И грбот ме болеше ама болката почнуваше од главата и накај грбот продолжуваше. Одмарајте колку можете. Треба одмор и за бебе и за вас најмногу.
Можеби задниот дел од главата? И мене така во бранови од глава низ ‘рбет и кичма ме сече. Вака јако глава никогаш во живот не ме болела. Почнав да се сомневам на тумор.
Јас мислев дека сум се укочила од лошо спиење но после ми кажаа дека тие болки се од спиналната. Првин почнуваше од главата па задниот дел на главата и грбот. Многу јаки болки имав неколку дена, мислев ќе ми експлодираше главата. Во гак ми рекоа да земам кафе поради кофеионот. Кофеинот имал некои влијание на тие болки. Но јас не земав па кога се вратив дома имав уште болки. Само кога ќе лежев ми поминуваа. Мислев дека нема да прекине...Ама после 5-6от ден прекинаа. Според тоа што ми кажаа др. кај сите различно би траела болката. Кај некои може и без. Само да биде со лесно и живи и здрави да сте. АКо нешто се сомневате консултирајте се со доктор.
Каков мидер носевте и по колку време? Само околу стомакот или и со долен дел, како ѓаќи? Стомакот речиси ми се повлече, ама си велам, да поносам некое време за секој случај.
После отприлика 50 дена, само им кажав да не ме депилираат близу раната кај срамната коска. Уште ми е страв бидејќи имам болки при истегање иако поминаа 2.5 мес. Не сум носела мидер. Најмногу ми помогна пилинг на стомакот, не ја тријам раната туку сите останати места и одма имав видливи ефекти, се собира кожата, ама пак си треба време после толкав стомак
Во државна дали прават царски рез доколку сам тоа го одбереш или ептен ако има нешто што не е во ред па не може спонтано?
Царски ако одбереш само ако подмитиш доктор и ти се погоди на смена. Инаку те чекаат природно да се отвориш, провокација може да ти дадат, па ако не успеат со тие две, последна опција е царскиот. Јас се мислам дали би помогнало неког појас да земам. Да го поткренам стомакот нагоре, се осеќам како да ми се истурени цревата надоле.
Nema poglupo neshto od toa da ne mozhesh sama da izberesh carski. Vo privatnive mozhe da si izberam da se poragjam so carski, i bez medicinska indikacija, taka?
Знам. Само ќе ти кажам, имав мислење од матичен гинеколог и гинеколог од Гак за препорака за царски, првиот пораѓај ми беше со царски поради индикации, па сепак сега со пукнат водењак повеќе од два дена ме држеа и не ме правеа царски. Иако инсистирав. Не им бил таков протоколот.
Веројатно може, иако по правило не би требало да е дозволено. Лекарот што пораѓа носи одлука за начинот на породување, а не пациентката.
Takov im bil protokolot?!?! Gluposti. Dva dena te drzhele so puknat vodenjak?! Moja i samo moja odluka treba da e kako ke se poragjam (normalno iskluchok e kade pacientki ne mozhat da rodat prirodno, pa moraat carski). Inaku, dali ke odam na carski ili ke ragjam prirodno treba da e stvar na izbor na pacientkata.
Зошто тогаш сама дома не се пораѓаш? Зошто бираш лекар и болница за породување ако треба сама да одлучуваш како ќе се пораѓаш?
А ако тргнеме со желбите и ако ти текне тебе во 33 та недела сакам сега да раѓам не можам веќе мачно ми е, и ај важи да ти речат еве одма.
Ако можеш во приватна болница да бираш како да се породиш зошто да не можеш во државна болница? Јас лично не сакав да се породам природно и си побарав царски. А знаеш колку имаше како мене многуу... Знам медицината вика дека природно породување е подобро ама едноставно сметам дека секоја жена треб да има избор БЕСПЛАТНО да се одлучи како ќе се породи.
Ама не може жената сама да одлучува. Лекарот е тој што следи ситуација и одлучува како ќе тече породувањето, дали природно, дали царски. Многу компликации настануваат и во двата случаи, затоа е лекарот тука да одлучи што е најдобро. Ако нема медицинска индикација, зошто да се прави операција која не е ни малку наивна? Пример, што ако си алергична на анестезија? Ако нема анестетик на кој не си алергична, како тогаш ќе бираш царски?
Пораѓање царски пошо ви е страв од природен пораѓај е глупост. Што остануваш трудна тогаш. Доколку има индикации секако дека да, но тоа треба да е исклучиво одлука на докторот. Многу сакав природно да се породам. Пробав и не успеав па завршив царски. Ко воз да ме прегазил бев првиот ден. Помина да, се заборавив ама при здрав разум никад не би одбрала царски.
Не викам дека со природен е лесно. Сигурни има многу со тешки опоравувања, но мислам дека генерално подобро е природно. Мое мислење и најдобронамерен совет. После секој пораѓај треба време за телото да се опорави. Тие 40 дена не се само за бебрто, туку и за мајката.
Воопшто не е глупо да одбереш царски било од којаа причина.21 век сме технологијата и медицината напредуваат и се бара полесен начин за се. Нормално е. И јас сакав природно до последен момент кога се онесвестив. И потоа царски. Жената што лежеше со мене беше природно и стануваше се движеше ама неможеше на газ да си седне. Останавме во контакт после болницата и се допишувавме. Јас уште третата или четвртата ден веќе бев нова дома и шмукав и бришав и џогирав а она се жалеше цели два месеци од раната доле што ја шиеја .