Веројатно сака зашто има помалку ризици за компликации. Прашањето ти е апсурдно. Тоа што некој сам одлучува дека е подобро царски рез е само негово лично мислење и доживљај, но не и реална слика.
Не не дека сакам природно и во двата случаи си има предности и недостатоци.Не ми е битно само се добро да излезе,но мислам ако веќе се утврди за царски може и подобро да не си трпам природни болки зошѕо од природен пораѓај ме фаќа повеќе страв,незнам зошто.
Консултирај се со лекар. Ако ти рекле дека им е пракса после еден царски да мора и второто да е царски тогаш оди царски. Ако речат дека е доволно време поминато тогаш провај природно. Јас со првото сум царски, и да може природно ќе инсистирам царски во секој случај. Тоа јас. А ти како сакаш.
Го делам твоето мислење. Со првото и јас не се отворив доволно и бебето не сакаше да се спушти а бев со болки 3 дена и искрено повеќе ме плаши природно породување. Во последно време многу размислувам за второ дете и сакав да се надоврзам и да прашам дали и на државно можам да си закажам царски или пак ќе мора прво да пробувам природно?
Мајки, не знам дали има ваква тема-но што треба а што не треба да јадам дома кога ќе си одам од царскиов? Знам грав, кромид, зелка ќе избегавсм но некаде има мени што да си готвам на почеток?
Моите деца се разлика 5.5 години. Првото беше царски, со второто решивме прво да пробаме природно. За жал, се повтори истото како при првата бременост, не се отворав и покрај провокацијата, повеќе од два прсти не се отворив. Решија пак царски да ме породат, да не ме мачат, и да не ризикуваат руптура на матката, а со таа дијагноза ме отпуштија од болница. Искрено, потешко ми беше после вториот царски, многу искрварив, и мислам дека подобро ќе беше директно да одев на операција отколку да пробуваме природно. На ГАК беше ова, така што, зависи и од докторот пред сѐ. Вообичаено после втор или трет царски повеќето немаат проблем со станување и болки како со првото, но кај мене тоа не беше случај. Ти посакувам лесна бременост и уште полесно породување. Дај Боже да биде како што сакаш ти.
Јас после целосно отварање на првиот пораѓај завршив на царски пошо бебе не се спушти, за второ не ни помислив да пробувам природно. Ми закажаа царски за 12ти, јас на 6ти ноќта со болки, додека стигнав до градот каде што се породив 6см отворена, матката со руптура. Разлика помеѓу прв и втор царски 2.5 години. Болки имав но не како после првиот царски, мнгоу полесно поминав, брзо станав и некако како повеќе да имав сила за се, знаев што ме чека и само си викав дека ќе помине ќе закрепнам брзо, ќе си заминам дома. Кога си дојдов дома до 2 деца искрено немав време да болки да мислам
Се породив царски на 22.4 е сега имав крварење ама не многу потоа само како исцедок жолт кафеав ... Престана тоа потоа крв еден ден па пак исцедок за вчера пак крв обичен денес пак ништо .... Не е долг период уште да крварам или да звонам на гинеколог ??
Да не ти е циклус? Јас имав исцедок некогаш покрвав некогаш пожолтеникав точно до 40дена. Не сум добила циклус уште и сите ми викаат од што дојам дека е тоа. Но мој совет отиди си на доктор. Знам нашол кој да ти каже јас дури за наредната недела закажав а се породив на 08.04
Грешка мами, ако не се грижиме за себе прво, не дај боже да припаднеме, кој ќе се грижи за нив потоа... Имаше една изрека на англиски, омилена ми стана " you can't pour water from an empty cup, you have to take care of yourself first". Малку оф топик, ама морав да се вмешам. Да не бидам аут скроз, вториов царски ми *** ***... како да сум прегазена од трактор се чуствувам, па вчера уште и отечена раната ја гледам, црвена (од страната кај што ми беше конецот), па одма со Бетадине и Воплекс, денес како да има подобрување.
Здраво мајки Дали некоја го има користено Виоплекс Т спрејот за рани? И кога почнавте да го ставате? Јас се породив претходниот вторник Денес бев конците да ги извадат па неможам да најдам кога да почнам со примена
zdravo zenski, skoro nekoj sto se ima porodeno na GAK so carski dali znae posle kolku dena ve pustija doma?