Мајки, тие што имате две породувања со царски рез, после колку време од првото породување почнавте со обиди за следна бременост и по колку време, имавте позитивен тест? Знам дека е индивидуално, но сепак добро би ми дошло да слушнам искуство. Поздрав.
Јас планирано после година и 7 месеци, сакав и порано ама 4 месеци бевме вредни за 5тиот да се фати, дури почнав да се нервирам дека пак ќе терам година како со првото, а претежно кажуваат второ одма се фаќа
Мојата втора бременост е во тек, 13 недела сум. Точно после 6 месеци останав бремена, плански, од прв обид, среќа Се осмелив зашто раната ми е многу убаво зарасната, не осеќам никаква болка кај неа, а брзо почна овој пат да ми се познава стомаче. Сè е уредно, ми рекоа дека нема потреба да мирувам. Се надевам дека ќе биде сè во ред, па при крај на август ќе можам да ти одговорам подетално
Знам како изгледа рибарски конец и знам дека тој не се апсорбира, од најлон е правен. Тие што се апсорбираат се други конци, не се рибарски ... бар така јас знам.
Колку време се чека за резултати од тој корона тест што ти го прават пред пораѓај? Не ми кажаа да си направам предходно корона тест, сега пред сам пораѓај треба да чекам резултати а никој да ти каже колку се чека....
Како е праксата на ГАК за договорен царски, мора вечерта да те примат една вечер таму да лежиш па утредента да те породат? Или пример сабајлето да те примат и породат?
Да така и јас знам... Инаку видов во други теми случајно (ретко сум на фемина), не сум ти честитала.. со лесно бременоста
Во ГАК не знам како е, ама мене сабајлето ме примија на закажано за првото,а така ќе биде и овој пат. Ваљда исто е и таму.
Зависи како си на програм. На патолошка Женичката што лежеше со мене ја земаа во 8 сабајлето а беше уште од вечерта.
Со царски бев и дефинитивно помалку ме болеше. Поминав одлично. Се движев веќе утредента, тешко беше првото станување, но после тоа многу полесно. Кога си дојдов дома од болница веќе се правев сама. Раната е една тенка линија. Доктор Јане Стојковски од Ремедика со тимот таму супер ја завршија работата.