Леле сите сме значи исти Ние со цимерката исто се стегавме,но кога сестрата ни кажа дека подобро да ги испуштаме и така по малку почнавме Хахаха сеуште ми е смешно она ке си испуштеше гас па ќе ми се извинуваше,па јас и цело време во круг се вртевме.Кај на сета мака болки па и од смеа уште повеќе знаеше рана да заболе
Може не е од инекцијата, ти кажав и вчера и да прокрвариш пак дека е можно (зошто и да прекине брзо не е можно), ќе си се чисти матката до кај 1м. Може е и од тоа што си се боцнала, ама и немора да е од тоа.. природно си е, матката е раширена, па како се стега собира, се дочистува..
Здраво, пред 9 дена сум породена со царски рез, раната беше во ред но денес од едниот крај ми прокрваре. Ја третирам со хидроген и бетадин. Се плашам да не продолжи со крварење. Дали некој имал вакво искуство и како се решило? Ви благодарам ❤️
Здраво , сакам да прашам на 5ти се породив со трет царски рез примав клексан 5 дена од кога не пуштија и отидов да ги преиспитам и беа многу високи 7500. А по природа сум хипохондрик и добивам напади на паника сега ми е многу страв да не имам некој тромб. Имате ли искуство со високи д димери?
Консултирај се со матичен или докторот што те пораѓал, може ќе треба да продолжиш со клексани. Не се паничи немора да значи дека има тромб, нормално е после операција да бидат покачени.
Викаш? И јас мислам дека е полесно самиот организам е поспремен што знам ... Јас дека два природни имав и трет царски не знам како е
Јас во отпусната листа имав напишано колку дена уште да примам клексани дома тоа го поднесов и ми вратија пари. Матичната ми даде потврда за промени клексани.
Во моментот само ми рекоа ајде одмори. Е сега имав висок притисок последните месеци пред пораѓај, дали ми се качил и тогаш, не знам, не ми спомнаа во сала, ниту пак прашав искрено.
@eli25 и мене што ми кажувале искуство со 2 царски побрзо застануваш на нозе. Е сега дали е до женска психа дека веќе имаш едно на кое му требаш исто ко и на бебето или едноставно е навистина полесно ќе видиме
Јас сум со втор царски од пред некој ден. Јас полесно станав. Вечерта почнав на колк лево и десно да се вртам и ги немав тие силни болки што ги имав од првиот. Мене ми беше полесно од првиот царски
Смеам ли да носам пантолони со висок струк,да не прават штета? Малку ме стегаат, ама ништо друго не ме собира, а за фустанче сум обрастена