Има разлика како поточно е наместено бебето. Карлично е, ама дали со газе надоле или раце. Плус дали е крупен или ситен плод, дали жената има широка карлиџа или не. Огромна улога игра и спремноста на докторот и неговата самоувереност.
Се согласувам. Првото го родив карлично, природно. Не беше крупно бебе и беше со газето надолу. Имам широка карлица. Е за второво, бидејќи беше покрупно со тешко срце се согласив на царски. И да бирам пак, би одбрала природно, нема споредба.
Браво жено за храброста. Јас кога би имала избор не верувам дека би можела карлично бебе да раѓам природно.
Единствена разлика кај породувањето со карлично поставено бебе е што отварањето оди поспоро. Другото е ваљда исто како кај нормално поставено бебе. 25 саати имав болки, ама после породувањето, станав, се истуширав и функционирав нормално и ништо не ме болеше. Еве денес, 3 недели од царскиот, уште ме заболува одвреме.
Ете, како ке излезе бебе со нозе прво? Иако знам бебе родено така ама пред некои 60 години. Со газе многу доктори даваат шанса, ама најчесто ако е поситен плод.
Па ете, со ноџиња ќе излезе прво Моја пријателка пред некоја година се породи на ГАК со така поставено бебе-со ноџињата прво. Најбитна е стручноста и искуството на докторот. Не знам зошто толку сте уплашени од тоа. Мене царскиот ми е далеку пострашен
Има големи ризици за бебето при природни карлични пораѓања. Јас не би сакала да си го ризикувам здравјето и животот на моето бебе само зашо јас ќе поминам природно полесно после порагај. Сакам само тоа да е добро, а искуството на докторот не ми игра улога некогаш во процена греши и најискусниот затоа што и они се луѓе
Ризици има и при царски и кога е бебето нормално поставено. Не сум ни прва, ни последна што се породила карлично. Сепак е тоа природен процес, телото е спремно, макар и карлично да е поставено.
Ризикот за раѓање на кралично бебе по природен пат е огромен. И не во никој случај не е ни приближно ист како при раѓање нормално и раѓање со царски рез. Карлична поставеност прво и основно не е нормална позиција, разбираш?
Не е баш наивно таквото излегување. Штом доктор не се нафаќа да породи жена со карлично бебе со нозе напред, значи поголем е ризикот од ризикот од царски. Мислам дека само кај нас царскиот се смета за рутинска операција и често е прв избор за раѓање.
Не разбирам. Просветли ме. 4% од бебињата се карлично поставени. Нема тука ништо ненормално и неприродно. Знам најмалку 4-5 случаи на карлично родени бебиња, здрави, прави. Карлична поставеност не е индикација за царски. Тоа ќе ти го каже секој постручен и поспособен доктор. Не разбирам што толку фама, паника и страв.
Точно, карлично поставено бебе не е индикација за царски, па порано повеќето што биле карлично поставени ги пораѓале природно, а биле поголеми бебиња. Дури може докторот и да го сврти бебето главично уште додека е во матката. Трансверзално поставено бебе е секогаш индикација за царски.
Моето бебе беше карлично поставено со нозете во каналот. Чим почна да покажува контракции докторот одма рече да не чекаме да пукне водењакот и следниот ден правев царски. Докторот спомна дека ако почне да излегува со нозете имало опасност од не знам што, не го слушнав убаво. И рече може да чекаме ако сакам да пукне водењакот ама ризикот е голем и царскиот после тоа може да биде ризичен и комплициран, подобро да реагираме со време. И јас знам дека на ГАК пораѓаат природно ама сите ми рекоа дека тоа е преголем ризик.
Сакам нешто да ве прашам до мајките кои имаат искуство.. Ја не сум мажена, се уште сум млада но сакам да научам повеќе работи се што е поврзано.. Имам една другарка се породила со царски рез и бебето не беше нешто во ред но фала богу се е добро но вика една година ипол се уште нема менструација, која е причината?
Епа може и не можеш да разбереш, не знам. Вагинално породување во секоја книга е опишано со главата надолу, нормална позиција за породување е со главата надолу. Е сега ако запниш ќе го родиш и карлично природно со ризик поголем отколку ако го родиш со царски рез. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/ar... your baby is in,make future births less safe. Еве ти научен труд можи ќе ти стане појасно за ризиците.
Не знаеме, на доктор нека појде. Инаку за карлично бебе, јас знам за студија во Холандија спроведена која дошла до заклучок дека бебињата раѓани карлично биле на околу 30 посто поголем ризик за повреди одколку тие со планиран царски. Со искусен доктор и здрава бременост и јас би се одлучила природно, иако тоа најдобро го проценува доктор. Ама некогаш нема зошто да се ризикува и подобро е да се оди на царски.
Јас имам пишано мислам, пред околу 30 години мајками ме има родено карлично, природно на гак. Со газот имам излезено среќа мало бебе околу 2500 кг. И тоа второ сум мислела полесно ќе помине со мене ахаа. Знам дека ми има кажано господ го видела од болки, и многу искрварела. И мм слична година роден исто карлично иста кг, исто второ дете првото природно го родила свекрвами него царски исто на гак. Значи нема правила, најмногу зависи од докторот и од поставеноста на бебето ваљда. Spoiler И фали и дел од едната усничка ја имаат исечено, е сеа тоа дали било поради карлично што сум била или докторите незнам. Знам само знае да каже сум ја распарчила во буквална смисла.
Баш си ја распарчила, јака и душа на жената. Тоа се херои за мене. Е во ваков случај не знам како царскиот е потежок. Со две раце ќе потпишам одма на царски да одам.
Пошто и двете ми беа карлично до сам крај, првото го родив природно, без никакви последици ни за бебето ни за мене, а второво царски. Да ми каже сега некој бирај, ќе одберам природно. Болките се јаки, ама кога ќе се породиш, толку е, не боли веќе ништо. А ова царскиов, не конкретно самата операција, туку она што следува после, многу потешко ми дојде. Да не беше покрупно бебе, немаше да прифатам царски.