2 недели. Немам чувство тука во стомакот внатрешно уште, а надворешната рана е целосно заздравена уште првите дена.
Ако жена вежбала пред бременост, да се врати „како да не било ништо„ е многу лош совет од еден доктор. Барем во делот за вежбањето...што се однесува до појасот, се носи за стабилност на трупот, бидејќи мукулите биле претходно растегнати и лабави. Стомакот од појаси, мидери и такви чуда не се повлекува. Стегањето на мускулите не му дава слобода да се движат и да се зацврстат природно со самите движења кои ги правиме, па така телото станува зависно од таква вештачка потпора и често се јавуваат болки во половина, грб, колкови итн.
Јас би ти рекла да не ставаш. Обајснив погоре и зошто. Или ако веќе го носиш, само во првите неколку недели после операција.
Тоа е, многу скоро...почекај, ако остани така после неколку месеци, посети доктор. Ако ти е мисла сепак консултирај се уште сега, може да се случува на почеток и неконтролирано да истекува урина, но не смее да остани така.
Дечки дали некоја од вас има правено тест за да се види внатрешниот рез од прв царски за да се одлучи дали породувањето ќе биди природно или со царски рез? Од првиот царски до терминот за второто породување ќе има поминато 25месеци. Сега сум 35 г.н Фала ви многуу
Мајки 2 недели по царски имам пообилно крварење со парчиња како менструација. Денес имам и појаки меструални болки а и покачена температура 38.5. Млеко тек ми бадојдува, градите ми се врели и осеќам треска. Не знам температурата од што е и дали е нормално да боли крварењето како менструација, порано болни менструации сум немала
Не ми се тврди градите ме провери лекар, само мно Не ми се тврди градите само многу топли а и немам многу млеко, само колку за оброк одмолзувам. Не ме болат, не се црвени, немам грутки. Ме виде лекар, пиев парацетамол. Утре сум и на гинеколог. Менструални болки после царски нормално е?
После првиот царски 14месеци од пораѓај, после вториот по 16 месеци ми беше прв циклус. После трет циклус оп бебе ич не и се "израдував"