебињата
Најдобро е да се консултираш со гинеколог. Мислам премногу рано ти е. Ама ако ти се чувствуваш добро и спремно да одиш на толкав пат, гинеколог нека те советува како да одржуваш хигиена и што евентуално да земеш со себе.
Нема да одам со бебчето. За себе прашувам. Да и јас мислам дека е рано но се чувствувам спремна за таму секако ќе одмарам многу, а за патот ќе си правиме одмори, перничиња ќе земам се надебам ќе помине ок. Него за бањањето во море??
Тие 40 дена што ги викаме не се за џабе. Во тие 40 дена матката се врајќа,хормоните се стабилизираат. Тие 40 дена се за мајката да се опорави а не за бабини деветини навистина ти треба одмор не оди на пат. Сепак е лето,секако потиш повејќе да не ја инфицираш и раната
Тоа нека ти каже гинеколог. Сепак е мн рано по мене. Топло е, се потиме и да не се бањаш, раната ќе се поти. Обавезно советувај се со гинеколог за како да ја третираш и што да земеш со себе за не дај боже. Како планираш да не го земеш бебе со тебе?! Па баш сега е период на врзување на мајката со бебето..
Честитки @SkarletOHara, да сте живи и здрави двајцата! Страшното поминало, супер е што се осеќаш добро, тоа е и најважно. Сега уживајте Инаку тресење се јавува и после природниот процес, откако ќе излезе бебето се лачи адреналин. Зборам и за без анестезии. Адреналинот има и други дејствија врз организмот, како на пример го регулира стеснување и ширењето на крвните садови.
Да,јас природно се породив и откако ме средија почнав да се тресам цела, и уста и раце и нозе и ми беше ладно. Ме покрија со ќебе
Да, сите што се природно истото го искусиле. Но чудно јас после второто дете немав наплив на адреналин. Бар така се сеќавам.
Кога ми го закажаа царскиот, ми беше многу чидно и незнам мако да го опишам чувството, како да го вадат пред да сака само да си се роди...нешто во стилот јас му одредувам кога да се роди а не како што е природно само ажкогс ќе е спремно... Мн чудно размидлување сепак кога отидов утрото во болницата за царскиот за припрема осеќав некои менструални болки и во половината ме стсвија на цтг покажуваше контракции до 100 на 5 мин одприлика, ме прашуваа имаш ли болки а јас ништо освен стврднување на стомакот и некои минимални менструални болки за кои ди мислев лажни контакции се. Ме исклучија од цтг се врстив во соба и да се пресоблечам да се спремам за царскиот и ми пукна водењакот, изгледа сакал тој ден да излезе потоа чекавме некој саат ништо и ме направија царски , оперсцијата помина одлично ништо не осетив за многу кратко одкако почна оперсцијата ми го покажаа да го видам само и го однесоа и следно видување ни беше вечерта, тогаш првпат ме седнаа се ми се вртееше одвај седев, ама по некое време помина. Утредента наутро пред визита ме дтана првото стснување знаете сите... Нема што да се зборува. Се на се одлично поминав кога си отидов дома веќе бев како нова на 4тиот ден само заглавив со високи д димери и клексани уште се боцкам . докторката одлична заангсжирана, но за престојот во болницата , сестрите од детска соба другиот персонал таму несакам ни да се присетувам, полошо искуство во животот не сум имала ....
@SkarletOHara Така изгледа царскиот знаеш и сама, не си била психички спремна, па ти се видело страшно. Важно е живи и здрави сте, било и поминало не мисли веќе. @thegirl20.20 Што да ти каже доктор или ние реално? Си поминала потешка операција и не си оздравена уште, дај си време. Ти слободно можеш и да одиш и да се бањаш ама кој ти гарантира дека ништо нема да се случи? Можеш да си го претвориш одморот во најлошо искуство, не дај боже. И извини, мразам осуди ама бебенцето да си го оставиш дома после само 11 дена? Па на тоа бебе само мајка му треба. Јас немам храброст до Охрид да одам со бебе, а не надвор од државата без бебе. Не можам да дишам без него. Би сакала многу повеќе да ти изнапишам ама искрено ги немам прочитано правилата на форумот, се плашам дека ќе ги прекршам.
Сестра ми одеше во Чаир на прегледи, но околу 34 недела утврдија дека мора итен царски и ја препратија на ГАК, немале инкубатори во Чаир. Ако е патолошка не значи пред време но имај тоа на ум .
Јас се водев претходно патолошка ама се породив во 42ра недела во Чаир. Ако евентуално си предвреме може на ГАК да те препратат.
Мислам околу 2 недели, толку не повеќе. Таа излезе за околу 10 дена, се вратија после тоа по децата, 2 се. Сега се веќе 3 години и се супер, немаа никакви проблеми поради неделата на раѓање.