Мене ми рекоа повеќе од 4 литра да испијам течности наредниот ден после операцијата. Додуша уште одма истиот ден (во 2 го извадија, во 8-9 негде ме симнаа од шок соба) ми дадоа да пијам вода. Следните 2 дена само по една супа ми дадеа, а послето имаше по нешто за јадење. А па дента пред операцијата си доручкував, кога им кажав ми рекоа дека нема проблем.
Имам едно прашање. Последниве неколку години мака мачам со уринарни инфекции. Од кога останав трудна 3 пати пијам различни антибиотици последната уринокултура ми е стерилна ама осеќам некоја нелагодност кога одам во вц. Веќе си ги знам симптомите, имаше денови со страшни болки и печење при мокрење и мис беа вистински кошмар. Е сега имам закажан царски за наредна недела и читам дека има шанси преку катетарот да се добие некоја инфекција, од самата помисла уште сега ми се страв од тој катетар не сум имала претходно искуство... Дали превентивно да земам да пијам нешто во меѓувреме освен чај од брусница и дманоза... Дали постои некоја финта да се откачам од него порано...? Повеќе ми е страв од катетарот наместо од оперативниот зафат
@januari19 прашај кај што ќе те пораѓаат дали превентивно да пиеш нешто појако, а за брусница и течности пиј си секако. Не би требало да имаш проблем, за кратко го вадат катетарот, мене од нареден ден веќе ме стануваа за во вц да одам. Плус стерипно е се, инфекција нема да добиеш од него.
Во Чаир имам закажано, ама нема кој да прашаш вчера бев лудница беше... Инаку во октомври месец имав ет И дека треба со полна бешика да бидам и тоа издржав 15мин.за тој временски период ми се активираше ешерија умрев две недели од болки само на чеави бев па после док.Таше ми даде антибиотик кога добив позитивна бета. Е до толку сум осетлива.. Имам преголем страв уште сега пијам вода,чаеви, благо не јадам... Земам и дманоза тогаш ми ја дозволи како безбедна..
@januari19 пиј си ти тоа што е дозволено и се надевам нема да имаш проблем, или па со матичен консултирај се за нешто плус, ама воглавно тоа е. Мислам нема ко тогаш да ти се направи сепак кратко е носењето на катетар и бешиката празна ќе ти е цело време.
Земи Брусница капсули на Џејмисон, озбилно е предобар суплемент, и витЦ. Јас сум со хронични цистити, со урниарни цело време, со леукоплакија на бешика и успеав со овие капсули еве ќе влагам во 4ти уште малку да не ја активирам еширихијата.
По 1 ама јас имам време, ти си мислам пред крај, слободно пиј по 2 и тоа навечер со вит Ц и легни си, да има време да делуваат.
Да при крај сум наредна недела ми е закажан. Ќе пијам се ова од сликава Само витам ц да го комбинирам навевечер со брусницата?
И мене не ми се јадеше. Не дека Чаир нешто па имаше, ама и тоа бедата што ја имаа не ми се јадеше. Ми праќаа и домашниве ама не можев. Кога искачав, доаѓаше една родилка и ја прашав дали има и дали би сакала да и оставам. Она сакаше, па се што имав и оставив, не ќе враќам дома.
Мене од се, најслатко ми беше кафето Благо им кажав да не носат, додуша и они знаеја дека не треба ради шеќерот, инаку носеа трилече често. Ама кога ме прашаа какво кафе сакаш, живи радости Поубаво кафе у живот немав пиено и повкусен двопек Убава беше храната во Систина иако не ми се јадеше и мене баш , ама си чепнував
И во Санте немаше јадење, сум пишувала, ме заборавија 3 дена, па уште силни ме прашуваат дали сум се испразнила, од што, од редок чај од нане не се иде у вц.
Ти па Санте е тоа, си играат болница тие. Ајде прв ден нема, разбирливо, се породив во 1 на пладне. Следниот ден им вика докторката по 2 литра сок од јаболко, они ми викаат испиј го ти овој ќе ти дадеме уште не се сеќирај, а дојде со 2 тетрапак сок, ама нормално дека не ми го даде второто. Пиј чај, подобро е, ми вика. Чај од нане, во 1л вода 2 ќесички чај, редок, слаб, што да ти кажам, иди испиј го. Ајде нема вториот ден ај викам ќе чекам трет ден, ми носи 4 бисквити сабајлето и ми вика абе ти не се испразни уште? Па викам од што, од чај ли? Како бе само чај, не ти даваат супа, бисквити, двопек? Ајде вечерта една чорба од брокула и следниот ден значи дури четвртиот добив оброк асален.
Мене во Плодност јас на бокс уште качена, женчето со списокот за храна ме прашува што сакам за ручек Викам не ми се јаде мене, а докторот вика абе дупла порција треба да изедеш како си итоштена Инаку си испив едно топло чоколадо, цело време ме нудеа кафе кафе и ајде последниот ден си нарачав. За храната немам зборови, јас ништо не можев да дојадам.