Некако се чувствував дека можев.А и сестрата дојде една по една не креваше...и беше тешко да,ама успеав...после секое наредно ми беше полесно.Може е било прерано станувањето ,што знам,ама бидна веќе.,помина добро се.. Илиевски,вториот пат кога дојде да ме види,вика ајде порбај да станеш ,викам ааа бидна веќе,станував...
Јас вториот ден во болница се свртев на страна, многу ме болеа грбот и вратот бев укочена, па полека се свртев, на едната, па на другата страна. После две- три недели сакав на стомак да спијам, ама за да не ми се запушат каналите со млеко, избегнував. Биди смирена и со позитивна мисла.
Јас кога легнував на страна си ставав нешто под стомакот зошто онака ме болеше а уште во болница се местев лево десно на грб зошто се на грб не се долежува. Ана стомак не знам кога не паметам. Со лесно се ќе помине. Јас имам добро искуство со царскиот, лесно се опоравив како и голем дел овде. Со среќа!
Леле ме потсети сега, после операција додека ме шиеа ми го ставија на мене малку и го однесоа готово јас морав на интензивна два сати п испитувања не можев да се подмрднам ниту да осетам нешто од анестезијата, ама пукнав за бебче да го видам цело време умот ми беше кај него. Еве сега го гледам цел ден и цела ноќ.
Здраво девојки ако може да споделите искуства за доктори на клиника би било супер. Јас сум бремена со близнаци 24н. со една ниско всадена плацента и скратен цервикс 27мм и дефинитивно ќе се пораѓам со царски. Па најдобро е да бидам спремна за секој случај. Кој доктор би го предложиле за мојава ситуација? Фала ви за секоја информација
Здраво мила, со лесно и среќно! Немам искуство со ваква проблематика само ќе ти споделам мој впечаток, во претходната бременост одев почесто на преглед во ГАК, ми се паѓаа различни доктори и докторки. Како еден од подобрите го сметаат, а по односот негов се уверив дека е точно, Игор Самарџиски се вика докторот. Профеционалец и неверојатно коректен, трпелив во објаснување. За породување ми се погоди друга докторка, Елена Ѓеоргиевска Николовска, која по однос ми беше многу ладнокрвна и еднаш ме расплака ради тоа, ама породувањето помина во најдобар ред и раната ми е сошиена одлично, еве после 8 месеци едвај се познава.
После цела бременост едвај го дочекав моментот да легнам на стомак, кога легнав едвај се свртев на страна а не па одма на грб како 200 кила да имав ставено и да не можев да се поместам и сега си спијам пак на страна или на грб стомакот го заборавив
Мајќи има ли некоја мајка што се породила царски во 36,37 недела? Како завршило на крај. Дали се беше во ред со бебето?
4 ноќи бев во болница, спиев само на грб, но откако дојдов дома, после 2 дена почнав и на страна да спијам. Бев на договорен царски. Совет: што побрзо станување од кревет и туширање (уште наредниот ден). Ќе биде болно станувањето, но штом еднаш се исправиш, после е многу полесно. Ако планираш да доиш, не им дозволувај да те одмараат и да ти го носат бебето кога они сметаат дека треба. Нека биде со тебе цело време (освен навечер, кога измеѓу доење, ќе можат да го земат малку за да поспиеш). Skin to skin уште од сам почеток и ставање бебе на града. Освен painkillers, нека ти даваат и многу stool softeners зашто само така ќе успееш да одиш во тоалет без проблем после царски. И многу течности пиење измеѓу. Штитници за брадавици Медела, ланолин и силоконски облоги што се ставаат откако ќе се оладат во фрижидер се must, доколку планираш да доиш, зашто тоа може да биде многу болно искуство, иако е различно кај секого. Едит: и менструални влошки (од најголемите), 2 пакувања, “бабски” големи памучни гаќи со висина над папок и 2-3 спаваќи (не пижами), комотни и широки (со копчиња напред, доколку сакаш да доиш).
Мајка, немој да имаш грижи, тое е раѓање во термин, после 36та недела и да е царски нетреба да се секирш,бебето веќе би требало да си е сосема подготвено за живот надвор од утробата на мајката.
Ме советуваа докторите дека е најдобро 38,39 недела. Бебето тогаш е поспремно за излегување. Имам болки доле во вагината. Кога се движам или да се свртам ме боли. Изгледа бебе е наместено за излегување и притиска. Затоа прашав за да слушнам искуства и да си барам доктор за порано да ме породи. Бидејќи вака пакост може да се направи. Ви благодарам на сите за споделеното искуство.
Јас исто од 36та недела + некој ден, почнав да чувствувам таква силна болка долу во вагината, што предходно небев осетила такво нешто, исто така започна многу да ми се стврднува и стега стомахот, да се свртам в кревет неможам, морам првин да станам па да се свртам....еве сега сум 37 + 5, значи недела ипол терам вака, докторот ми закажа следната недела кога ќе сум 38ма +3 некаде, ако во меѓувреме недобијам силни болки или пак ако пукне водењакот. Инаку да така е, ако се може да се издржи после 38ма недела тогаш е најдобро, но немај грижи штом си веќе 36/37ма недела.
Некој искуство породена пред 3 -4 недели скоро на гак еден конец имам дали треба да идам да ми го извадат или сам ке падне пошо никој ништо не ми кажа а ниту па патронаѓна сестра дојде до сега