Точно така. Вчера се породив и ете сега знам како е и со спинална. Многу брзо сѐ се заврши и најубаво од сѐ е што веднаш си го гледаш бебето Инаку главоболки немам, единствено кичма ме наболува, се надевам и тоа ќе се среди.
Кичма наболува и од тоа што лежиш на грб и од прсте кога ќе ти земат крв ако го стискаш дента ќе те боли
Мајкааа ајде добредојде во клубот на две. Да грб ме болеше од лежење едвај чекав да се свртам на страна. Те чекам во бебе
Здраво,сакам да ве прашам дали некоја имала слично искуство како моето и што превзела во врска со истото. Се породив на 12.11 со царски и кога си дојдов дома раната ми се одлепи на едно место и почна да гној...Се јавив кај докторката што ме породи и ми рече да ставам хидроген и бивацин спреј.Еве веќе четврта недела местото сеуште гној и не се затвора ...дали треба да се обратам негде повторно или да продолжам да прскам од спрејот?
Можеш да одиш на контрола кај матичниот гинеколог ако таа не сака да те прегледа. Воопшто ли не се подобри?
Воопшто.Така си седи,одвреме на време фаќа одозгора како корупка од гнојот кога ќе се искапам паѓа и повторно истото.
Отиди кај матичниот. Може и брис од рана ама тоа треба да се процени од доктор со преглед. Има ли црвенило воспалено мирис некој, болка
Болка немам оти местото ми е како отрпнато,внатрешно не ме боли ништо,црвенило и мирис нема ,само си стои отворено и има гнојче
штом има гној веќе месец дена оди на лекар...да тече недела две додека да искочи се во ред ама после месец дена не е нормално да те боли нема зошто умртвено е уште местото
Од септември до сега кога се вртам некогаш на лева страна од под ребра до колк што е делот од стомакот како да се прелапува не ме боли ништо ама језиво ми е и само на таа страна. Дали дека сеуште не е вратен стомакот во нормала или што е работава?
И на мене така ми гноеше раната од епизиотомијата, природно бев породена. Јас се сомневам на конците, дека е некоја реакција на нив. Оди си на лекар обавезно, мош ќе ти дадат антибиотик
Обавезно оди на лекар. Мислам дека ке треба антибиотик а можеби ке ти стават и дрен. Посебно ако доиш, оди веднаш.
Здр, дали некој во текот на бременост имал хернија, кила на папок и на кој начин се породил природно или царски.
Мајки породени со царски дали некоја се има соочено со ваков проблем Значи имам отоци на нозете,правев детална крвна слика за протеини албумини...во ред е се Испитав д-димери и хемостаза,вредностите на хемостазата се во ред,димерите малку покачени и гинекологот што ме оперираше и во консултација и со приватен рекоа дека се очекуваат високи вредности но ќе се намалат.На трансфузиологија ми препишаа 10 дена по два клексана од 0.4 Клексани за лек нема никаде После пораѓај се боцкам уште цела недела но треба да продолжам,а кога ќе има клексани не се знае Некоја со слично искуство
Јас после пораѓај денот кога ме испуштија имав оток на левиот глужд. Не ми беа испитале ништо докторката што ме оперираше беше на одмор и наредила и дома да примам клексани уште 5 дена па да провери е д димери многу ми беа покачени на контролата примав уште 10 дена два пати по еден 0,4 па пак контрола прњвев и беа намалени но сеуште високи, гинекологот рече да не примам повеќе клексани и да направиме пак контрола да видиме што се случува, наместо да се намалат беа покачени д димерите, се консултирав и со др специјалисти ми рекоа да почекам одреден период и пак да проверам без терапија и ако недај боже се зголемени сеуште да се бара причината. И еве чекам сеуште. Па ќе видиме. А за клексани незнам дали и кога ќе има зошто голем дел од пациентитњ со ковид се боцкаат клексани исто поради појачени д димери.